Јас пак сум тотален лаик. Немам користено DSLR до сега така да сето ова е ново за мене. Цената ми се виде прифатлива и затоа прашав. Искрено врска немам ни достапност на леќи, ни квалитет на Sony за дигитални апарати ниту ништо. Правев муабет со еден пријател-фотограф за Sony ilce 3000 kb (за нијанса поефтин од Sony SLT-A58k) и ми вели бегај подалеку пошто реално нема да добиеш ништо подобро од high end point and shoоt. Зимам се со резерва така да секој совет од тука е добредојден.
Би ти го препорачал Canon 1100 d за иста цена, или евентуално ако сакаш 1000ка плус да додадеш Никонот D3100. Има мали разлики меѓу овие два, но горе доле тие се. Не знам за Сонито како стојат со ДСЛРки, од мое лично искуство поминав многу лошо со еден P&Shoot ама ми го шитнаа со расипан и муки мачев додека не го средија колку толку. Никонот е достапен буквално за се`, леќи, батерии, канонот такоѓе. Овие 2 модела погоре што ти ги спомнав се мејнстримот на strater ДСЛРки и се широкораспространети, па нема шанса да им фали некој посебен дел, исто као нокиа 3310 на времето
. Сеа тука некој може да ти даде совет плус за features, јас го имам канонот, месецов не шкрапнав пошо претходните 3-4 буквално маста му ја извадив па малку одмарам. Солидни слики вади (чинам имам нешто тука по форумов оставано), е сеа го немам пробано со обична 50 милиметарска статична леќа, (проучи ги барем типовите на леќи откако ќе земеш апарат), туку со стандардната-што-иде-со-него 18-55mm.
Никако не зимај Point and shoot дури и да е со суперзум, нема толкава сврха осим ако сакаш да манијачиш некој оддалеку. Огромна разлика на сензор и најбитно, не можеш подоцна да се надоградуваш со леќи, туку си целосно статичен. Шо трескам... ова последново гарант го знаеше.