Зато шо Алонсо е сеуште конкурентен и корисен за екипата и со искуството но и со резултатите те. времињата кои ги вади, за разлика од Кими кој почна полека полека да паѓа за да на крајот падни и под нивото на Џовинаци кој е според мене подпросечен возач. На крајот заминуваат во пензија не зашто се осеќаат стари и заситени него затоа што не можат веќе да најдат ангажман во некоја екипа па макар биле Кими или Алонсо. Новата генерација млади возачи се неверојатно талентирани и постарите (средните да речам) не можат да се носат со нив. Макс, Шарл, Џорџ, Карлос, Ландо, се според мене квалитетни како кога се појавија Шумахер, Алонсо, Хамилтон, Сена... е сега кој од нив ке има среќа да седни во конкурентен болид како Мерцедес или РедБул (или можеби Ферари, Мекларен покасно) може да биде шампион.
Еве Алонсо на пример според мене е двапати подобар, побрз, поквалитетен возач од Фетел а има двапати помалку тиули од него, кој имаше среќа да вози РБ кога доминираше над останатите екипи. Доволно беше само да е подобар од Вебер.