Не ја гледав трката, денеска видов што се случувало. Spiegel најконкретно ја објасни ситуацијата и како доведоа работите до целиот инцидент. Хамилтон апсолутно требаше да биде повнимателен во ситуацијата и ја сноси кривицата за настанот. Тоа што го викаат understeer е тоа што се деси, преголема брзина во кривината и џабе беше колку и да вртеше со воланот, не можеше повнатре да биде. Глупо е да станува збор за нешто намерно, во ситуација кога си 33 поени назад, па се некоректно што ќе пробаш да направиш може да ти се удри од глава и ти да завршиш во песокта. Не сметам дека намерата беше исфрлање на Макс од стаза, едноставно јасно беше дека тука ако не ја добие битката, многу тешко дека ќе има нова шанса. Во тој поглед се многу лични шофери и нема попуштање. Како што кажа и Spiegel, останува прашањето дали требаше да добие поголема казна Хамилтон.
Сеуште мислам дека Мерцедесиве немаат чаре за Макс и Ред Бул, очекувам да продолжат да победуваат Ред Бул, престабилни се годинава, ова во Силверстоун немаше никаква врска со некоја нивна погрешна одлука.