Фотографија (општи дискусии)

Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
11
Обожавам фотографија,мое омилено хоби!
Слободното време,а посебно прошетките и некои интересни моменти ги обележувам со фотографирање.
Прашањето е следно:Јас едноставно не можам да се одвојам од филмот,но употребувам и дигиталец.Вадам фотографии и на двата начина кои ми причинуваат задоволство!Дали Вие откако се појавија дигиталците потполно го откачивте стариот метод на фотографирање!?
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Да да, дефинитвно филмот го откачив скроз.... многу повеќе слики сум сликнал со дигиталецот отколку порано со тој на филм што ми беше....:icon_lol:
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
11
Слабо нема нешто одзив на љубители на фотографијата,а има толку многу дасе напише на оваа тема.
 

dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
Imam i jas eden digitalen malku e utepan ama slika, od tie mustek e ne e koj znae sto. Samo za slikanje od hobi najubavo e digitalec, ako slikam so tie na film kaj ce mi bide krajot, site pari ce treba da gi dadam na sliki, a vaka na kompjuterot i mirna glava
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.518
Поени од реакции
5.008
Дигиталецот е подобар за хоби апарат, иако аналогните фот-апарати имаат други предности. Јас сеуште немам фото-апарат, понекогаш кога сакам да сликам и го зимам апаратот на сестра ми, аналоген Никон од последните аналогни на Никон, и сликам 1 филм, па се гребам кај татко ми за да го развие.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.080
Поени од реакции
140
многу ми е криво што немам дигиталец, голема желба ми е да бидам фотограф, сум приметил дека имам осет за фотографирање
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.640
Поени од реакции
18
Ајде де, што ве интересира од фотографија? Аналогното си е аналогно, нема што да се збори, ама јас како копиљ не ми се фрлаат пари за филмови и развивање, башка имам строга забрана до апаратите на татко ми а немам аналоген. Си имам дигиталец, кој ги има истите функции како и аналогниот. Можам да мењам асажа, експозиција, бленда и се останато. За мануелниот фокус се снаоѓам со макрото, можеш да го излажеш за тоа.

Иначе имам осет за фотографија, имам голем осет и многу добри слики.
Сега моментално имам осет дека кабелот од кард ридерот ми е кај ТаргеТ и дека немоѓам да си ги префрлам сликите што ги сликав од сабајле по дождов....
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
11
Е сега јас да ви кажам нешто и на оние кои го сретнале тој апарат и на професионалците ако овдека ги има можно е да ви биде чудно.Имено сеуште употребувам „Смена 8” еден од постарите модели кој вади фантастични слики и богами некако сум многу приврзана за него ...
Еден пример: Летово го земав него,потоа земав и еден „идиот” и нормално затоа што технологијата одела напред земав и дигиталец.Не знаев со кој побрзо да сликам ,а и што!И нешто морам да ви признаам навистина се дигиталциве на свој начин кул,но не ме изневери ниту Смената ниту идиотот!До кога вака не знам ...ама се сомневам дека Смената ќе ја оставам дома сигурно и следното летување ќе прошета со мене иначе ”Далеку од очи,далеку од срце”,а искрено приврзана сум посебно затоа што ми е поклон од моите родители (еден од помилите поклони) затоашто знаеа дека многу сакам да фотографирам.
 

Lolita

Butterfly Kiss
Член од
16 јануари 2006
Мислења
230
Поени од реакции
10
Mnogu sakam fotografija. Del mi e od rabotata, a i kako hobi. Pred da go kupam digitalnoto aparatce koristev film, sega poretko. Digitalnata fotografija e brza, no kvalitet na filmot e podobar, sega za sega.
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
11
Tonchie напиша:
Дигиталецот е подобар за хоби апарат, иако аналогните фот-апарати имаат други предности. Јас сеуште немам фото-апарат, понекогаш кога сакам да сликам и го зимам апаратот на сестра ми, аналоген Никон од последните аналогни на Никон, и сликам 1 филм, па се гребам кај татко ми за да го развие.
И тоа е убавината ,некогаш и јас кога немав апарат од пуста желба за фотографирање позајмував,а за развивање што да ти раскажувам на времето башка беше и поскапо со тек на време падна цената.Сега е веќе поинаку!

Гижо напиша:
многу ми е криво што немам дигиталец, голема желба ми е да бидам фотограф, сум приметил дека имам осет за фотографирање

Зошто баш дигиталец ,зарем аналогниот не ти го прави ќеифот!?Аналогните сеуште не им се даваат на дигиталците!

Eko1 напиша:
Да да, дефинитвно филмот го откачив скроз.... многу повеќе слики сум сликнал со дигиталецот отколку порано со тој на филм што ми беше....:icon_lol:
За ова си во право и кај мене поцнаа да преовладуваат слики од дигитален апарат...
 
Член од
14 декември 2005
Мислења
130
Поени од реакции
2
Koga go dobiv digitalniot aparat ne se delev od nego. No, imav mala karticka od 16MB i primoran bev da fotografiram so rezolucija od 640x480. Sega koga ke gi vidam tie fotografii mi se smesni zosto se dosta malecki. Ama togas bea hit koga go imav pred 4-5 godini.Retki bea tie sto imaa digitalci. Vo gradov nemase digitalno foto studio, se pravea planovi togas, nekoj ako odi vo Skopje vo Meteor foto-studioto za koe sto prv pat slushnavme na reklama pa da izvadime nekolku sliki tamu. Koga prashuvavme tuka za digitalni sliki ni se cudea i demek skapa bila opremata i velea deka toa nema sansi da se sluci vo narednite 10 godini:)) Smeski!! Pa, eve sega na sekoj cekor sekade ima digitalni foto studia. Inaku kako od hobi go rabotam toa. Ne sekogas, koga ke mi e keif, pa super mi se digitalcite zosto mozam malku barem da ja obrabotam fotografijata vo PhotoShop (pod uslov ako mi treba za nesto), a sekako go cuvam i originalot, takva obrabotena e samo za nekoja namena ako mi treba. Zosto sepak, originalot dobien so upotreba na performansite na aparatot e sosem poinakov i porealen otkolku so mokta na PhotoShop. Izgoren sum za nekoj podobar i profesionalen digitalen aparat od markata na Canon ili najnoviot na Sony sto go imaat, ama za toa ke pocekam:))nekogas, mozebi....
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
11
ФотоШоп и јас го употребувам за некоја обработка или едноставно си експериментирам со некои фотки,а ми причинува задоволство да (доколку е можно)од оригиналот да направам измена која ќе биде на подобро!
Иначе точно толку брзо оди технологијата напред што некои работи кои беа порано табу сега се многу подостапни како пример дигиталците и вадење од нив слика дури и можност за секој дома тоа да го направи со одличните принтери кои го овозможуваат тоа!
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
997
Поени од реакции
15
Фотографирањто со филм ми малку поинтересно, односно повеќе уметност ми има таму, зашто треба да местиш се сам-даличина светлина движење, фокус...а кај дигиталецов (иако и јас само него сега го употребувам) само ти стави го на Ауто моде и немаш гајле.
 

Lolita

Butterfly Kiss
Член од
16 јануари 2006
Мислења
230
Поени од реакции
10
Филм е поинтересно и тоа црно бел филм, па сам да си го развиваш... Јас сум љубител на црно бела фотографија. Ама со дигиталецот чудни ми се црно белите слики, имаат се некоја нијанса...
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
5.655
Поени од реакции
10.881
дома имам полароид од шеесетите од тие што се отвараат ко хармоника и прават бум со блицот коа ќе сликнат, арно ама не можам батерија да му најдам користи некаква чудна ;)))) имам и дигиталец ама најмногу шмек имаат фотки на филм.
освен овие имам и эа под вода апарат, апарат што прави по 4 фотки и ги става на една, имам фиш ај и имам обичен (понов) полароид и полароид што ги прави сликите сликички па да можеш да си ги эалепиш негде ;))))
сакам фотографија ;))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom