Форскверџии, ќе го отклучуваме Swarm беџот?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
На иницијатива на колегите од 365.com.mk, македонската Foursquare заедница ќе организира собир со цел да се „лапне" Swarm значката, за која е потребно да се соберат повеќе од 50 луѓе на едно место. Договорено е да се собереме во Рамстор, во сабота на 26.02. од 13 до 16 часот.

За оние што не знаат, Foursquare e гео-локациски сервис кој нуди преглед на места/локали обележани од други корисници, со помош на GPS и Google Maps. Дополнително, корисниците може да се чекираат, да станат „градоначалници“ на локали, да отклучуваат значки и сл.

За да учествувате на настанот пријавете се на овој формулар. Дополнително, Twitter дискусијата можете да ја следите на хаштагот #4sqmkswarm.

Па, кој доаѓа? :)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Јас доаѓам. Него, што се случува кога ќе го отклучиме? :)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Колку се плаќа од саат ?
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Што да се плаќа од саат? :) Никој не плаќа за ништо.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.109
Поени од реакции
818
Може само да се чекираме, без физички да сме присутни таму?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Јас доаѓам. Него, што се случува кога ќе го отклучиме? :)
Ќе имаме пчеличка беџ на форсквер :) Ништо.

Може само да се чекираме, без физички да сме присутни таму?
Може кај сакаш да се чекираш, но не е фер тоа. Сервисот е направен за другите да знаат каде се наоѓаш или кога има (најчесто) Twitter собири да се чекирате и другите да знаат каде да дојдат. Плус ќе им покаже и на другите што се таму дека некој се чекирал... :) Не играјте педерски, шо би се рекло :).

Ако сум во Скопје може да наминам накај Рамстор и да се чекирам.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Ќе имаме пчеличка беџ на форсквер :) Ништо.
Јас мислев им текнало на Рамстор да направат некој SPECIAL offer за сите со Swarm беџот, ама ништо... :)
Како и да е, присуствувам. Ќе биде интересно :)
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Дечки објаснете убаво за тие што немаат појма што е форскуер.

Ја ко што сконтав ти треба и смарт моб за да можеш да се чекираш... или се лажам !?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Јас мислев им текнало на Рамстор да направат некој SPECIAL offer за сите со Swarm беџот, ама ништо... :)
Како и да е, присуствувам. Ќе биде интересно :)
Од нашите бизниси само Caramelo го корист 4sq и им даваат попусти на градоначалниците. Може и кај мене дома да се собериме 50 души и да го отклучиме Swarm беџот :)

Дечки објаснете убаво за тие што немаат појма што е форскуер.

Ја ко што сконтав ти треба и смарт моб за да можеш да се чекираш... или се лажам !?
Гео локациски сервис. Читни тука http://foursquare.com/about
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Дечки објаснете убаво за тие што немаат појма што е форскуер.

Ја ко што сконтав ти треба и смарт моб за да можеш да се чекираш... или се лажам !?
Да, ти треба и телефон на кој е инсталирана Форсквер апликација за да се чекираш. Инаку, можеш да го користиш и на веб.

Форсквер е друштвена мрежа и гео-локациски сервис кој нуди преглед на места/локали обележани од други корисници, со помош на GPS и Google Maps. Значи, корисниците може да се пријавуваат на местата на кои се наоѓаат, да станат „градоначалници“ на локали, да отклучуваат значки и сл. Интересното е што можете да видите каде се наоѓаат вашите пријатели, тие да видат каде сте вие, да пишувате коментари за местата кои сте ги посетиле, да им препорачате препорачате место ...
 
Фала на инфото (исто и за Грејвдигер) ама ова веќе е направено во Македонија... се вика оговарање. ;) (џоук)

пс. сори што не можам да се пријавам... ноу смарт фоун... :/
 
T

Tetro

Гостин
Нејасни сте.

Ќе појасни некој каква организација е оваа и кои се придобивките и што треба да поседуваш за да се зачлениш?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ни јас не го сфаќам баш концептот на ова али ај, интересно.
Као “види ме искочив од дома“ а пак булиш у смартфонот.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.109
Поени од реакции
818
Нејасни сте.

Ќе појасни некој каква организација е оваа и кои се придобивките и што треба да поседуваш за да се зачлениш?
Ајде јас да ти одговорам (во границите на мојата упатеност).
FourSquare ти е апликација за мобилни телефони во која што имаш мапа на градот (за Скопје знам, за други градови не), и кога одиш на некое место (на кафе, во кино, во школо, кај било), можеш да означиш дека си бил таму. Креираш свој профил и додаваш пријатели и тие можат да гледаат на кои места си бил. Што повеќе места посетуваш, добиваш некакви беџови. Апликацијата нема некоја корисна цел, освен можеби тоа што некои кафичи, ресторани и сл. ти даваат попуст ако им покажеш дека си бил ХХ пати таму.

Нормално глупавото е тоа што можеш да се означиш дека си бил на некое место иако секако не си бил :)
А и не мора да имаш мобилен телефон, тоа може да го направиш и од компјутер :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom