Формула 1 - сезона 2020

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2020 ?


  • Вкупно гласачи
    89

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
ОК, ете, ветувам дека во иднина ќе внимавам на ,,семантиката". Еве, да се исправам:

Па освен тебе никој друг го нема наречено јак шофер и се нема обидено саркастично да ми влета со клизаќи божем јас не знам што зборувам, затоа.

Better? :ROFLMAO:
Се фати за тоа што сум го пишал првата трка,а јас притоа кажав дека дугачко неам активно глеано формула,и голем дел од возачите,ќе ги запознавам оваа сезона вклучитечно и Строл.
Бараш 'рчка,јас друго не гледам.Сакаш да мериш муда,и да се истакнеш ко експерт на темава,со тоа што ќе тролаш,членови кој се осмелиле да кажат мислење кое не се совпаѓа со "експертското".
Ради вакви ситуации не ми се пишува по некој теми.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Плачете како тој што го кењате (Хамилтон), повеќето :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.656
Коментирате Формула ко за неа да сте учеле од Ф1 Алманах на Табаковски. :D
Хамилтон не бил голем возач зошто се жалел (по ваше плачел)? Па кој од големите возачи не го правел истото? Баш напротив, најголемите шампиони биле и најголеми егоисти, никад они криви ако нешто погрешат, камче им сметало, врапче им прелетало, ама не и они. Па добро филмот за Сена беше огромен хит пред некоја година, не верувам некој од вас да го пропуштил, каков ви изгледаше Сена? Постојано плачење и барање вина во други, вето на возач за колега става кога е во Лотус, две години плаче како Вилијамс Рено се супериорни и тркањето е нерамноправно против такви болиди, на прва понуда одма бега во истиот тој тим и уште на првите две трки ги обвинува Бенетон дека имаат недозволени помагала за побрз старт и го користи цело влијание кое го има да им ги натовари сите стујарди од ФИА на врат и да врши психички притисок врз Шумахер (на крај нормално, не наоѓаат никакви неправилости). И? Не е најголемиот возач на сите времиња?
Прост што му прави сите тие години на Сена користејќи го шефот на ФИА? Сударот у Сузука? Плачењето дека Мекларен го подржуваат Сена? Бегањето од Вилијамс 1994та?
Не е спомната во филмот и нема видео на Ју Тјуб, ама најпозната приказна од нивно ривалство која може да се прочита е од Есторил 88ма или 89та. Сена така го позиционира болидот при обид за престигнување на Прост на почеток на стартноцелна рамнина да овој има избор само или да прикочи и се откаже или со 300 на саат да удри во ѕидот каде што започнува боксот, што е сигурна смрт. До толку биле лудаци на времето, впрочем тоа е и поентата на сите големи шампиони од минатото, мора да бидеш и помалку луд за да стигнеш до тоа да се бориш за титула и никогаш не биле они кривите ако негде погрешат, се тоа биле заговори против нив.
Второ, на Шумахер му помагале колегите :ROFLMAO:. Кога? Баричело у Австрија кога застана и место да бега 100 бода на табела, Шумахер избега на 110? Тоа е помошта? Место у Јули, ке ја освоеше титулата у Август ако не беше таа помош? Глупа одлука да, али тоа дека ги кочело колегите негови да се борат со него... влечење паралели што врска немаат една со друга. И Шумахер му се тргаше на Ирвајн 99та кога ги скрши нозете у Силверстоун и немаше шанса за титула, па Ирецот дека не го искористи тоа не се важи?
Кога зборите за колеги и помош од тим на Шумахер, не е лошо да прозборите и за двете титули на Бенетон малце. Со факинг Бенетон Форд им зема титула на Вилијамс Рено 94та, тоа е исто ако не и бетер од тоа сега со Ред Бул да им земеш на Мерцедес. Сите негови клупски колеги таа сезона имаат земено вкупно 11 бода :), е со таков болид им зема титула, следна сезона му дадоа Рено мотор и ја освојува со рекорден број победи, ни блиску не му беа Вилијамсите иако беа прв тим на Рено тогаш. Со Рено мотор и со легендарни возачи ко Жан Алези и Герхард Бергер они останаа уште две години после тоа, па единствена победа им е само таа на Бергер 97ма у Хокенхајм. Е со такви болиди он освојуваше титули. Плус, преминот како шампион во утепаниот Ферари 96та и нивното издигнување, кога има понуди од сите други тимови (вклучувајќи го и Вилијамс, што му ветува долгогодишна доминација и останување на Рено во спортот) е еден од најмадафакерските потези во историјата на спортот. Прочитајте интервју со било кого сакате од таа ера, апсолутно сите се на ставот дека Шумахер им ги носи 5те титули на Ферари, а не обратно.
И не се само титулите во прашање, воопшто стилот и начинот на возење, идентификувањето на масите со неговото возење. Се знаеше во 90тите, идоли беа Роналдо, Шумахер и Џордан, сите деца имаа тетратки, постери, маици од нив, не само ради титулите туку и ради општо прифатеното мислење дека тие се најголемите во тоа што го прават. Што ако Шумахер имаше само две титули, исто имаше и Хакинен, па и Алонсо после тоа, никој во ниеден момент не се осмелил да каже дека он не е најдобриот возач во светот, секое дете што беше најбрзо во возење точаци, а не па за тие што возеле коли, му се викаше дека е Шумахер. Што ако Роналдо немаше ни ЛШ ни СП, тој беше идолот на масите и со него го идентификуваа играњето фудбал. Што ако Тајсон два пати изгуби од Холифилд, секогаш најјакиот во маало бил Тајсон, кој тоа кажал еј удараш ко Холифилд :icon_mrgr:. Тоа беше Шумахер за Формула, Хакинен го стигна по број на титули, па на еден навивач на Хакинен имаше 10 за Шумахер. Тетратки, блузони, маици, капчиња, патики од Шумахер беа најпродавана роба на пазари кај нас. Сирот Мика, кога дојде во Скопје, на собирот пред Дом на АРМ од 10ина илјади луѓе што беа, 7-8 илјади носеа обележја на Ферари, вклучувајќи и едно огромно знаме на зградата кај Кино Вардар преку цел ѕид.
Таков статус на „бог“ не ти го носи статистиката, победите и титулите, туку ти го носат Бразил 94та, Шпанија 94та и 96та, Белгија 95та итн. Возењето по неколку секунди на круг побрзо од сите останати на дожд, ставање на гуми за суво кога сите уште не ни помислуваат да се тргнат од гумите за влажен асфалт, возење на 20-30 круга во трката, кога е најпотребно, со времиња од квалификациите, константно постигнувајќи најбрз круг, победи на трка со стартови од 16та позиција, надокнадување на огромна разлика во заостанување со победа на трка, прекари „дождовен човек“ или Ајкула, прекар од почетокот на кариерата на кој ретко кој се сеќава затоа што движењата на неговиот болид на патеката изгледаат како движењата на ајкулата во вода.
Затоа, заедно со Сена го држат приматот најголеми на сите времиња, еве Хамилтон ќе му ги бутне сите рекорди па пак нема да има ниту пола идолски статус ко овие двајца.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
96
Поени од реакции
139
Дури денес успеав да ја изгледам трката, би рекол класично Британско ГП со драма во последните кругови, ах таа предна лева :)
Како и секогаш, мојот целосен осврт во видеото подолу:

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
Хамилтон возел 230 км на саат со три тркала. Повеќето тука не знаете на 4 да возите, па и му љубоморите.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.749
Поени од реакции
13.965
@kukuzel
Одличен пост друже, точно од А до Џ (y)

Зошто не до Ш? Затоа што Прост е боље од Сена, ова неиронично го кажувам :D
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
326
Поени од реакции
320
Хамилтон секогаш ја имаа таа среќа да може да продолжи кога е инволвиран во инцидент. Кога има колизија со некој, секогаш противникот негов не е во состојба да продолжи а он може да ја продолжи трката. На Ботас му пука гума 2 круга пред крај, на него неколу кривини пред крај таман за да може да заврши. Ебате среќата. Али па и знае да се позиционира пред инцидент, не е све среќа.
Автоматски споено мислење:

@kukuzel
Одличен пост друже, точно од А до Џ (y)

Зошто не до Ш? Затоа што Прост е боље од Сена, ова неиронично го кажувам :D
Па дефинитивно може да се аргументира дека Прост е подобар.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.502
Хамилтон секогаш ја имаа таа среќа да може да продолжи кога е инволвиран во инцидент. Кога има колизија со некој, секогаш противникот негов не е во состојба да продолжи а он може да ја продолжи трката. На Ботас му пука гума 2 круга пред крај, на него неколу кривини пред крај таман за да може да заврши. Ебате среќата. Али па и знае да се позиционира пред инцидент, не е све среќа.
Автоматски споено мислење:


Па дефинитивно може да се аргументира дека Прост е подобар.
Ова! да сакаш не можеш да најдиш инцидент каде тој го извлекол подебелиот крај. Или пак некогаш сејфти кар да го заеби.
БТВ не викам дека е лош возач, само немам до сега видено воопшто спортиста да има повеќе среќа од него.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.656
@kukuzel
Одличен пост друже, точно од А до Џ (y)

Зошто не до Ш? Затоа што Прост е боље од Сена, ова неиронично го кажувам :D
Па добро, секој со свој став. :)
За мене Сена е подобар само ради еден факт, а тоа е бегањето на Прост од Мекларен и од Вилијамс кога овој му е/треба да му биде колега. Мене лично, поомилени ми се тие спортисти што идат директно во најтешките дуели, а тие два потега на Прост ми се избегнување на такво нешто. Ма да, како што и пишав, Сена бил опасно копиле, на прва „закачка“ можело да се очекува собирање на сите медиуми и давање изјави (плачење, според наративот во темава :D) како према него се дешаваат неправди од помоќни луѓе, дека не е се според фер правила..., може на Прост му било и преку глава од тоа да учествува во такви психолошки игри, па затоа се повлекува.
Сметам и дека на Сена и малку му се зголемува славата по смртта, меѓутоа тоа е нормална појава при секое заминување на позната личност, во било која индустрија. Една од најсмешни работи на пример отсекогаш ми било тоа што на Шумахер му се лепеа секакви етикети на нечесност и прљава игра за сударите со Хил и Вилнев од истите луѓе кои сударите на Прост и Сена во Сузука ги сметаа(т) за доказ за право ривалство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom