Формула 1 сезона 2008

Кој ке биде шампион во 2008?

  • K.Raikkonen

    Гласови: 65 32,7%
  • F.Massa

    Гласови: 54 27,1%
  • L.Hamilton

    Гласови: 70 35,2%
  • H.Kovalainen

    Гласови: 0 0,0%
  • F.Alonso

    Гласови: 4 2,0%
  • N.Piquet Jr.

    Гласови: 2 1,0%
  • R. Kubica

    Гласови: 4 2,0%
  • некој трет...

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    199
Член од
11 јуни 2008
Мислења
217
Поени од реакции
11
kako ne mozel da izdrzit koj gluposti se tie ziti se !! cc
tie cel zivot se spremet za f1 a ti velis ne mozel da izdrzit aj ne tresi "strucnjaku"
ova ne se imashe deshavano nikojpat vo formula druk da mu pomognit na shampionot da pobedit
RAZBERETE DECKI SE E POLITIKA A NIE TUKA SE KARAME ZA DZABE !!:kesa:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
И шо, ќе се бунат на кој основ? Пропуштил возач? Ќе рече дека не можел да го контролира, нема да може да докаже никој што било и како било. Иначе ако е профи возач и стигнал до Ф1, мора да може да контролира болид на дожд, и да го вози по најкратка патека, без разлика со која брзина. Тој возеше со 30 на саат (30 на саат кревам јас со точак на угорница со дожд) по подолгата траекторија... Јасно им е на сите што се случи, но санкции најверојатно нема да има.
Поголеми возачи од Глок, меѓу кои и Маса не можеле да контролираат болиди на дожд :) Еден од најдобрите возачи на дожд во историјата на Ф1, Михаел Шумахер, на Унгарското ГП 2006 беше претекнат од дебитантот на таа трка Роберт Кубица. Исто така на оваа трка Хамилтон беше претекнат од Фетел. Има милион случаи за работи што се случувале на дожд. За ова претекнување се крена толкава фама затоа што со тоа претекнување се одлучи кој да биде шампион. Да беше во некоја друга трка никој немаше да го коментира тоа. Во право си, и доколку Глок го пропуштил на Хамилтон Ферари и ФИА нема да можат да сторат ништо, но сепак доколку сметаа дека тука има нешто сомнително ќе го кажеа тоа без разлика дали ќе можеа да направат нешто.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
30
Никол Шерцингер го убедила Тимо Глок да се тргне?
Само една нежна молба од сексипилниот глас на Никол Шерцингер (Pussycat Dolls) на тимското радио на Тимо, била повеќе од доволна причина за експресно притискање на педалата за кочење и пропуштање на Ветел и Хамилтон. Непристојниот предлогот кој Никол му го понудила на Глок останува непознат. Ќе беше фер доколку беше така, но сепак вистината е поинаква.

Луис Хамилтон е новиот светски шампион. Пилотот на Мекларен ја осигура титулата во последните стотина метри на трката за Гоелмата награда на Бразил, благодарение на пријателскиот гест на Тимо Глок, кој му го препушти петтото место. Фелипе Маса ја однесе победата, во рацето го држеше епитетот светски шампион се до самиот финиш...

Хамилтон ја осигура титулата апсолутно во последните метри од трката. Имено, беше на петтото место, но Фетел го мина на неколку кругови пред крајот и го помести на шестото место што за Хамилтон не беше доволно за титула. Но, само неколку метри пред целта, четвртопласираниот Глок наеднаш успори, ги пропушти Хамилтон и Фетел, па Британецот ја освои титулата во режија на Германецот Глок.

Фелипе Маса направи се што можеше, славеше пред домашната публика, но тоа не му беше доволно за конечно славје.

Маса на крајот освои десет бода, Хамилтон четири и на крајот пилотот на Мекларен има вкупно 99 бодови наспроти 98 колку собра возачот на Ферари.

Трката започна драматично, дождот во Бразил го одложи стартот десетина минути. Но набрзо дождот престана, а стазата брзо се исуши бидејќи температурата беше висока.

Но дождот на самиот крај повторно ја закомплицира ситуацијата на шест круга пред крај на трката. Возачите повторно отидоа во боксот по гуми за дожд. Кога Маса мина низ целта, Хамилтон сеуште беше на шестото место и почна неопишливо славје во Ферари. Но, потоа се појави Глок и режираше една од најинтересните завршници во Формула 1.

Ферари најдобри во пласманот на конструктори

Тимот на Ферари ја освои титулата во конкуренција на конструктори со 172 освоени бода. Мекалрен на крајот е втор со 151 бод, а Кубица и Хајдфилд за БМВ Заубер собраа 135. Четврти е Рено, а петти Тојота.

Хамилтон првиот темномурест возач и најмлад светски шампион

Инаку, 22 годишниот Хамилтон е првиот темномурест возач во историјата на Формула 1 и најмладиот светски првак во тој спорт. Минатата сезона ја заврши на второто место со 109 освоени бода, а титулата за влакно му избега во последната трка.

Оваа година славеше во Австралија, Монако, Велика Британија, Германија и Кина.

Луис Хамилтон е деветиот британски возач кој ја освои титулата светски шампион, а ова е 25 пат во историјата одлуката за светски шампион да падне во последната трка од сезоната.

tocka.com.mk
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не, шампионот го носи бројот 1 каде и да оди. Се сеќавате Алонсо кога отиде во Мекларен дека беше број 1, а Хамилтон беше број 2?
 
sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Кај прочита дека Глок го пушти на Хамилтон. Глок не можеше да издржи, затоа беше претекнат од Хамилтон. Досега ни Ферари ни ФИА не се бунеа за тоа што се случи, ама по се изгледа најголемите стручњаци се тука на Кајгана.com и знаат дека Глок го пуштил на Хамилтон :pos:
Ma aj ne lupaj gluposti taka sum iznerviran od krajnata trka pa uste da jades G mi fali tuka traj si tamu i svirkaj si
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Никол Шерцингер го убедила Тимо Глок да се тргне?
Само една нежна молба од сексипилниот глас на Никол Шерцингер (Pussycat Dolls) на тимското радио на Тимо, била повеќе од доволна причина за експресно притискање на педалата за кочење и пропуштање на Ветел и Хамилтон. Непристојниот предлогот кој Никол му го понудила на Глок останува непознат. Ќе беше фер доколку беше така, но сепак вистината е поинаква.
tocka.com.mk
Ајде, уште една жртва на текстот од Точка :pos:
Ама изгледа не го прочитал добро како што треба, болдираното кажува се :)
 
sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Никол Шерцингер го убедила Тимо Глок да се тргне?
Само една нежна молба од сексипилниот глас на Никол Шерцингер (Pussycat Dolls) на тимското радио на Тимо, била повеќе од доволна причина за експресно притискање на педалата за кочење и пропуштање на Ветел и Хамилтон. Непристојниот предлогот кој Никол му го понудила на Глок останува непознат. Ќе беше фер доколку беше така, но сепак вистината е поинаква.

Луис Хамилтон е новиот светски шампион. Пилотот на Мекларен ја осигура титулата во последните стотина метри на трката за Гоелмата награда на Бразил, благодарение на пријателскиот гест на Тимо Глок, кој му го препушти петтото место. Фелипе Маса ја однесе победата, во рацето го држеше епитетот светски шампион се до самиот финиш...

Хамилтон ја осигура титулата апсолутно во последните метри од трката. Имено, беше на петтото место, но Фетел го мина на неколку кругови пред крајот и го помести на шестото место што за Хамилтон не беше доволно за титула. Но, само неколку метри пред целта, четвртопласираниот Глок наеднаш успори, ги пропушти Хамилтон и Фетел, па Британецот ја освои титулата во режија на Германецот Глок.

Фелипе Маса направи се што можеше, славеше пред домашната публика, но тоа не му беше доволно за конечно славје.

Маса на крајот освои десет бода, Хамилтон четири и на крајот пилотот на Мекларен има вкупно 99 бодови наспроти 98 колку собра возачот на Ферари.

Трката започна драматично, дождот во Бразил го одложи стартот десетина минути. Но набрзо дождот престана, а стазата брзо се исуши бидејќи температурата беше висока.

Но дождот на самиот крај повторно ја закомплицира ситуацијата на шест круга пред крај на трката. Возачите повторно отидоа во боксот по гуми за дожд. Кога Маса мина низ целта, Хамилтон сеуште беше на шестото место и почна неопишливо славје во Ферари. Но, потоа се појави Глок и режираше една од најинтересните завршници во Формула 1.

Ферари најдобри во пласманот на конструктори

Тимот на Ферари ја освои титулата во конкуренција на конструктори со 172 освоени бода. Мекалрен на крајот е втор со 151 бод, а Кубица и Хајдфилд за БМВ Заубер собраа 135. Четврти е Рено, а петти Тојота.

Хамилтон првиот темномурест возач и најмлад светски шампион

Инаку, 22 годишниот Хамилтон е првиот темномурест возач во историјата на Формула 1 и најмладиот светски првак во тој спорт. Минатата сезона ја заврши на второто место со 109 освоени бода, а титулата за влакно му избега во последната трка.

Оваа година славеше во Австралија, Монако, Велика Британија, Германија и Кина.

Луис Хамилтон е деветиот британски возач кој ја освои титулата светски шампион, а ова е 25 пат во историјата одлуката за светски шампион да падне во последната трка од сезоната.

tocka.com.mk
Cisti gluposti za publicitet pravat kako prvo nikoj nema pristap do toa radio T.e timskoto radio na toj tim kamoli pak nekoj od konkurencijata 2ro timskite radio se prisluskuvaat od vnatresna kontrola taka da ne smee da ima direktna naredba za propustanje vo sprotivno ke ima sankcii
 
ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
За тие што викаат дека Глок го пропуштил на Хамилтон. Видовте ли дека Глок возеше побрзо од Трули (побрзи кругови направи со истите гуми?) . Стварно значи не сфаќате што се случува со гумите кога ќе врне дожд. Луѓе ЧОВЕКОТ немаше НИКАКОВ GRIP. Болидот едноставно НЕ МОЖЕ да се контролира. Зошто не зборувате за тоа како Раиконен се СОБРА В ЅИД во Белгија? Тој е бивш шампион, како можеше тој да дозволи тоа да се случи? Како можеше Хајдфелд во Белгија од 8мо место да стигне до трето во последниот круг? Ај вратете филм малце назад.
:nesvest:
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
ОМГ....абе доста веќе со тоа.
Пишувајте што сакате, мојот став нема да го промени никој.
Ај клуч на темава. Здосадивте веќе.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Факт е дека подарена му беше титулата на Хамилтон по гестот на Тимо Глок, како да не можеше до максимум да ги извози тие 200,300 метри машки до крај со педалата за гас до крај стисната? Ама ајде и тоа помина.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Факт е дека подарена му беше титулата на Хамилтон по гестот на Тимо Глок, како да не можеше до максимум да ги извози тие 200,300 метри машки до крај со педалата за гас до крај стисната? Ама ајде и тоа помина.
Факт е дека ако Глок стиснеше машки на педалата до крај ќе одеше во некоја пченка и немаше да ја заврши трката. И ај веќе ставете клуч на темава, секој ден се јавуваат нови и нови стручњаци.
 
А

Ајсшутер

Гостин

Стисне на педалата :pos:
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Факт е дека ако Глок стиснеше машки на педалата до крај ќе одеше во некоја пченка и немаше да ја заврши трката. И ај веќе ставете клуч на темава, секој ден се јавуваат нови и нови стручњаци.
Со самото то шо помислуваш на стискање на педалата до крај во дождлива трка, ми даваш до знаење дека сите на темава се поголеми стручњаци од тебе, па дури и Ајсшутер. :)

Било кој на дождлива трка да стисни до максимум и ојде јабана. Затоа треба да се најде оптимум со која брзина да се вози и да се контролира болидот, а да не излеташ надвор. Таа брзина не е 30 км/ч.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom