Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
пиши му на
https://www.facebook.com/ley.winston?fref=ufi
продава 600Д види која цена и во каква состојба

иначе и 2та објективи се добри за почетник, кога веќе даваш 27000 дај уште 3 500 и земи го со IS ке имаш поостри слики при поспора брзина на бленда
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Другари, ќе купувам фотоапарат, сакам малце помош и совети околу изборот.
Бидејќи сум заљубен во Канон сакав да ги дадам парите на Канон 650Д.
Меѓутоа загледав дека Никон Д3300 за помалку пари има некои подобри карактеристики.
Па, моето прашање е кој од овие два да ги купувам? (прв ДСЛР) ми е.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268

Најдобри карактеристики има самиот фотограф. Ако имаш талент, идеја, смисол да препознаеш сцена... и со мобилен ќе направиш фотографија за изложба.
Ако немаш, џабе е и 10.000 евра опрема.
Технички Никонот е 2 години понов модел и има некои подобри перформанси ако ти е до тоа, али при избор на апарат исто се гледа и на објективи, стил на фотографирање, што те привлекува да сликаш....
Значи технички никонот е подобар, а за остало - сам ќе си видиш[
 
Воедно сакам фотоапаратот да ме воведе во фотографијата и сакам да се занимавам со неа малку посериозно. Значи планирам да го надоградувам во иднина со нови објективи. Она што во главно сакам да се ориентирам при фотографирањето е природа (жива и нежива) како и ноќни неба.

Значи тоа ми е најважно за сега, кој апарат би ми пружал подобра основа за надоградување во иднина земајќи го во предвид ова погоре.
 
И Никон и Канон имаат голем избор на објективи, ете земи го поновиот модел, Никон 3300
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Воедно сакам фотоапаратот да ме воведе во фотографијата и сакам да се занимавам со неа малку посериозно. Значи планирам да го надоградувам во иднина со нови објективи. Она што во главно сакам да се ориентирам при фотографирањето е природа (жива и нежива) како и ноќни неба.

Значи тоа ми е најважно за сега, кој апарат би ми пружал подобра основа за надоградување во иднина земајќи го во предвид ова погоре.
Сите ДСЛРки почнуваат малку поразличен пристап на фотографијата -работење исклучиво со цифри. Ако зимаш ДСЛР и воопшто не го гибаш Manual сетингот тоа ти е еквивалент на фрлени пари за поинт&шут. Да, можно е да праиш добри фотки но све оставаш на машината да ти предодредува. А машината често и прави грешки.
За широка лепеза на објективи имаш и кај канонот и кај никонот, тука работата е пата-пата. Но ако веќе зимаш објективи, ќе ти кажам пак важи оноа правило - џабе 4-5 да ги имаш ако не знаеш за што се користат и кој е нивниот домен.
Би те советувал да ја имаш прајм леќата од 50 mm најевтината е од сите и има доста голем опсег во фотографијата воопшто. Нема зум, но и најчесто ќе видиш можеш да “зумираш со нозете“.
Разгледај неколку јутјуб канали за да видиш од што се состои фотографијата и да се запознаеш со основите како Aperture, Shutter speed и ISO. И прво што ќе правиш е да ги вежбаш истиве со камерата што ќе ја земеш - на Manual опцијата.

Оф топик сум малце, но мислам ова е многу поважно да го знаеш пред да направиш избор на прв ДСЛР.
 
Јасно ми е, теоријата веќе почнав да ја учам. Земајќи во предвид дека студирам физика и разгледувам опции да се занимавам во оптика, ќе немам проблем да ги совладам овие работи.

Сепак го немам искуството и сакав да прочитам мислења и од вас тука. (Да бидам поконкретен сакав да ми кажите земи го Канонот, оти таа лепота ја сакам :D ). Но ако стварно е до толку подобар Никонот за помалку пари тогаш ќе морам и тоа да го проголтам..

Јасно ми е дека на почетокот јас нема да правам многу голема разлика помеѓу двата (освен можеби во резолуцијата), но сакав да знам со текот на времето и со добивањето искуство и со зголемувањето на бројот на објективи кој од овие два ќе се покаже подобра инвестиција.
 
Резолуцијата многу и не ти игра улога освен ако планираш да правиш постери. Мојот Канон Т3 ребел со 12 мегапиксели си ја врши работата за општа намена. Повеќе е битно големина на сензор, познавање на леќи и нивна намена и најбитно и најпрвично - што точно сакаш да фотографираш. Пошо ако земеш да фотографираш macro со широкоаголна леќа нема да направиш некои резултати. Шо тропам, веќе ова го знаеш.
Да сум на твое место би инвестирал за стартер апарат и со остатокот пари би купил една прајм и една зум/широкоаголна леќа(зависно што би ми биле приоритетите во тој момент). But that's just me. И најбитно - би зел нешто што е лесно заменливо за утре би можел лесно да го надоградувам.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Јасно ми е, теоријата веќе почнав да ја учам. Земајќи во предвид дека студирам физика и разгледувам опции да се занимавам во оптика, ќе немам проблем да ги совладам овие работи.

Сепак го немам искуството и сакав да прочитам мислења и од вас тука. (Да бидам поконкретен сакав да ми кажите земи го Канонот, оти таа лепота ја сакам :D ). Но ако стварно е до толку подобар Никонот за помалку пари тогаш ќе морам и тоа да го проголтам..

Јасно ми е дека на почетокот јас нема да правам многу голема разлика помеѓу двата (освен можеби во резолуцијата), но сакав да знам со текот на времето и со добивањето искуство и со зголемувањето на бројот на објективи кој од овие два ќе се покаже подобра инвестиција.
на секој објектив ќе му најдат мана
на секое тело ќе му најдат мана
да постоеше совршен апарат за 400 евра - и објектив за 200 сите само него ќе го купуваа
Јас сум алергичен веќе на “мерења“ чија фотка е поостра и почиста. Последно и не издржав и му одржав и лекција на еден кој чисто улична фотографија црно бела која беше полна со емоции, ја отфрли оти окото на едно мало чупе не било остро... то било целта, на фотка да биде остро окото.
Али имаш и луѓе кои живеат од таква фотографија - фотографија на остри очи, свадби, крштевки, родендени, матури.....
1.jpg 2.jpg 3.jpg 4.jpg
секое тело е добро и секој објектив е остар на вистинска сцена и ни едно тело ни објектив нема да ти надокнадат недостиг на сцена
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Имам голем мерак на фотографирање на природа и пејсажи и би сакал да ги доловам што е можно подобро. Меѓутоа со моите фотографски вештини најдоброто кое можам да го доловам во моментот е нешто вакво

Конкретно на оваа фотографија ми пречи острината порати големата брзина на блендата која ја користев. По мало пребарување на интернет видов дека повеќето фотографи користат ND филтр и мала брзина на блендата. Е сега и јас сум заинтересиран да земам ист таков филтер меѓутоа не сум сигурен со колкав фактор ( ако така се вика на македонски ) да биде филтерот и каков ефект би добил од двата. Во pixplus видов две интересни понуди и тоа Hoya ND8 и Hoya ND400 кои се во опсегот на мојот буџет, само разликата помеѓу двата е многу големa. Би сакал некој од поискусните да ме посоветува со кој од тие два би добил подобри ефекти. Користам Nikon D3200 со стандарден објектив 18-55mm.
 
Сликај во RAW (NEF) и ќе ги можеш да правиш шо сакаш со фотографиите.
Јас не користам ни еден додаток, зато што во фотошоп и плагинсите за фотошоп ги имам сите можни и неможни филтри, ефекти, додатоци
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
507
Поени од реакции
1.770
Ај да се пофалам, ми стаса nikon-от D5200 со kit lens 18-55mm dx af gII, и одма првото нешто шо ми излезе пред очи го чкрапнав :)
 
Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom