Овој Син само за истрошени гуми знае да каже, мислам стварно дај веќе преку кур. Истрошени гуми имал не дека го пуштил туку гумите знаеш, иначе каде тоа нема шанси во мерцедес таква работа. А на трката гледаме како одма откако Фетел го помина Ботас овој вториов забавува и Луис си поминува покрај него, ама добро гумите знаеш.
Смешен си од проста причина што менаџирањето на гуми, изборот, тајмингот кога да се сменат, е еден од најбитните сегменти во овој спорт, нешто што очигледно не го разбираш.
Ти изглеа сакаше ботас само да го задржи Луис, колку и Кими да може да го помине, зашто и Кими мењаше по втор пат, стави софт, а луис не, е тебе тоа ти е логично, зашто си навивач на ферари.
Не сфаќаш дека некој кој на крај од трка успеал да заостанува цели 6 секунди после само 7-8 круга од кога бил поминат, не е во можност да парира на тие што имаат далеку подобра состојба со гумите од него, објасни како ќе брани у дрс зона кога е поише од пола секунда поспор ?!?! Све што тука можеше да направи Ботас е да им направи услуга на Ферар и Кими, ништо повеќе, само ретардиран и малоумен тоа ќе го напраеше у една таква ситуација.
Тебе џабе ќе ти се објаснуе, само логично ти беше ботас на крај да завршеше пред луис, секоја друга варијанта ќе значеше дека го пропуштил, јер у ниту еден случај хамилтон немал шанса да го помине ботас ... ако се лажеме, изглеа и кими намерно го пропушти, а со тоа и му кажа чао на подиумот.
Луис го пропушти Ботас бидејќи сакаше да ги чува гумите за да трае подолго на патеката со тие гуми, евентуална борба ќе ги потрошеше уште повеќе.
Вие логиката ја терате на тоа дека Ботас се борел со фетел, а не и со Хамилтон, иако до моментот кога беше поминат и од Луис, Ботас уште толку ги имаше сјебано гумите ( и Кими исто лесно го пројде ), ама заборавате дека Фетел само 2 пати проба да го помине Ботас, првиот пат избрза со обидот, не чекаше еден плус круг и да доеше до онаа дрс зона у која Хамилтон ги направи сите претекнувања, после тој обид влезе широко у кривина и се оддалечи од Ботас со што го повлече Хамилтон у дрс зона.
Не дека Ботас нешто воув бранеше, повеќе погреши Фетел што не почека еден круг плус за да го помине, веќе вториот пат кога му се залепи толку беше, иначе Ботас не беше у можност да брани со тие гуми, нарочито не у делот на стазата каде беше нанижан и од кими и од хамилтон, рутински, кај ќе брани у дрс зона кога е пола секунда поспор од останатите, не е можно тоа.
Секое глумење на лудило, ќе беше само одовлекување на очигледното, дека ќе го јаде и од луис и од кими, со тоа што само можеше да му направи услуга на Кими, и на крај да изнуди 1-2 победа за ферари, за која постоеа и те како добри услови денес бидејќи изреагираа паметно со смената на гуми, што не беше случај со Ботас и мерцедес. За луис имам разбирање зашто не влезе уште еднаш, ама за Ботас не, огромна грешка на тимот. Истото би се дешавало и во обратна ситуација, да беа ферари во прашање, и било кој друг тим.
Џабе се плаче за ова, ако некој денес треба да се буни тоа се навивачите на луис, бидејќи тимски колега на фетел удри у него на стартот, за што и доби казна, читај, бил виновен за тој инцидент, па не гледам некој толкава фама да крева за тоа на темава. Е сеа да беше обратно до наредна трка тука ќе се пишуваше, пример доколку ботас удреше у Фетел. Тоа се веќе двојни стандарди ама не сакам да навлегувам во тој муабет, пре би рекол дека сепак Луис ја усра со ужасниот старт.