Формула 1 - сезона 2021

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
12.763
Поени од реакции
14.028
Првиот подиум на Кими, жолтиот Џордан и глупостите што ги правеа Ферари со Шуми и Баричело во Австрија т.е. Индијанаполис некако највеќе ми останале во меморија + некој спектакуларен судар или излетување. Но ова се само моменти, не знам баш како се одвивале сезоните 2001-2002.
2003 би рекол дека ми е прва сезона на која се сеќавам добро иако сум имал само 7 години. Монтоја до претпоследна, а Кими до последна трка имаа шанса за титула, ама Шумахер ги фати на искуство на крај со две победи ако не се лажам. Додуша овие имаа механички проблеми неколку пати низ сезоната за жал...

За Кими и Шуми навивам откога знам за себе. Се сеќавам носев црвена капа и му давав "thumbs up" на Шуми кога победуваше :pos: :pos:



Имав и еден огромен Ф1 календар со сите трки од некоја сезона (не ми текнува која беше) и знам со години го чував иако ни датумите ни трките не беа точни веќе, ама сликите беа многу добри :D

Втори фаворите ми биле Батон и Монтоја, па затоа 2009 ми е една од поомилените сезони иако го мразев новиот изглед на болидите.

Во глобала Ф1 отсекогаш ми бил омилен спорт и со нетрпение сум чекал нова трка од најрана возраст. Еве сега овие 3 недели до Имола ми се гледаат како цела вечност мме, ми треба Ф1 фикс што побрзо :icon_mrgr:
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
746
Поени од реакции
1.026
Чичкоми гледаше, кога идев кај бабами некад заедно гледавме, ми текнува една трка, Мика Хакинен прв беше и последен круг му откажа моторот мислам и Шумахер победи.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Чичкоми гледаше, кога идев кај бабами некад заедно гледавме, ми текнува една трка, Мика Хакинен прв беше и последен круг му откажа моторот мислам и Шумахер победи.
Барселона 2001ва. 40 секунди му бегаше, требаше само да го донесе болидот на целта. Рикна Мерцедесот само што влезе во последниот круг. Ден денес пцујам :D Хакинен ќе врзеше 4 победи со ред во Шпанија.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.614
Поени од реакции
12.414
Според коментариве, сите сме тука негде, 97-03, и ич не ми е јасно, како после 15+ години гледање Ф1, во моменталниве ситуации иаме толку различни мислења :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
За мене веројатно прва сезона е 2002 ако добро се сеќавам. Татко ми беше страствен љубител на автомобили, се што е со тркање го интересираше. Ја копиљ не сум знаел ни како се викам памтам на трки ме носеше на водно, Ф1 и МотоГП беа главна тема по дома. МотоГП никогаш не ме заинтересира еве 20 години покасно. Знам да фатам трка-две во сезоната али тоа е тоа.

Не сум сигурен која е прва трка можно е да излажам али јас ја памтам Монако. Чинам прва трка беше каде што таа сезона не тепаше Ферари. Татко ми ме тераше цел живот за Шумахер и Ферари да бидам, а јас не ги сакав тогаш не од што се разбирав туку досадно ми беше секоја трка он победуваше или Баричело. И од тогаш си реков ја за Хулкард/Монтоја ќе бидам.

Следна сезона ми остави впечаток Малезиското Гран При, таа сезона Батон кикнат и го викаат некој си Алонсо као перспективен возач. Малезиското ГП, освојува пол позиција, на второ место Трули. Точно ја памтам оваа трка, болидот сино жолт многу ми се свиѓаше и сакав да тепа некој од Рено. Старт на трката и Шуми удира во Трули, од тука навака за мене он остана гомно човек :D Алонсо за жал не тепаше.

Следните сезони Алонсо останува фаворит иако 2004 беше ужас и немаше ниедна победа. Дома со татко ми се караме кој е подобар Алонсо или Шумахер. Најголема болка ми беше кога ќе кажеше колку титули има, а ја копук не знам како да му вратам. Доаѓа сезона 2005, Рено и Алонсо прават некоја си доминација се до средина на сезона кога Кими зима замав. Тогаш почнав да го респектирам многу. За малце ќе имаше луд финиш ама Алонсо беше одлепен во бодови па си зема титула. Во 2006 исто сценарио, тотална доминација.

Тогаш успеав да го заќутам татко ми, Алонсо го пензионираше Шумахер :D Сезона 2007 катастрофа, се надевав дека Шуми ќе му го отстапи местото на Алонсо во Ферари, ама за жал Кими отиде. Па згора на се и проблемите со Хамилтон во Мекларен... и од тука ми се роди мржњата према Мекларен т.е. кога се одвоија Мерцедес.

Традиционално сабота и недела кога имаше трки беше празник. Татко ми секоја сезона ми поклонуваше бураго болид од Шумахер и 2007 од Хамилтон. Една од последните сезони што имаше уживање. Кими освојува титула со 1 бод предност пред Хамилтон и Алонсо, ќе си гризнев од таквото...
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
326
Поени од реакции
320
Многу тапа што не видовме реванш помеѓу Алонсо и Хамилтон. Ќе беше епска борба за паметење. Таа сезона во Мекларен беше многу хаотична. Алонсо во одвартни односи со тимот и плус Мекларен што беа вмешани во Спајгејт аферата каде што беа обвинети и казнети за индустриска шпионажа.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
96
Поени од реакции
139
Дечки, да го разбиеме малку периодов од 3 недели без трка, па еве ме со ново видео....
Кратка анализа на случувањата од првата трка, како и предвидување што не чека во остаокот од сезоната.


 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Многу тапа што не видовме реванш помеѓу Алонсо и Хамилтон. Ќе беше епска борба за паметење. Таа сезона во Мекларен беше многу хаотична. Алонсо во одвартни односи со тимот и плус Мекларен што беа вмешани во Спајгејт аферата каде што беа обвинети и казнети за индустриска шпионажа.
Незнам дали Ред Бул пробал да го ангажира, а може и Алонсо не прифатил да вози покрај Макс знаејќи дека нема шанса да биде побрз

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.614
Поени од реакции
12.414
Незнам дали Ред Бул пробал да го ангажира, а може и Алонсо не прифатил да вози покрај Макс знаејќи дека нема шанса да биде побрз

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Зборуваше за 2009-2015. А Ред Бул самите избегаваат „големи имиња“. Ај што коштаат многу пари и што ќе имаат еден тон барања, ама пресудно ќе е што Ред Бул како тим ќе го нема последниот збор во таква ситуација. Во врска со последната реченица, колку и да го почитувам Макс или Луис, што знам дали би можеле да излезат на крај со Алонсо ( и тоа моменталниов Алонсо а не 2007-2012 Алонсо )
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Зборуваше за 2009-2015. А Ред Бул самите избегаваат „големи имиња“. Ај што коштаат многу пари и што ќе имаат еден тон барања, ама пресудно ќе е што Ред Бул како тим ќе го нема последниот збор во таква ситуација. Во врска со последната реченица, колку и да го почитувам Макс или Луис, што знам дали би можеле да излезат на крај со Алонсо ( и тоа моменталниов Алонсо а не 2007-2012 Алонсо )
Па Луис води 1:0 против тој Алонсо, субјективно е дали Алонсо беше толку доминантен или Реното ја правеше разликата

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.156
Поени од реакции
1.376
Алонсо е убиец на совозачи :uzi:

За воља на вистината исто бодови имаа кога возеа заедно со Луис, Алонсо водеше пола сезона се додека не се скараа и по аферата спајгејт, Мекларен (читај Рон Денис) му го сврти грбот и со сите сили го форсираа Луис, одвај го дочекаа крајот на сезоната за да го исфрлат. Дури откако Рон Денис замина од МекЛарен, Алонсо пак потпиша за нив.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom