Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Не бе друже, да било за телефон добар ќе пишев во темата за телефони. Никако телефон.
Најдобриот телефон кој сум го имал бил ајфон 6ка пред 2 години и тој ми се поеба. Претходно имав некој самсунзи, и тие се поебаа...една слика не ми остана од сите тие телефони. Тоа ми е поентата на купување апарат, да зачувам слики од одмори, родендени, крштевки, свадби итн. :)
Ваљда не планираш сликите да ги чуваш во апаратот, како шо си ги чувал во телефонот? И едното и другото се чува во лап топ, на екстерен и сл.
Сеедно, ако си решен за апарат топ, гледај да е со менвање на објективи, за да можиш да си играш.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
35
Поени од реакции
24
Здраво дечки, ве молам за совет. Сакам да си купам некој поевтин фотоапарат до 400е. Уметник сликар сум и пред се ми треба фотоапарат за документација на сликите што ги сликам за во портфолио, каталог и онлајн продажба. Единствено што ми треба е голема резолуција на фотографиите па ако сакате да ми препорачате некој модел. Благодарам однапред
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797

Нешто од Никон серијата 3xxx (од Д3200 па нагоре) 24МП......побарај по пазар3, реклама5 или фотоберза на ФБ. Барај да има што помалку окинувања (испод 20,000), биди упорен и ќе најдеш.
Објектив за твојата намена строго фиксен.....Nikkor 50мм.....ти треба добра оштрина
Апаратот на трипод и сликај....можеби ќе ти треба дополнително осветлување и поларизер (CPL) филтер за да ја неутрализира рефлексијата...но тоа во зависност од техниката во која што сликаш.
И секако постпродукцијата е многу важна....
ПС Секогаш ми е чудно кога се залетувате по МНОГУ мега-пиксели.....сем ако не кропираш или печатиш билборди.....не држи вода.....али ОК
 
Последно уредено:

Да, добра оштрина и да можам да фаќам детали. Инаку досега двапати ангажирав фотографи и во двата случаи фотографирањето беше на отворено надвор па ги изнесувавме. Работам масло и тоа големи формати па имам проблем, зависно од боите и медиумот за мешање на некои места сјае на некои е мат. Но на облачно се неутрализира и не е страшно. Не печатам ништо ама често кропирам и тоа намалува доста. Нормално дека после тоа ги обработувам, заоблени агли има а и боите не се реални баш.
 
Добра оштрина ќе факаш со фиксен објектив (50ка околу 150еур), затоа тој и ти го предложив.
Телото е сосема солидно со оглед на тоа што можеш да го набавиш за 250еур во топ кондиција.
Главната игра е во светлината.....на отворен простор да...најубаво е...доколку е во затворен ќе ти треба плус студиско светло и анти-рефлексен филтер (CPL) за тие слики каде што ти фрла рефлексија.
После главно ти е да фатиш активно да го учиш фотошоп....таму е главната игра со боите.....добар монитор ти е потребен пред се за што пореална компарација да направиш на сликата со фотографираното.
Голема игра е во прашање :) само желба и сигурен сум дека ќе успееш. Штом си уметник брзо ќе добиеш осетот и во фотографијата.
Најди некој пријател што ќе може да ја провери фото опремата пред да ја купиш....сепак за половна се работи....но како што ти кажав со гаранција се наога одлична опрема, малку замарање но крајниот резултат се исплати.
За учење на фотошоп има доволно видео курсеви по youtube, за фотографија исто.....за почеток.....после напредувањето е најдобро во пракса.
 
Да, имам познаници што се професионални фотографи така да ќе ги исконтактирам при избирањето но можно е да се одлучам да вложам повеќе пари и за ново затоа што за мојата работа повеќе од потребна ми е добра опрема. Одамна сфатив дека освен уметник тука сам треба да си и арт менаџер и фотограф и графички дизајнер. Веќе користам фотошоп нo за digital painting, illustracii, stop motion и фотомонтажи, мн малце за обработка на фото али не е проблем има туторијали ко што велиш. Ти благодарам уште еднаш што ми даде насоки одприлика да знам што да барам. Поздрав
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Точно фотографијата е релативно скапо, но прекрасно хоби. Убаво ти има кажано членот пред мене.....за старт не летај по скапа опрема.
Одлична опрема се наога на старо, има и речиси нови тела со shutter count -10,000 а издржливоста на Никон кроп сензор телата е докај 150,000.
Никон ДСЛР серијата 3xxx е почетничка, но сепак јас би ти предложил нешто од 5xxx серијата.
Јас имам Д5100 и Д3200....сепак има разлика....не се летај по мега-пиксели...билборд нема да печатиш.
За објективи понатаму....прво пронајди се дали и како ти лежи, стигни до моментот кога ќе преминеш во М (мануелен) мод на фотографирање па после ќе размислуваш за понатаму.
Кит објективот 18-55 е така-така (слабо оштар) но за почетник ќе ти брка работа, понатака мој совет да се надградиш со еден фиксен објектив пр. 50мм, каде што оштрината е на завидно ниво.
Набави си трипод, далечинско и постепено навлегувај во техники.
Ако се ти оди супер и брзо напредуваш понатаму можеби ќе преминеш и на фул фрејм тела секако доколку финансиите ти дозволат....тоа е поскапата игра во фотографијата, поради цената на телата и објективите за нив.

ПС Најди некој што разбира од опрема.....разгледајте по реклама5, пазар3 или фото берза групата на ФБ и сигурен сум дека ќе најдеш одлично зачувана и неамортизирана опрема.
Јас 3200ката ја купив за смешни пари бидејки човекот што ја продаваше го зезнал бајонетот на кит објективот и мислел дека е се за во канта, јас го средив за 10$....апаратот е нов со 1600 експозиции (го чувам како второ бекап тело).
Каснам ептен со одговор, да кажам дека купив Nikon D7200, во кутија со Nikkor 18-140mm, од PixPlus. 44 000 платив за тоа, а во цената спаѓаа и СД 16гб и торбичка.

Можам да кажам дека сум ПРЕЗАДОВОЛНА, од старт почнав да учам на мануел, секако уште имам ехеее за учење, ама вадам по некоја супер фотка :)

Го учам и Лајтрум паралелно, ама дефинитивно вредеа парите за новово хоби :)

Едит: За следен објектив, предлог? Неколку prime гледам, не сум сигурна кој да го одберам :) - може и на старо, секако.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Каснам ептен со одговор, да кажам дека купив Nikon D7200, во кутија со Nikkor 18-140mm, од PixPlus. 44 000 платив за тоа, а во цената спаѓаа и СД 16гб и торбичка.

Можам да кажам дека сум ПРЕЗАДОВОЛНА, од старт почнав да учам на мануел, секако уште имам ехеее за учење, ама вадам по некоја супер фотка :)

Го учам и Лајтрум паралелно, ама дефинитивно вредеа парите за новово хоби :)

Едит: За следен објектив, предлог? Неколку prime гледам, не сум сигурна кој да го одберам :) - може и на старо, секако.
Со здравје да си го користиш, многу убави фотки да направиш! :)
Прекрасен апарат во секој поглед.
Имаш на јутуб туториали за секаков тип на фотографии.
За почеток мене во едукација многу ми помогна курсот на John Greengo го има и по торенти мислам....ќе побараш симни го вреди. После разгледај на CreativeLive има многу добри курсеви за разни типови на фотографија, Лајтрум, Фотошоп....(повеќето се наоѓаат по торенти).
За prime lens би ти препорачал за почеток Nikkor 50мм (баш овој, не поефтиниот зошто на овој имаш отвор на бленда од f/1,8-22 .... а на поефтиниот ти е до f/16 и пластикарија е ептен), оштрина многу поголема него ли со зум објективот што го имаш во китот. Сепак фиксен објектив пред се има голем отвор на бленда пр. f1,8 (ние што ги викаме брзи објективи) за ноќни фотки е супер, а оштрината е на високо ниво.
И сега добредојде во клубот, секогаш ќе искача нешто ново што ќе ти треба, како што ќе напредуваш, кошта пари точно, но верувај ќеифот вреди. За ниту еден денар што сум вложил во фото опрема не ми е криво. Најубавото хоби што го имам.
*edit
Заборавив..... @Toto.toto ме потсети....те очекуваме на фото натпреварите, одлична забава и дружба. :)
 
Последно уредено:
Член од
4 јули 2012
Мислења
507
Поени од реакции
1.770
Каснам ептен со одговор, да кажам дека купив Nikon D7200, во кутија со Nikkor 18-140mm, од PixPlus. 44 000 платив за тоа, а во цената спаѓаа и СД 16гб и торбичка.

Можам да кажам дека сум ПРЕЗАДОВОЛНА, од старт почнав да учам на мануел, секако уште имам ехеее за учење, ама вадам по некоја супер фотка :)

Го учам и Лајтрум паралелно, ама дефинитивно вредеа парите за новово хоби :)

Едит: За следен објектив, предлог? Неколку prime гледам, не сум сигурна кој да го одберам :) - може и на старо, секако.
Ајде си здравје да си го користиш , преубај фотки да правиш ☺☺ сега че не отепаш по натпревариве .
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Би сакал да поставам компарација на детали сликани со Nikon D3200 и D5300 со ист објектив Nikkor 18-55mm f/3.5-5.6 VR (кит)
Компарацијата помеѓу двете тела ја направив завчера, за да ги споредам јас самиот а постот го поставувам чисто со цел да им помогнам на идните купувачи во изборот.
Напревен е кроп на 200% на одредени идентични детали од фотографијата каде што е воочлива разликата.
Сликав со идентични подесувања f/18, 1/50, ISO-200 на 55mm (White Balance -AUTO; VR-ON) без никаква пост-обработка во Фотошоп, направив само кроп.

Детал 1
D5300
1-d5300.jpg

D3200
1-d3200.jpg

Детал 2
D5300
2-d5300.jpg

D3200
2-d3200.jpg

Детал 3
D5300
3-d5300.jpg

D3200
3-d3200.jpg

Разликата во спецификација помеѓу двете тела не е голема, но во пракса е огромна. Се надевам дека овој пост ќе биде од корист за некого. :)
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2015
Мислења
175
Поени од реакции
51
Совет за избор на mirrorless фотоапарат до 400е отприлика.
Некои модели да ми препорачате?

Фала
 
Член од
24 април 2014
Мислења
106
Поени од реакции
110
Дали ќе сакате да ми препорачате некој фотоапарат до 30-тина илјади ? :)
 
Член од
24 февруари 2018
Мислења
48
Поени од реакции
54
Дали се наоѓа никон д5200 само тело на старо до кај 350 евра солидно сочуван?

Гледам на фото берза на фб и некако ептен нереални ми се цените за апарати на старо.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Дали се наоѓа никон д5200 само тело на старо до кај 350 евра солидно сочуван?

Гледам на фото берза на фб и некако ептен нереални ми се цените за апарати на старо.
Да, се наоѓа тело + кит објектив (бара малку упорност).....гледај по огласнициве и по фб групите. Мој совет......гледај д5300.....супер е апаратот.....моментално јас го имам.....и се наоѓа баш за тие пари.....дури со не повеќе од 10.000 клика.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
507
Поени од реакции
1.770
Дали се наоѓа никон д5200 само тело на старо до кај 350 евра солидно сочуван?

Гледам на фото берза на фб и некако ептен нереални ми се цените за апарати на старо.
Јас го продадов есента за 220 евра со 25к циклуси .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom