Формула 1 - сезона 2018

Шампион за 2018 според вас е...

  • Sebastian Vettel

  • Lewis Hamilton

  • Valtteri Bottas

  • Fernando Alonso

  • Kimi Räikkönen

  • Nico Hulkenberg

  • Daniel Ricciardo

  • Pierre Gasly

  • Kevin Magnussen

  • Max Verstappen

  • Stoffel Vandoorne

  • Marcus Ericsson

  • Carlos Sainz

  • Esteban Ocon

  • Sergio Perez

  • Charles Leclerc

  • Romain Grosjean

  • Lance Stroll

  • Brendon Hartley

  • Sergey Sirotkin

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205

Мекларен успешно ја стартуваше ХОНДА :)
Да се надеваме не експлодирал моторот од како завршува видеото :ROFLMAO:
Шала на страна, очекувам до некаде пристоен Мекларен годинава.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
ОФИЦИЈАЛНО: ПРЕЗЕНТИРАНИ 2016 БОИТЕ НА РЕД БУЛ

Тимот на Ред Бул Рејсинг, вечерва на презентација во Лондон ги покажа боите на својот 2016 болид - РБ12, кој своето деби пред јавноста ќе го има во понеделник пред стартот на првата тест сесија во Барселона.

Тие го изгубија својот главен спонзор Infiniti, а Tag Heuer доаѓа во тимот и ќе ја брендира новата погонска единица која ги користи моторите на Рено. Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул изјави дека тимот ја редизајнирал од почеток традиционалната шема на бои што ја користат од влегувањето во Ф1 Шампионатот.

"Ние започнавме со чист лист хартија за да добиеме иновативен, агресивен, изглед кој ќе се истакнува, кој ќе им паѓа во очи на Ф1 фановите и ќе предизвика страв во ретровизорите на останатите возачи. Изгледа добро и работите имаат тенденција да се одвиваат во добар правец."

П.С. ХД фотографиите од прес тимот на Ред Бул ги најавија за утре, па веднаш штом станат достапни ќе ги објавиме.( Во меѓувреме повеќе фотографии со слаба резолуција имате на нашата ФБ страна)
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.135
Поени од реакции
5.240

Интересен дизајн очекувано од Ред Бул, и интересен им е "носот" на болидот ме интересира од Ферари во петок што ке извадат :D
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.964
Поени од реакции
14.714
Фановите на Ферари психички да се припремат за белата боја кога во петок на презентацијата на новиот болид ќе ја има околу кокпитот и поголемиот дел на влезот за воздух за моторот. Плус итлијанското знаме како декор.

Тоа што го памтевме ферари-црвена крв боја заминува засега во заборав:tapp:
 
Не е ваљда дека 50% од болидот е бел ... Ке се убијам ако е ептен шарен ... плус црното на долниот дел од болидот... од друга страна нека има бело само нека биднат пред Мерцедес и РБ сезонава :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.813
па што и да е бел, сепак боље ќе биде од оваа боја на рб:facepalm: како фан разочаран сум
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.964
Поени од реакции
14.714
Нема целосно да е бел само оној дел околу кокпитот и горниот дел каде е влезот за воздухот во моторот. Но сепак белата е впечатлива боја и плус ставена на горниот дел каде повеќе доаѓа до израз.

но тоа е вероватно дил на новиот шеф на Ферари Маурицио Аривабене кој на оваа позиција дојде од местото директор на Филип Морис за Европа, т.е. Малборо.

Болидот ќе ги има боите на Малборо, но несмее да ги има шарите и да потсеќа на тоа , но....
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.135
Поени од реакции
5.240
па што и да е бел, сепак боље ќе биде од оваа боја на рб:facepalm: како фан разочаран сум
Зашто мене искрено Ред Булот ми се свиѓа малце изненаден бидејки ја изоставиле виолетовата боја но сепак не е лошо. А сепак Ферарито си имало бела боја во минатото не во голема мера но сепак била присутна така да не забегуваат многу според мене црната по не е релевантна од колку белата на болидите на Ферари, барем од кога јас паметам и гледам Ф1 белата е тука освен во последните неколку сезони кога малку ја занемарија :D
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.964
Поени од реакции
14.714
Виолетовата боја беше заштитен елемент на Инфинити под кој бренд се возеа моторите нњ Рено. Сега ќе бидат истите мотори , но името ќе го носат по сатовите Таг Хауер(ако е точен изговорот), така да виолетовата боја отпаѓа
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.813
Зашто мене искрено Ред Булот ми се свиѓа малце изненаден бидејки ја изоставиле виолетовата боја но сепак не е лошо. А сепак Ферарито си имало бела боја во минатото не во голема мера но сепак била присутна така да не забегуваат многу според мене црната по не е релевантна од колку белата на болидите на Ферари, барем од кога јас паметам и гледам Ф1 белата е тука освен во последните неколку сезони кога малку ја занемарија :D
abe otepan e bez puska :D mat boja mu stavile, bukvine crveni bez bela pozadina na niv, katastrofa, ne ocekuvav olku da go utnat.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.135
Поени од реакции
5.240
abe otepan e bez puska :D mat boja mu stavile, bukvine crveni bez bela pozadina na niv, katastrofa, ne ocekuvav olku da go utnat.
Матот е секси сеа хахахаха што знам за мене ПЕ > дизајн.
Ферари имаше страшно добар дизајн според мене последниве 2-3 сезони ама што вредеше кога останавме со празни раце :(
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Фановите на Ферари психички да се припремат за белата боја кога во петок на презентацијата на новиот болид ќе ја има околу кокпитот и поголемиот дел на влезот за воздух за моторот. Плус итлијанското знаме како декор.

Тоа што го памтевме ферари-црвена крв боја заминува засега во заборав:tapp:
Значи нешто вака да очекуваме?

abe otepan e bez puska :D mat boja mu stavile, bukvine crveni bez bela pozadina na niv, katastrofa, ne ocekuvav olku da go utnat.
Прав си. Малце на Торо Росо наликува. А Кристијан Хорнер како нешто ептен иновативно го промовира.
Дизајнот што им беше за камуфлажа за време на тестирањата минатата година беше иновативно, а не ова :D

.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ФЕРАРИ, УТРИНАВА ГО ДОБИВМЕ И FW38, 2016 БОЛИДОТ НА ВИЛИЈАМС!!!

ВИЛИЈАМС FW38 - СТАБИЛНОСТ ШТО ТРЕБА ДА ДОНЕСЕ РЕЗУЛТАТИ

Највениот филмски ден на Вилијамс Мартини Ф1 тимот, испадна како презентација на деталите од новиот 2016 болид, со ознаката FW38. За неговиот развој и дизајн ни објаснува Пет Сајмондс, главниот технички директор на тимот.

- Какво е концептуалното размислување зад FW38?

FW37 беше прилично ефикасен болид, па ние се концентриравме на разбирање на областите каде што можеме да го подобриме, без да ги изгубиме атрибутите кои го направија ефикасен. Не е никаква тајна дека перформансите на FW37 при мала брзина не се совпаѓаа со перформансите при голема брзина, па така многу време е поминато во барањето на причините зошто е тоа така и потоа правење на промени, кои се надеваме дека ќе ја подобрат ситуацијата.
- Кога започна процесот на дизајнирање?

На ова прашање е секогаш малку тешко да се одговори, но еве да речеме дека тоа беше средината на Јануари 2015 година, уште пред FW37 да се појави во јавност. Тогаш имавме состанок на кој ги утврдивме насоките во кои треба да се разива FW38, кој треба да има подобри перформанси од својот претходник. Со започнувањето на работата на FW37 можевме да ги видиме насоките на развој кои што сакавме да ги понесеме на следниот болид.

- Освен нови болиди, што друго ни носи 2016 сезоната?

За оваа сезона имаме многу малку промени во техничките прописи. Како и секогаш, ние се обидуваме да ја подобриме безбедноста на возачите во близина на главата, па така шасијата е значително посилна во тој дел. Потоа, нешто што фановите ќе може да го забележат е дека ПЕ ќе звучат малку поостро.

Во текот на зимата може да се очекува поголема моќ од подобрување на согорувањето и тоа ќе произведе уште малку поголема врева, но можеби позначајно е што издувните гасови од турбо компресорот веќе не одат во главната издувна цевка. Тоа ќе допринесе за 12% погласна ПЕ, но исто така може од време на време да предизвика одредени драматични звуци, кои ќе ги припишеме на турбо моторите со високи перформанси.
- Значи техничките прописи не се многу променети, што е со спортските прописи?

Тука можеме да очекуваме многу повеќе промени, особено во врска со користењето на гумите. Со воведувањето на дополнителната петта смеша на Пирели гумите тимовите ќе имаат поголема слобода во изборот на гуми што ги користат. Иако, јас мислам дека тоа нема да донесе многу драматични промени, но може да се очекува по некое изненадување од време на време.
- Што е со Вилијамс - како ќе испадне 2016 сезоната за тимот?

Човек никогаш не може да го предвиди тоа, бидејќи без разлика колку напор сте вложиле и без оглед на големината на вашите подобрувања, сите работи во спортот се релативни. Ова значи дека исходот на сезоната не е само во функција на вашите напори, туку и оние на вашите конкуренти. Во Вилијамс ние сме искрени во врска со нашите грешки и се обидуваме да учиме од нив. Исто како и при дизајнот на болидот, ние секогаш ги анализираме нашите предности и слабости.

Ова доведе до неколку оперативни промени за 2016 година, кои иако не се особено видливи од надвор, треба да овозможат подобро справување со повеќе варијанти и сценарија кои ги носат тркачките викенди. Наша голема предност што ја носиме во 2016 година е стабилноста. Многу е лесно да се потцени моќта на оваа варијабла, но со истите возачи и континуитет во инженерскиот тим се надеваме дека ќе биде во можност веднаш да бидеме брзи, нешто што е особено важно со само 8 дена на тестирање пред стартот на сезоната.
- Вашите предвидувањата за 2016 сезоната?

Јас сум во овој мотоспорт премногу долго за да паднам во стапицата на предвидување. Во текот на последните неколку години Вилијамс го врати натпреварувачкиот дух, по кој беше одамна познат. Сакам тој да се подигне на повисоко ниво и да го искористиме за напредок на многу прогресивен начин, при тоа секогаш имајќи стратешки поглед за иднината, особено со големите промени што ни ги носи 2017 година.

Q

qazwsxedc

Гостин
За 15 минути презентација на болидот на Ферари за оваа сезона :)
Од почеток нека биде барем на исто рамниште со тој на Мерцедес,па Кими да може да си ја освои втората титула :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom