Фото аматер vs. фото професионалец

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.780
Поени од реакции
7.517
Немора да значи дека за да се стане добар фотограф мора да се посетуваат разни курсеви,може и самиот да научи околу фотографијата,секо фотоапарат не е ист,неможе со секој исти фотографии да се прават...

е сега да се вратам на темава
од аматер со многу фотографирање учење може да ја добиете и таа додавка во занаетот "професионален"
според мене
Професионален фотограф е оној фотограф кој има студио со доста повеќе опрема и професијата му е таа една и еднствена ,а Аматер фотограф е оној ко фотографира за своја душа за себе за пријателите,за натпревари, тоа и го прави во слободното време и не заработува од фотографија а како бизнис професија му е онаа за кој се определил да зема пари и нема допирни точки со фотографијата
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Наједноставно, според мене професионалецот живее од фотографијата односно од парите кои ги вади со тоа, а додека аматерот ја има фотографијата како хоби или пасија. Ова е само мое мислење, немора и другите да се сложат.
јас би рекол живее за фотографија и успат вади пари за живеачка, сепак треба талент за таа работа и неможе секој да ја работи туку така само за пари.
џабе мене ако ме платат и ако се наречам професионалец кога врска неам со апарат, и не те прави професионалец ако имаш nikon d3x од 7000евра а со него сликаш на свадба и зимаш по 1000евра од ден.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.780
Поени од реакции
7.517
Имам и читано на интернет има некои кои професија им е кувар,писател,професор... а и во слободно време вади пари и од фотографија дома има студио со опрема
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Професионален фотограф е оној кој има знаење, и искуство во фотографијата и може да одговори на секоја фотографска задача и сето тоа да биде беспрекорно точно, едноставно тоа му е професија, а за живот може и да варосува станови но тоа не го прави професионален молер, он само по знаимање ке биде молер :)
 
Член од
11 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
19
Про фотограф не е оној што буквално живее од фотографијата (како што кај нас се свадбарите), туку како што кажа alekseyP, тоа е човек којшто не се плаши од предизвикот и задачата која му е доделена туку е самоуверен и ја извршува како што треба. Да разјасниме некои работи: секој професионалец е професионалец во својата област пошто фотографијата е обемна. Некој што е професионален портрет фотограф не значи дека е и професионален пејзажен фотограф. Окото е тоа што одредува кој и во која област е професионалец, само треба време да се пронајде самиот. "Професионалец е оној кој по 50.000 исликани фотографии знае да процени каде се пронаоѓа и што му е блиско" - реченица искажана од познат фотограф.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Важно ми е да ги чујам вашите мислења по ова прашање .
Кого можеме да наречеме фото аматер , а кого фото професионалец ?

Ајде да расчистиме еднаш за секогаш , кој е кој ?
Нема што да се расчистува, професионален е фотограф кој живее од фотографија, иако може и да е невиден антиталент, јас имам гледано слики од професионални фотографи и мене ми беше страм од таквите слики али од 3 свадби, 2 крштевки, во месецот ќе извади 20.000 денари.
Аматер е секој оној кој фотографира од хоби, од задоволство, од личен интерес и фотографијата не му е примарен извор на заработка.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Нема што да се расчистува, професионален е фотограф кој живее од фотографија, иако може и да е невиден антиталент, јас имам гледано слики од професионални фотографи и мене ми беше страм од таквите слики али од 3 свадби, 2 крштевки, во месецот ќе извади 20.000 денари.
Аматер е секој оној кој фотографира од хоби, од задоволство, од личен интерес и фотографијата не му е примарен извор на заработка.
Образованието е тоа кое ти ја одредува професијата, незнам дали си забележал но често во документи, барања,апликации, молби.... во одделот каде што пишуваш лични информации има две полиња од кои едното гласи професија , а другото занимање :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Образованието е тоа кое ти ја одредува професијата, незнам дали си забележал но често во документи, барања,апликации, молби.... во одделот каде што пишуваш лични информации има две полиња од кои едното гласи професија , а другото занимање :)
Тоа е зато што можеш да си дипломиран педагог а да работиш како таксист или во обезбедување. Но штом вадиш пари од нешто то ти е професија, јас сум шофер си возам кола приватно но професинален шофер живее од возење. Исто е и со фотографија, можеш да имаш 20.000 евра апарати и блицеви но да сликаш само за своја душа и по некоја награда на конкурси и изложби - но да не си професионален фотограф, но можеш и со апарат од 700 евра да вадиш од свадби и крштевки плата и тоа да тие професија.
 
од тоа што вадиш пари , тоа ти е занимање, и тоа не те прави професиналец без соодветно професионално знаење - обука , за која добиваш диплома - сертификат со која можеш да ја докажеш својата професионалност, конкретно фотографијата е визуелна уметност, која како и сите други уметности е егзактна наука која има свои правила - канони, како од технички така и од композициски - визуелен аспект, и неможе Трајче сликарот што слика на свадби да ми се прави професионалец кога нема поима од планови по крупност. он само слика по свадби за да заработи корка леб без да работи некоја тешка физичка работа или слично...
 
Оти да не мож Трајче да е професионалец?
Ти споредуваш македонски ситуации со некои светски поими. Овде се уште сликаат свадби со 400 евра апарати, зошто да не е Трајче професионален? оти тебе не те бендисуваат неговите фотографии?? Тој важно продава свој занает и заработува пари. Овде на балкан тешко ќе продаиш некоја фотографија уметничка какви што добиваат награди по изложби, но Трајче ќе даи 100 фотки на свадба по 150 денари една башка слики од зет невеста, башка ако има и видео камера и снима.....
лично мои 11 фотографии беа до сега излагани на меѓународни изложби и во странство, една од нив ојде и на насловна стѕрана на каталог и покана на меѓународна изложба и плус додатни излагани на домашни изложби и од тоа немам никаква материјална корист. Но за една крштевка ќе земам и 2000 денари. Професионализам грешно се поистоветува со знаење и познавање на нештото. Професионален фотограф слика по порачка она што некој е спремен да го плати. Аматер слика за своја душа. Лично јас имам фотографии кои мислам дека се убави и вредни но до сега не ми ги примија или оценија на некоја изложба. Тоа е мој личен став и мое сфаќање на убава фотографија, од друга страна за 50 евра ќе слика онака и онаа што некој друг сака. Тоа е професионализам. Затоа и ти споменав компарација со шофери, ти како шофер ќе си ја возиш колата кај што сакаш ти но ако работиш професионално како шофер - ќе возиш онаму и онака како што сака тој што ти плаќа за возењето
 
Е па конкретно за Макдеонија тоа и е проблемот со Трајче, што секој што ке земе апарат во рака, ке поднауци како да ги мести параметрите на фотоапаратот и мисли дека е професионалец, и дека како врв во кариерата ке у биде фотографирањето свадби, а нема ни трошка визуелно знаенје и познавање, класичен пример се обидите за кадрирање америке и среден план, или ги сечат лугјето под колена и изгледаат како сакати, бидејки неприродно и грубо делува таквото сечење на елементите бидејки очите сами бараат да го видат и останатиот дел од нозете. или пак во другите случаеви кога ги сечат извини на израз до муда... овие ги посочив само како најчест пример за тоа колку ти е се професионални, а бидејки свадбената фотографија воглавно е документарна фотографија, а за документараната фотографија си знаеме која намена ја има :)
Поздрав и секое добро, баш ми е мило што има луѓе на форумов кои се залагаат за фотографијата, но искрено мора и самиот да приизнаеш дека конкретно во Макдеонија фотографијата е падната на едно толку ниско ниво од кое се плашам дека некој некогаш ке успее да ја подигне.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
"A professional is a person who is paid to undertake a specialized set of tasks and to complete them for a fee."
“Професионалец е човек кој е платен да превзема специјализиран сет задачи и да ги комплетира за одредена сума.“
Крај на муабетот Let3 е у право.
 
Од кај го изгугла тоа :icon_lol: ако веќе се докажуваме кој ке најде покомпетентен натпис на нетов еве што ми дава чичко гугл и тетка википедиа за поимот професија "A profession is a vocation founded upon specialized high educational training, the purpose of which is to supply objective counsel and service to others, for a direct and definite compensation "..... :icon_lol:
 
А за еден човек да зема професионални часови треба веќе да има еден професионалец, тој профи станал од претходен профи се така до првиот професионалец. Он како научил?

Алудирам дека луѓе може да се профи и со денешно “самоучење“ преку истражување и гуглање.

п.с. ОД википедија ми е мојот цитат горе ;)
 
Првиот не научил, првиот истажувал,но имал знаења од друга област со чија помош ја зачнал новата, и после тоа неговите следбеници ја развиваат таа област, но за да развиеш нешто треба да знаеш како почнало, која е целта, кои се придобивките од тоа,... и врз основа на тие истражувања се правеле научни записи со чија помош се продолжувало напред,затоа што во спротивно сите би почнувале од почеток ..............а врз основа на твоето алудирање, можеме да заклучиме дека секој кој има СЛР фотоапарат, има прогуглано неколку статии за фотографијата, е врвен професионален фотограф, кој без проблем може да одговори на секоја фотографска задача ( во случај да незнае, тука е гугл, и ке се потсети., но што ако е во некоја шума, планина, пустина, на сред океан каде што нема пристап до интернет ??), е тоа вистински професионалец :) а незнае како професионалец да пресмета хиперфокално растојание ( растојание во длабочина на полето во кое се е јасно-чисто-бистро-изоштрено) толку е професионален што нема поима дека секое стакло на објективите имаат различни технички карактеристики, а да не спомнувам за тоа дека секое стакло има различна острина изразена во лини на милиметар и уште милијарда други работи кои секој професионалец би требало да ги знае, а чисто се сомневам дека со чичко гугл ке успееш да напавиш збирка од сите тие информации , а нивната веродостојност е друга работа, еве еден мал пример разгуглај се на повеќе места и пронајди картици за "white balans" со вредности изразени во келвини и после тоа разгледај ги и ке видиш дека не секаде се истите вредности во келвини за иста ситуација, и ете ти со разлицни вредности за иста работа незнаеш која е точна која е вистинска, а незнаеш ни зашто тие вредности не се исти ........
 
Kajgana Shop

На врв Bottom