Фитнес тренерите во Македонија - ги контролира ли некој?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Пожелно е да имаш и лиценца, не велам не. Ако ништо друго, барем си поубедителен кај потенцијалните клиенти. :D

Ако на некој не успееш да му продадеш совети и услуги, ќе прочита по форуми и веб сајтови, или ќе појде во теретана и таму ќе научи како треба да вежба, од тие што вежбаат. На крај, и тој без "стручен" совет, и ти без пари.

Искрено, не гледам некој голем проблем во тоа одреден релативно искусен "фитнес тренер", со 3-4 годишно искуство и солидно оформено тело како своевиден доказ за неговата стручност, да продава услуги и фитнес совети. Чим оформил добро тело, ваљда не е дотолку дудук, знае што прави. :toe:

Не треба да си експерт, со диплома од Харвард, за на некој да му продадеш план за кето диета, или да му составиш солидна програма за вежбање во теретана. Зошто би ми била потребна лиценца, за на некоја богата габаритна теткица, да ѝ продадам програма за слабеење која вклучува одредена диета и возење точак!?

Тоа со ишијас, артритис и срцеви мани, тоа е одговорност на клиентот. Клиентот треба да е свесен дека ако е сакат, не е препорачливо физички да се оптеретува. И да не ти плати за услугите, тој пак ќе почне да тренира во теретана, без да направи проверки и тестови, како 99.99% од вежбачите.


Не така, вака:

- Адвокатот те заебал и поради негова грешка ќе одиш во затвор/ќе плаќаш огромни пари? Па кој ти е крив што си одбрал тапа адвокат!?
- Водоинсталатерот ти дошол и наместо да ти ја поправи шољата ти направил поплава? Па кој ти е крив што си одбрал тапа водоинсталатер!?


Не сум глуп да му дадам на студент од прва година да ме брани на суд, кога имам можност да платам за 10 пати поквалитетен адвокат, со 30 години искуство. :D


Ќе го самоубијам во кофа со сурутка!

Уствари, јас самиот ќе се самоубијам, чим сум бил доволно глуп да му платам на Стеф да ме учи како да правам стомачни и како да скокам во место и тегнам ластици.
Дупли јузер си ама ајде ќе те истолерираме само да ти се објаснат некои ствари.

Не знам како не ви е јасно дека не е до тоа што одредена личност Х ќе прочита на интернет и ќе го направи наместо друга личност Y да му го каже тоа и да земе пари. Зошто тогаш ти кога ќе се грипосаш одиш на лекар да ти препише антибиотици а не пиеш чај од нане како што има на секој вебсајт? ЗНачи бараш помош од професионалец. Исто така, како не ви е страв дека некогаш може некого на душа да го земете? Не е ова заебанција од типот на инсталирај Виндоус 7 на овој начин и ако го посереш бутабилното ЦД или УСБ, трк до трафика, купи ново и пробај на друг начин. Знаете ли колку смртни случаи има кај млади деца задњиве 5 години отприлика поради инфаркти предизвикани од хемиите кои се земаат заради тоа што некој самопрогласен експерт препорачувал дози „од рака“? Убаво објасни тука и @Misery со постот дека си треба и одредени познавања од кинезиологија ако сакаш навистина да си професионалец во оваа сфера и е одговор на постот зошто не би можел некој да слабее луѓе. Не можеш да си професионалец со Youtube. Професионалец си ако можеш да се пофалиш со интернационални или ајде, државни одличја.



Повеќе вода држи постот на @kano каде што вели дека треба да има лиценци/курсеви но никој кај нас не ги организира, значи ете проблем за кој навистина треба да се залагате вие што сте фитнес тренери со знаење како што се декларирате. Како прво ќе ја елиминирате дивата конкуренција, како второ пред убаво ќе изгледа пред клиентелата. Што мислиш, некој што навистина сака здраво да ослабе/да се зацврсне, од кого би побарал совет, од рандом лик на FB или од оваа? Зборувам за некој што навистина знае како стојат работите, лик кој оди на лекар наместо да гледа Баба Рада или исцелител Иван а генерално народов би барал лик кој ќе му рече дека за 2 недели ќе ослабе 20 кила, исто како овие што ги спомнав претходно што лечат и СИДА и Хепатит Ц без последици.

И да се повторам, не е проблемот до фаците што ќе пишат на ФБ прај ова прај она, проблемот е до фаците КОИ ЗЕМААТ ПАРИ за експертиза со ништо не ја потврдуваат.
 
Член од
3 август 2015
Мислења
9
Поени од реакции
44
@Ilumious

Не лоцираш каде имаме конфликт во ставовите, инаку, многу убаво те разбирам што сакаш да кажиш, и се сложувам со тоа, но ова е друго.

Инструкторите што се по теретаните, никој од нив нема лиценца и диплома од Харвард, па кога ќе појдеш во теретана, нив ги прашуваш што да вежбаш. Што е толку проблематично ако за тие совети и инструкции инструкторот ти наплати, наместо да ти ги даде бесплатно?

Истата програма може да ти ја даде бесплатно, но има можност и да ти ја наплати. Ако му се пружи шанса, зошто да не ти наплати? Зошто би му била потребна лиценца, за нешто кое би можел да ти го даде бесплатно, но ете, решил да ти земе пари за тоа?

Што мислиш, некој што навистина сака здраво да ослабе/да се зацврсне, од кого би побарал совет, од рандом лик на FB или од оваа? Зборувам за некој што навистина знае како стојат работите, лик кој оди на лекар наместо да гледа Баба Рада или исцелител Иван
Ако двајцата делат совети бесплатно, веројатно би побарал совет од таа, Лојаница.
Ако Лојаница наплаќа 300 евра, а овој нема толку пари за фрлање, веројатно би побарал совет од рандом ликот на Фејсбук. Нормално, доколку процени дека е саглам човек, кој има видливи резултати на него, и солидно искуство.

А ако е некој паметен дечко, кој вежба чисто рекреативно, и нема многу пари за фрлање на глупи совети за слабеење, ќе побара тренинзи од Лојаница на YouTube, и ќе седне неколку недели да прочита за вежби, слабеење, тренинзи, диети, искуства од други луѓе, бесплатни совети од професионални фитнес тренери и тн. :D

Иначе, да, дупли акаунт е ова, Con Artist. Во меѓувреме ме банирале на неколку дена, веројатно се пожалило некое од пичињана во Религија. Ама ако, гледа Госпо. :sneaky:
Уште некој ден и заминувам на одмор, па затоа направив дупли, нема смисла да ти реплицирам во Септември, а не сакав да остане недокажано.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Прашање е зошто и досега нема лиценци со оглед на популарноста. Не знам дали за другите сличен тип има (аеробик, јога, зумба, комба...) ама и за нив треба. Ниту се има осет ниту се обрнува внимание на возраст и здравствена состојба. Повеќето клубови функционираат по системот дај ги парите, ене ти справи вежбај. Трагично е што најголем дел од тие ликови обавезно продаваат и секакви препарати кои може страшно лошо да влијаат на здравјето.
Инструкторите што се по теретаните, никој од нив нема лиценца и диплома од Харвард, па кога ќе појдеш во теретана, нив ги прашуваш што да вежбаш. Што е толку проблематично ако за тие совети и инструкции инструкторот ти наплати, наместо да ти ги даде бесплатно?.
не е тоа поентата. Тие кои сега имаат улога на газди на теретани, дел од нив не се воопшто остручени ни за медицински проблеми ни за исхрана без разлика дали се натпреварувачи. Некои од нив завршувале на кардиохирургија, други се лекувале од оштетен црн дроб итн. Тие самонаречени инструктори се ќе сторат за профит. Затоа е потребна обука, полагање и лиценца.
Не треба да си експерт, со диплома од Харвард, за на некој да му продадеш план за кето диета,
и подоцна во животот да има проблем со шеќери, срце, џигер...да не може да се опорави. Секој човек и неговата состојба се приказна за себе.
Тоа со ишијас, артритис и срцеви мани, тоа е одговорност на клиентот. Клиентот треба да е свесен дека ако е сакат, не е препорачливо физички да се оптеретува.
не е баш така. Ете креатинот е лош за лица со висок притисок, но газдата вели супер е, земи, воопшто не те прашува за тоа какви проблеми имаш. Како пример, инаку има милион ствари што не смееш апансас да ги земаш (замастен црн дроб и големи количини суплементи).
Уствари, јас самиот ќе се самоубијам, чим сум бил доволно глуп да му платам на Стеф да ме учи како да правам стомачни и како да скокам во место и тегнам ластици.
кога ќе влезеш во фитнес клуб, ти и не знаеш кој е ко Стефан, кој е сериозен. Неискусен си, тазе и ќе прифатиш секакви "стручни" совети.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Кај нас теретаните т.е фитнес центрите не се по стандарди, а не за друго.
Инаку нема потреба од лиценци, си има факултет кај нас за тоа ДИФ, ама не е популарно т.е треба факултетот да се ребрендира во фитнес, велнес и слично.
А дека треба да има контрола треба, не секоја будала треба да изиграва фитнес тренер, сепак човечки живот е во прашање. А контролите треба да бидат парични или условно затворски и пола од самопрогласените фитнес тренери ќе завршат со нивната кариера уште првата недела
 
А

Атлантист

Гостин
Потребно е да се има лиценца и во оваа свера која би се одземала поради незадаоволување на критериуми, но поважно е да се има соодветна казнена политика и тоа првенствено во свери како медицина, право, градежништво итн. Докторите имаат и дипломи, лиценци. досега ниеден доктор не одговарал поради лекарска грешка или нестручност.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Потребно е да се има лиценца и во оваа свера која би се одземала поради незадаоволување на критериуми, но поважно е да се има соодветна казнена политика и тоа првенствено во свери како медицина, право, градежништво итн. Докторите имаат и дипломи, лиценци. досега ниеден доктор не одговарал поради лекарска грешка или нестручност.
Како што секоја будала стана обезбедување со лиценца, така и секоја будала ќе стане фитнес тренер. Си има факултет за ова, нема потреба од лиценци, доволно е да ги казнуваат бидејќи немаат соодветно образование. Евентуално, ако се самоуки ДИФ да воведе тестирање, па да имаш некоја лиценца за работа, што ќе ја изгубиш при првата грешка
 
А

Атлантист

Гостин
Ретко кој го има завршено ДИФ, дури и овие што имаат учествувано на меѓународни натпревари, така да ако е тоа критериум ќе треба сите да ги затворат. А тестирање некаво, системот е корумпиран, може само да се искористи за елиминирање на конукуренцијата.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917
Ова со лиценците кај нас ниту функционира ниту ќе функционира.
Денес секоја будала со направена една шема ќе ти подели некаков совет во теретана.
Али во државава имаме уште поголеми проблеми од ова, речиси во секоја професија има батки кои немаат основни познавања, а се прават стручњаци, на пример од тоа што сум изгорен најмногу медицината.

Работата е што кај нас колку толку е регулирано „легалното“ земање на тие недозволените средства, со исклучок на неколку кои не се до толку страшни. Проблем е нелегалното, а уште поголем проблем е тоа што тие што треба да го регулираат се главни увозници и продавачи.

Кога би се оформила добра федерација со луѓе кои нема да си гледаат само за личните интереси, составена од стручни лица, а не од т.н профи билдери кои успеале да го направат телото со правење на шеми препишани од интернет, немајќи појма ни што земаат ни што предизвикува во телото е тогаш би биле еден чекор понапред. Следен чекор е да поминат и да ги исконтролираат сите теретани/аеробик/најновава мода крос фит за која треба многу повеќе од лудо скокање по вратила, дигање како ненормален тежини без паузи и ротациите и тн и тн, па да ги затворат оние што имаат рандом инструктори, да се воведе испит/тестирање за лиценца за инструктор (али пак ќе се подмитува и ќе се зема на жими мајка) и само со таква да може да си инструктор или фитнес тренер.
Се ова би допринело да се променат одредени работи, али за во државава е секое чудо за три дена и пак ќе се најде чаре за манипуланти.
 
Член од
20 ноември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
64
Bash i mene toa malce mi e cudno se rascitav po internetov solidna suma na pari sakaat da naplatat za svoite servisi.

Od sto be decki od sto si nemal sto da pravish u maalo te mrzelo da ucish si napravil muskuli i sea demek trener ? ma ajde

Licno nikad ne bi platil licen trener usluga na takva osoba bez soodvetvno obrazovanie pa i da bil sampion na makedonija.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.322
Јас имам диплома за Аниматор по физичка култура, испаѓа дека дури и Acid > Stef! :vozbud:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Дури и во турско овие работи биле поорганизирани. За да бидеш опинчар чиракуваш кај мајстор неколгу години и кога мајсторот ќе оцени дека си го испекол занаетот ти дава тапија дека те бива за сам да работиш. Ова важи за се.
Од една страна имаш фризерки кои биле на обука во работнички универзитет, учеле, полагале, се стекнале со диплома......а имаш и фризерки кои купиле ножици и чешел, ошутеле две три комшики за без пари и се претставуваат како фризерки.

Секој што остана без работа за време на транзицијата стана плочкар, електричар, гипсар или таксист без никакво претходно искуство или образование. Па потоа клиентите се жалат и ги трпат последиците.

лиценцата или дипломата сама по себе не те прави мајстор или професионалец, туку гарантира дека си прошол одреден филтер, си стекнал основно предзнаење за дејноста што ја работиш и колку толку си стручен. Искуството и себенадоградувањето прават понатаму разлика меѓу мајстор и мајстор.

Исто би требало да биде и со тренериве. Ако не друго би требало да посетуваат и полагаат барем часови за прва помош и основи на анатомија.

По нечија логика моето искуство за работа со стоматолошка опрема, гледањето на стоматолози како работат, и гледањето видеа на интернет ми дава за право да отворам ординација и да почнам да поправам заби:confused::confused::confused::confused::confused::confused::confused::confused::confused::confused::confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom