Фото Европа

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.570
Поени од реакции
5.975
Не знам колку е соодветна темава, но затоа тука се модераторите да ме корегираат.
Темава не е за да споделите ваши фотографии од Европа. Туку напротив за да споделите убави фотографии од места во Европа направени од друг - посткард материјал.
Концептот не е нов, на бројни други форуми има вакви фото-теми каде можат да се видат интересни фотографии од разни места.
Најчесто користена страна за споделување на такви фотографии е flickr.com каде со обично пребарување имате пристап до милиони фотографии, најголемиот дел се со дозвола за споделување.
Значи поентата е да се создаде тема со убави фотографии од убави места во Европа.
Дозволена е само една слика по место. Можете да ставите и кратко инфо за местото, од 1 до 2 реченици. Треба да има линк од авторот, т.е. кредитс под сликата.

Назаре | ПОРТУГАЛИЈА
Назаре е општина сместена во регионот Оест во областа Леирија во Португалија.
Тоа е едно од најпопуларните одморалишта на Сребрениот брег (Коста де Прата).





Mister No, CC BY 3.0 <https://creativecommons.org/licenses/by/3.0>, via Wikimedia Commons
Автоматски споено мислење:

Нојшванштајн | ГЕРМАНИЈА
Нојшванштајн - во превод „нова лебедова карпа“ е замок изграден во XIX век
на стрмен рид близу Хоеншвангау и Фисен во југозападна Баварија во Германија.
Негов нарачател бил кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како своевидно засолниште.




Автоматски споено мислење:

Охрид | МАКЕДОНИЈА
Свети Јован Богослов Канео е најпозната црква во Охрид, Македонија.
Според иконографските одлики се поврзува со традициите од уметноста на
Комнините - династија од Константинопол.





Church of St. John at Kaneo, Ohrid by Sven Landmeter, on Flickr
Автоматски споено мислење:

Камбанаријата во Бриж | БЕЛГИЈА
Камбанаријата е изградена во 1240 година, кога Бриж бил важен центар на фламанската индустрија за ткаенини.
Служела како набљудувачки пункт за забележување пожари и друга опасност,
по тесните и стрмни 366 скалила, истата е достапна на јавноста за влез.




Belgium-5931 - Belfry by Dennis Jarvis, on Flickr
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.570
Поени од реакции
5.975
Варшава | ПОЛСКА
Варшава - главен град на Полска.
Сместен е на реката Висла, околу 350 км од Балтичкото Море и Карпатските Планини.
Проценет број на население во 2018 г. изнесува 1.764.615 жители.




@mlody89 - skyscrapercity
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Темава не е за да споделите ваши фотографии од Европа. Туку напротив за да споделите убави фотографии од места во Европа направени од друг - посткард материјал.


Демек ние немаме убави фотографии? Зошто да споделам слики од друг фотограф?
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.570
Поени од реакции
5.975
Причината зошто нагласив дека слободно е да се споделуваат слики од платформи ко фликр на пример е тоа што во речиси сите други теми, а тоа е 90% од подфорумов гласи правилото - само ваши слики.

Темава не е ништо ново или граундбрејкинг, има 100ци од овај тип на редит.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom