Формула 1 - сезона 2021

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
12.750
Поени од реакции
13.969

Мика Сало вика дека Ферари немале нов мотор во 2020, него истиот од 2019 го користеле само имале лимит на проток на гориво со што не можеле да ја искористат целата моќ на моторот. Така да сезонава ако моторот им е приближно јак како тој пред 2 години, ништо чудно да ги гледаме Ферари во битка за подиуми со Ред Бул.

Очекува Заубер да имаат добра сезона бидејќи моторот им бил главен проблем лани. Немаат лоша шасија и аеродинамика, барем не за да се дел од групата на Хаас и Вилијамс.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
ако моторот им е приближно јак како тој пред 2 години, ништо чудно да ги гледаме Ферари во битка за подиуми со Ред Бул.
7-8ма година по ред пред сезона истово го викаме, па се тешиме после тестовите во Барселона дека не го користат целиот потенцијал... за после 1ва-2ра трка да се помириме се реалноста дека се очај и беда. :D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.750
Поени од реакции
13.969
7-8ма година по ред пред сезона истово го викаме, па се тешиме после тестовите во Барселона дека не го користат целиот потенцијал... за после 1ва-2ра трка да се помириме се реалноста дека се очај и беда. :D
Во 2019 беа подобри/исто со Ред Бул. Да ја вратат моќта на моторот, верувам дека ќе им парираат.

Ама само на Ред Бул, Мерцедес е невозможна мисија сезонава :D
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
745
Поени од реакции
1.026
ке има ли сезонава публика или пак исто?
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
ке има ли сезонава публика или пак исто?
Зборат за Силверстон дека размислувале да има публика, бидејќи изјавиле дека по 14ти Јуни се враќале во нормала, а и публика на стадиони ќе пуштале.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
96
Поени од реакции
139
Зборат за Силверстон дека размислувале да има публика, бидејќи изјавиле дека по 14ти Јуни се враќале во нормала, а и публика на стадиони ќе пуштале.
Дај боже полека полека светов да се враќа во нормала па и да видиме публика и на трките
Автоматски споено мислење:

Една интересна тема вредна за дебата
Во видеово анализирам и давам личен осврт на трансферот на Саинц од Мекларен во Ферари и го поставувам прашањето дали ќе успее ли Саинц да се извлече од сенката на Леклерк во Феррари и да наметне свој стил?


Кое е вашето мислење?

 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Дај боже полека полека светов да се враќа во нормала па и да видиме публика и на трките
Автоматски споено мислење:

Една интересна тема вредна за дебата
Во видеово анализирам и давам личен осврт на трансферот на Саинц од Мекларен во Ферари и го поставувам прашањето дали ќе успее ли Саинц да се извлече од сенката на Леклерк во Феррари и да наметне свој стил?


Кое е вашето мислење?

Па не е дека Леклерк постави некои стандарди па да е тешко некој да го помине. Искрено пред да дојде во Ферари имаше според мене подобри резултати. Поготово последнава година многу грешки и нервоза имаше во неговото возење. Ваљда тоа се должи и на ужасниот болид што го имаше.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Ботас и Перез, my homies. Алонсо ме изненади, не делува дека е такво куслуле. Јапонецов џуџе, картинг нека му дадат.
 
Член од
26 февруари 2021
Мислења
11
Поени од реакции
4
Дечки каква е ситуацијата со Ф1 во моментот? Некако не пратам од кога беше абу даби, интересни трки лани но предвиден шампион како последниве 4 години. И оваа година не очекувам нешто, остануваат истите болиди од лани Мерцедес има лесна титулата уште пред да почне само да имаме добри трки. Лани не ми се свиѓаше што го направија спортот политичка платформа и некако многу не сериозно стана од 2018 кога го превзема либерти имиџот на Ф1 е тотално различен од Ф1 кој ме привлече да гледам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom