Гледам за Саинц сте збореле.
Мислам дека лани пишував за неговиот дуел со Леклерк ама ако не сум еве збор-два.
Да, Саинц го победи Леклерк на поени минатата сезона, но тоа не ја доловува вистинската слика.
На квалификации Карлос изненадно му парираше на Чарлс и ако не се лажам беа втор најизедначен пар после Окон и Алонсо. Меѓутоа на трките Саинц многу ретко можеше да го следи Леклерк и разликата си беше константно +0.200 по круг. Во зависност од стазата некаде помалце некаде повеќе ама тој си беше просекот.
Меѓутоа обично завршуваа само на позиција-две раздалеченост па освојуваа слични поени и немаше голема бодовна разлика во шампионатот. На ова додади го фактот дека Леклерк изгуби многу поени не по негова вина и крајниот резултат е 164.5 vs 159 бодови.
Новава сезона е иста приказна како минатата, само сега е поизразено бидејќи се борат за победи. Лани на пример ќе завршеа Леклерк 5-то, а Саинц 6-то па имаш само два бода разлика и сите ауу Ферари има најдобро и најизедначено дуо. Ама ретко кој збореше дека Саинц стално завршуваше на +10/15 секунди од Шарл на нормални трки без глупости и безбедносни возила.
Иначе во Австралија Карлос беше тежок баскуз. Прво црвеното знаме му го скина кругот во првиот обид во Q3 на буквално 10 метри од целната рамнина, па на вториот обид не му палеше моторот и касно искочи од гаража што резултираше во избрзан загревачки круг и неспремни пневматици.
После пред трката му откажал воланот и во последен момент му го замениле со нов што не бил подесен како што треба и затоа имаше ужасен старт. Кузнај со колкави фрустрации возел пред да излета.