Фото курсеви

Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Почитувани,
Овие денови се повеќе слушам дека се што сакам, можам да научам од ИНТЕРНЕТ. Така е !!!

Меѓутоа никогаш не сум слушнал : "дипломирав во класата на ИНТЕРНЕТ", "магистрирав во класата на ИНТЕРНЕТ".....

Исто така не сум слушнал некој да стане познат фотограф, лекар, адвокат и да каже "станав фотограф во класата на ИНТЕРНЕТ".

Да некој собере познавања употребливи и професионални, треба да направи напор, да жртвува време и пари, за да се здобие со знаења доволно вредни и употребливи - со еден збор ИСПЛАТЛИВИ до крајот на својот живот. Инвестирајќи во сопственото образование, Вие вложуваме не само во својата иднина, туку, во својата независност и сопствен интегритет.

Сето ова е сосема добра основа да се запрашаме :
- дали сакам да бидам комплетно визуелно писмен,
- дали објективно и компетентно да можам да ги оценам моите и фотографиите на моите колеги фотографи,
- дали сакам да знам што на филмот значи смена на планови по крупност,
- дали можам да изуживам во визуелните уметности,
- дали сакам да можам да направам комплетна концепција на фотографијата
ПРЕД да го кренам апаратот....

ДАЛИ САКАМ ДА БИДАМ ВИЗУЕЛНО ПИСМЕН ?

Нескромно, сметам дека доаѓањето во моето училиште Ви дава шанса да на светот, во визуелна смисла, гледате многу поинаку !!!
Знаењето руши многу бариери, а од друга страна Ви отворa и многу врати во животот.
ART PHOTO SCHOOL од 5-15 септември формира НОВИ ГРУПИ.
Школото се состои од 8 степени по еден месец, со по два часа неделно, составени од теорија и пракса.
Термините за часови ( ден и време ) се по договор на групата.
Секој степен чини 2700,оо ден.
Промотивни цени за групи.
Плаќањето се врши на фактура воспоставена од ПАТЕНТЕН ЦЕНТАР на авторско име.
Доколку сте заинтересирани можете да дојдете во студиото на ART PHOTO на консултации .

За договор контактирајте не на :

мail vaav2002 ет yahoo.com
телефон 075 59 37 59 Владимир А. Вељановски

Извор: http://www.artphoto.byethost11.com/
075 241 952 ; 070 530 222 Антова Искра
Само ке те поздравам Tonchie и ке кажам дека јас сум во оваа фото школа веќе 8 месеци и мн. добро ми оди, инаку Владимир има огромно познавање од фотографијата и кинематографијата, доволно е да кажам само дека типот има завршено директор на камера во лондон и е ликовен педагог =]
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.479
Поени од реакции
4.918
Јас бев на една работилница која ја водеше тој, организирана преку YES инкубатор, и си поминав ТоБ.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.005
Поени од реакции
7.604
Искрено, мислам дека фрлање пари е ова.
Не верувам дека помалце ќе научиш за фотографија со кликер и бесплатни интернет курсеви.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.479
Поени од реакции
4.918
Вака се учи побрзо, и полесно. Плус не е исто кога ќе залепиш слика на интернет форум и некој ќе те трола, и кога ќе ја покажеш фотографијата на курс и ќе добиеш добра критика од предавачот и од другите курсисти.

И најбитно, фото сафари со другарчињата од курс е многу ТоБ стварчица. Кога бев втор пат кај Марко Георгиев имаше неколку фото-сафарија од кои за жал јас бев на само едно.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.005
Поени од реакции
7.604
Вака се учи побрзо, и полесно. Плус не е исто кога ќе залепиш слика на интернет форум и некој ќе те трола, и кога ќе ја покажеш фотографијата на курс и ќе добиеш добра критика од предавачот и од другите курсисти.

И најбитно, фото сафари со другарчињата од курс е многу ТоБ стварчица. Кога бев втор пат кај Марко Георгиев имаше неколку фото-сафарија од кои за жал јас бев на само едно.
Фото сафари е кул, уште покул ако идеш со луѓе што ги знаеш (+ станува потсвесен натпревар).
Другото не ми се сфиѓа без разлика дали мислите дека е побрзо, полесно или што било.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Искрено, мислам дека фрлање пари е ова.
Не верувам дека помалце ќе научиш за фотографија со кликер и бесплатни интернет курсеви.
Ако е така и факултет можеш да завршиш на интернет =]
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
940
Ако е така и факултет можеш да завршиш на интернет =]
Знаењето можеш да го стекниш само ќе нема кој да ти даде диплома. И на нет туторијалите се од луѓе пишувани. Се зависи колку си амбициозен
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.479
Поени од реакции
4.918
Ако е така и факултет можеш да завршиш на интернет =]
И дома ќе правиш експерименти по предмети како нуклеарна физика и микробиологија :)

А за амбициозноста, е сеа никогаш не сум го прашал Zewlean Icarus дали некогаш посетувал формално образование или фото курсеви.

Видете вака, Фотографија не е егзактна наука туку е уметност, а во ликовната уметност има правец „наива“. Фотографијата и ликовната уметност се многу блиски, така да може да има „наива“ и во фотографијата.
За добар фото-репортер, сметам дека курсот е неопходен. Бидејќи пред се тоа е занает кој покрај обуката се пече на терен. Добар фото-репортер се станува после одреден период напорна работа.
За арт фотограф, не е. Тука да додадам дека фотографирањето МАКРО НЕ Е УМЕТНОСТ, M'KAY?!
За свадбар... па зависи колку добар сакаш да бидеш.

--- надополнето: Oct 25, 2011 11:07 AM ---

И да ископирам инфо за новата тура курсеви кај Марко Георгиев.

НОЕМВРИ: НОВИ КУРСЕВИ ПО ФОТОГРАФИЈА!
Фотографија за средношколци!
Обука за возрасни со диплома за завршен курс!
Попуст и асистенција при набавка на опрема преку Пикс Плус!
Теоретска и практична работа на терен и во студио!
Места ограничени! Уписи веднаш!
www.skopjefoto.com
ФБ фан пејџ
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.479
Поени од реакции
4.918
Дечки, давајте инфо за други даскали, вака ќе испадне дека јас го фалам Марко цело време :)

Енивејз http://www.cov-euba.mk/foto

Од мануелна до дигитална фотографија. Од блиц до студиско осветлување. Од аматерска до професионална фотографија и техники кои ќе ви овозможат да фотографирате и да креирате во секоја ситуација. Портрети, пејсажи, документарна, модна, социјална како и комерцијална фотографија. Пракса во вистинско време со вистински фотографи. Тајните на фотографијата можете да ги совладате тука, за прв пат во Македонја, курс по фотографија со Марко Георгиев и Евро Балкан.

Практичниот дел на курсот се спроведува во едно од најдобро опремените студија за фотографија на балканот, во компанијата 3XFX, каде што на заинтересираните ќе им бидат на располагање извонредна техничка база. Во библиотеката на Центарот за образование на возрасни, на курсистите на располагање ќе им бидат стручни книги од областа на фотографијата и уметноста, како и компјутери за квалитетно и навремено реализирање на проектите.

- Програмата за курсот по Фотографија можете да ја превземете овде
Наставна програма

- Услов за запишување на образовната програма фотографија и фотографски техники е учесникот да има завршено најмалку средно образование и да поседува свој дигитален фото апарат (DSLR)

- Апликацијата за пријавување на курсот можете да ја превземете овде
Апликација за пријавување

Цена на курсот: 15.000 ден. (можност на плаќање на 3 рати)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Tonchie напротив фотографијата како уметност е егзактна наука, и во уметноста има правила според кои се водат уметниците, неможе на кој како му дојде на памет да си црта ( фотографира) тоа е визуелна писменост по која се разликуваат писмените и неписмените уметници и секако фотографи :)
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 00:18 ---
Дечки, давајте инфо за други даскали, вака ќе испадне дека јас го фалам Марко цело време :)

Енивејз http://www.cov-euba.mk/foto

Од мануелна до дигитална фотографија. Од блиц до студиско осветлување. Од аматерска до професионална фотографија и техники кои ќе ви овозможат да фотографирате и да креирате во секоја ситуација. Портрети, пејсажи, документарна, модна, социјална како и комерцијална фотографија. Пракса во вистинско време со вистински фотографи. Тајните на фотографијата можете да ги совладате тука, за прв пат во Македонја, курс по фотографија со Марко Георгиев и Евро Балкан.

Практичниот дел на курсот се спроведува во едно од најдобро опремените студија за фотографија на балканот, во компанијата 3XFX, каде што на заинтересираните ќе им бидат на располагање извонредна техничка база. Во библиотеката на Центарот за образование на возрасни, на курсистите на располагање ќе им бидат стручни книги од областа на фотографијата и уметноста, како и компјутери за квалитетно и навремено реализирање на проектите.

- Програмата за курсот по Фотографија можете да ја превземете овде
Наставна програма

- Услов за запишување на образовната програма фотографија и фотографски техники е учесникот да има завршено најмалку средно образование и да поседува свој дигитален фото апарат (DSLR)

- Апликацијата за пријавување на курсот можете да ја превземете овде
Апликација за пријавување

Цена на курсот: 15.000 ден. (можност на плаќање на 3 рати)
Просветли ме каква е таа Социјална фотографија, па и таа комерцијална ??
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.479
Поени од реакции
4.918
Социјална фотографија, фотографија од општеството :) Значи не е од природа :)
Леле тропам глупости :)
Фотографија на која се овековечуваат моменти од развојните фази на општеството.

Комерцијална фотографија е за рекламни намени :)

Нешто не сум речит деновиве....
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Јас колку што сум едуциран , постојат следниве видови на фотографија Пејзаж, Архитектура, Портрет, Тејбл топ ( по познато како стил лајф, предметна фотографија....) и абстракција, останатото е некој си вид на подгрупи измислен за некое поконкретно прецизирање на ТЕМАТА на фотографијата, и многу од нив се некако неиздржани без смисла.....
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 02:58 ---
Знаењето можеш да го стекниш само ќе нема кој да ти даде диплома. И на нет туторијалите се од луѓе пишувани. Се зависи колку си амбициозен
Неспорно е тоа дека можеш да научиш, од нет. па дури и од сопствениот живот, но треба некој прво да те поведе по правиот пат, зашто на нет и јас можам да закачам книга со мои филозофии и оној кој незнае да се диви и да мисли дека тоа е така правилно, никој на нет или било каде неможе да ми каже вака треба да фотографираш, вака треба да ти изгледа фотографијата, затоа што тоа е мој личен ракопис, но затоа некој треба да ме научи кои се правилата за една фотографија да изгледа коректно и од технички и од визуелен аспект, не е исто да гледаш како некој на нет прави коректна фотографија и ти кажува како и ти да ја направиш истата, или пак некој да ти каже фотографирај го тоа и после тоа заедно ја разгледувате фотографијата и ти укажува на недостатоците а со самото тоа по одредено време и после многу направени и корегирани фотографии добиваш осет за тоа како да ја избереш композицијата за твојата фотографија и тоа да биде коректно а сепак тоа да бидеш ти а не копија од некој интернет човек.... :)
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 03:16 ---
Се извинувам ако звучам егоистично и потентно, не ми е тоа намерата, ги почитувам сите како фотографи и аматери и професионалци, само сакам да го разгорам огнот на овој форум, да видам кој што и колку знае за фотографијата, не велам дека јас знам све, далеку од тоа, јас само сум обичен човек кој својата пасија кон фотографијата решил да ја подигне на едно пвисоко ниво од обичниот смртник и се едуцирал, и сега се напињам кога луѓе кои имаат повеќе пари ке си купат поасален апарат мислат дека се професионалци а поима немаат ни како се држи апаратот,виделе нешто на нет, научиле кое копче за што служи, а па ако купат некој теле објектив тогаш се замислуваат дека се богови, го заменуваат објективот со половиот орган колку поголем толку подобар :) и мислат дека знаат све пошо некој чичко од интернет им кажува све што треба за да се биде фотограф :cuc:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.479
Поени од реакции
4.918
ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ФОТОГРАФИЈА


Место: Македонски центар за фотографија

Времетраење: 15 – 26. март 2012

Обучувач: Роберт Јанкулоски

Цена: 4800 денари (во цената се вклучени 20 работни часа)

Рок за пријавување: 14. март 2012

Контакт: Лидија Пајевиќ, 071 309 993


Краток опис на курсот
Курсот има за цел да ги воведе учесниците во основите на дигиталната фотографија преку обработка на следниве содржини: појава на дигиталната фотографија; дигитални фото камери, мемориски картички, сензор и објектив; креативна употреба на експозицијата; боја и температура на боја; формати на эапис: RAW, TIFF, JPEG. Курсот опфаќа предавања, демонстрации и практични вежби преку кои учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за изработка на дигитални фотографии. На крајот од курсот ќе се одржи презентација на најуспешните фотографии.


Кратка биографија за обучувачот
Доц. м-р. Роберт Јанкулоски (роден 1969) е основач на Македонскиот центар за фотографија. Предава фотографија на катедрата по фотографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје. Има одржано 23 самостојни изложби во Македонија, Франција, Бугарија, Австрија, Србија, Германија, Турција и Унгарија. Учествувал на многу групни изложби вклучувајќи ги Манифеста 1 – Европско биенале на современи уметности во Ротердам, 1996, Context Europe (Импулс од Балкан) во Виена 2002. Добитник е на повеќе награди за фотографија. Има работено како фотограф на долгометражни филмови и има снимено неколку документарни филмови.

FB event
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.479
Поени од реакции
4.918
Почнуваме со курс за фотографија - За тие што немаат Фејсбук еве го во целост соопштението од Едукативниот центар Ева“ -


„Пријавувањето за курсот „Основи на фотографија“ е во тек.

Курсот се состои од предавања, вежби на терен и фотосесии во студио и на локации, но вклучува и работа на конкретни проекти.

Предавачи се еден од најдобрите фотографи кај нас „Ани и Дими“. Пријавување на eva.center@yahoo.com и на 078 /23 13 23 секој ден по 13.30 часот.“
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
хмм... незнам баш за тоа колку ке научиш или повеќе ке паднеш во заблуда од овие "експрес" курсеви, ова особено за оние кои се неуки во фотографијата, а за Роберт Јанкуловски не би сакал да коментирам, не го знам лично и немам видено негови дела, но знам дека како член на жири комисија на фото "натпревар" не знаел да даде критика за фотографија ..... :s
 

Kajgana Shop

На врв Bottom