... не би се сложила со коментар за апсолутна безбедност на ,,суплименти и препарати како додаток на исхрана,, , ајде логички да размислиме зашто би додале дополнителни витамини и минерали кога ние воопшто не знаеме дека се дефицит односно недостасуваат во нас?
-една чаша полна со вода, ако додадеме дополнително вода ,,за да има за секој случај,, нема ли да се прелие, оти веќе е полна?
...пред да се пуштатат лековите во употреба има многу клинички испитување, додека сите овие хербални препарати, суплименти малтене преку ноќ се исфрлуваат на пазарот, дистрибутерите имаат голема акција на рекламирање на овие производи како во етерот, така и во местата каде се препорачуваат како лекарски и гинеколошки ординации, дали некој направил лабораториско испитување и да се докаже недостаток на некој витамин, минерал ? или само од ракав дадено по препоставка дека нема да наштети све е тоа природно што е голема грешка која ако во моментот нема да се осети но со тек на време ќе биде подлога за оштетување на некој орган и метаболизмот воопшто и после што да се пие за таа нова појава--болест? и све во круг додека организмот не попушти...
...
самото име ,,додадоток на исхрана,, не значи дека е безбедно и дека може слободно и секојдневно да се користи, па зарем многуте болести во телото не се поради погрешната исхрана?
..
.сите овие препарати се оправдани да се применат само и само ако се докаже недостаток на тоа што истите го имаат во својот состав и тоа после некое време што сме се труделе со специфична, засилена и одредена исхрана истата да ја подобриме, па не ја бидува!!
- па се применува готови вакви суплименти, а не ваму здрава, права, со никакви аномалии и дефицит докажан ќе зема вакви суплименти, оти желбата била да зачне? што ако нема жената овулација поради друга причина? што ќе прави со вишокот на калциум, магнезиум, бакар и јод што ги има овој препарат?
...да ја спомнувам високата цена на препаратот, која не е поради ,,фантастичниот состав,, туку поради покривање на целиот тој ланец на препорака од дистрибутери, препишувачи, понудувачи и медициски препораки што го продава производот, оти истите витамини па дури и фолната не се со таа цена...
како и да е секој луксуз се плаќа не велам не, но никако пред предходно испитување и докажување на недостаток на тоа што го нуди препаратот во својот состав !
И пак ќе повторам :
Да ! некоја треба да го пие и некому треба да се препорача, ама на таа што му се докажува недостаток на додадениот суплимент, а не све живо и диво без никакво испитување, не е во ред и не е фер
....
не си играјте со здравјето !!!