Формула 1 - сезона 2013

Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Неславен крај на 2013 Бахреин тест сесијата организирана од Пирели за тестирање на 2014 Ф1 гумите. Имено, Нико Розберг, на главниот правец при брзина од 320км/ч се извртел откако експлодирала прототип гума на Пирели. Болидот не удрил во ништо, но завршил со помали оштетувања од парчињата гума, по што Мерцедес пред време ја завршил сесијата во Бахреин.

Од Пирели смируваат и велат дека безбедноста на Формула 1 гумите за 2014 година не е доведена во прашање и покрај денешниот инцидент. Гумите кои ги користел Розберг во тој момент биле само прототипови, кои биле иновативни во однос на структурата и смешите, со цел да се развијат најпогодни решенија за следната сезона. Тој прототип на гуми, едни од десетината донесени во Бахреин, биле тестирани само во лабораториски услови и нема да се користат повторно.

"Безбедноста на гумите кои ќе бидат доставени за следниот шампионат не е доведена во прашање. Инцидентот што се случи со болидот на Розберг е под истрага и наодите ќе бидат доставени до ФИА и тимовите," - изјави италијанскиот производител во своето соопштение.

Нико на својот твитер профил го напиша следниов твит, за подоцна да го избрише:
“Just spun at full speed 320km/h on Bahrain straight cause my tyre blew up without warning. Thanks to that need to get some toilet paper now...”

http://mkformula1.blogspot.com/2013/12/2013_9770.html
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Погонската единица што Ферари ќе ја користи во 2014 болидите се нарекува 059/3. Таа беше прикажана на традиционалната пред Божиќна средба на претседателот Монтеѕемоло со група на италијански и меѓународните новинари, во Маранело.

Лука Марморини, раководителот на мотори и електроника, го имаше главниот збор:
"Како резултат на 2014 прописите, ние веќе не зборуваме за мотори, туку погонски единици. Тоа е многу комплексен проект и ние работевме на тоа во изминатите две години. Срцето на погонската единица е 1.6 турбо мотор и само 100 кг гориво што може да се користи во трка, што значи колку поефикасен мотор, толку повеќе енергија за користење. Покрај турбополначот, ќе имаме и електричен мотор, кој исто така ќе дејствува како генератор, овозможувајќи обновување на енергијата од издувните гасови.​
Како што и досега беше веќе случај, вториот електричен мотор ќе ја собира енергијата од сопирањето, и ќе има речиси двојно повеќе моќ од КЕРС-системот што досега се употребуваше. Целата енергија генерирана од страна на електричните мотори ќе се чува во многу поголем и помоќен акумулатор од сегашниот, но сепак ќе биде сместен под резервоарот за гориво. Системот за електронска контрола ќе биде уште пософистициран, за да ги координира и управува сите овие нови електро-механички уреди. Новата регулатива е еден фасцинантен предизвик, кој придава големо значење на системот за обновување на енергијата и на ефикасноста на погонската единица."​
На крај, Марморини, им се заблагодари на сите вработени за нивните напори за развојот на 059/3, и ги поттикна да дадат се од себе во авантурата на новиот мотор која само што започна. Презентација, беше со тематика, дека минатото и сегашноста го предводат патот кон иднината.
Името на болидот за 2014 година ќе биде избрано во Јануари од страна на милионите фанови на Ферари од целиот свет преку интернет.
http://mkformula1.blogspot.com/2013/12/blog-post_20.html
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Преги налетав на статија за Грожан во врска со ланската сезона. По инцидентот на Спа, лудиот добил крајно упозорење од шефот - Ако во некоја од наредните 4 трки пак директно предизвика инцидент, тогаш гарант тој ќе му биде и последен! Сериозно бил загрижен тие последни месеци од годината, бидејќи му доцнел новиот договор и не бил сигурен дали и во 2013 ќе го печали лебот во Ф1. Плус, принуден бил да посетува и психо-терапевт, за смирување на живците и умот .. :D
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.597
вака изгледа скица од моторот нацртана од еден од присутните новинари(бил инженер по наобразба),што битно се разликува од тоа што беше прикажано на видеото од Ферари.Овде издувната грана е на сосема друго место(над главите од моторот),додека пак кај рено тие се положени од страните на самото нулто ниво(ќе му дојде на подот од болидот)

 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Заубер Ф1 тимот денес објави дека Естебан Гутиерез ќе остане нивни возач и за 2014 сезоната, комплетирајќи ја возачката постава заедно со Адриан Сутил. Мексиканецот за прв пат се појави во овој Швајцарски тим на тест сесиијта во Херез на крајот на 2009 година, за следната година тимот да потпише со него договор за "старателство", и на крај, во 2013 година да ја има неговата дебитантска сезона како возач во Формула 1, при тоа, завршувајќи на 16-тото место, како најдобар дебитант во генералниот пласман на возачи.

Сергеј Сироткин е официјализиран како тест возач за 2014 сезоната. Русинот се приклучи на тимот во август 2013 година и од тогаш стекнува се повеќе и повеќе увид во Формула 1 Шампионатот. Тој помина неколку дена во фабриката во Хинвил, а на крајот на Септември тој имаше демо возење со болидот на Заубер на нова патека во Сочи, која ќе биде домаќин на 2014 Русија ГП-то. Во октомври, тој тестираше со 2009 болидот на Ферари на патеката Фиорано. Целта на Заубер Ф1 е да го подготви за своето деби во Формула 1. Тоа требаше да се случи и оваа сезона, но Рускиот капитал не влезе во Заубер, па така, и тој не го доби ветеното возачко место.

Наместо со Русите Заубер Ф1 го продолжи партнерството со Telmex, кој ќе остане Премиум партнер на тимот и следната сезона, па логото на мексиканската телекомуникациска компанија продолжува да има значително присуство на болидите на Заубер.

http://mkformula1.blogspot.com/2013/12/telemex.html
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Рекапитулација на денешниот ден: На прес-конференцијата ова утро, лекарите потврдија дека Шумахер се бори за својот живот. Тие велат дека тој е во "вештачка" кома и неговата ситуација се смета за критична. Тие, исто така, потврдија дека не можат да дадат прогнози за неговата иднина. Поддршка за Шумахер од целиот свет, освен некои умоболни луѓе, за жал кои живеат покрај нас!!!

FernandoAlonsoOficial
Get well soon Michael! Hope to hear some positive news very soon!

Nico Rosberg
Bin in gedanken bei michael, seiner familie u freunden. Wenn einer es schafft dann er. Hoffentlich gibt es bald gute nachrichten

Mercedes AMG
We all know the depth of Michael's fighting spirit and send him all our strength and support in this latest battle. We sincerely hope that he will make a full recovery and can be with us again soon.

Felipe Massa
I'm praying for God to protect you brother! E q u have a speedy recovery Michael! I am

MotoGP rider Stefan Bradl
Keep fighting my friend!!! I keep fingers crossed! #GetWellSoonMichael

Top Gear
Our very best wishes to Michael Schumacher, who remains in a critical condition in hospital

http://mkformula1.blogspot.com/2013/12/blog-post_29.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom