Фитнес тренерите во Македонија - ги контролира ли некој?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Темава ја отворам од проста причина бидејќи како што напоменав на форумов пред извесно време, по професиите (ќе ги подредам хронолошки отприлика) маркетинг менаџер, стилист, бизнисмен, диџеј, фотограф низ минатото, сега најактуелна професија е фитнес тренер. Морам да напоменам дека размислував насловот да биде во наводници поради професионалноста на споменатите личности но ајде да не генерализираме а и не треба, бидејќи навистина има вистински професионалци.

Најнапред да напоменам дека целната група на темава не се фитнес тренерите кои имаат освоено еден куп награди како на државно туку и на интернационално ниво, туку овие, „дифтариве“ кои воглавно работат на ФБ и преку слики на Инстаграм.

Во државава се имаат накотено фитнес тренери на секој чекор. Отвораш Твитер, те заследил некој таков. На ФБ нонстоп имаш покани да влезеш во таква група од пријателче кое до некни имало 150 кг и од спорт разбирало само движење до кујна и WC. Другарката од средно што ти фаќала сеир дека ти се спие веќе во 22 часот поради тоа што си трчал ко коњ 5 саата на тренинг занимавајќи се со реален спорт ја гледаш дека почнала да прави програми за зацврстување на мускулите и го тагнува цело село на објавата. На форумов имавме легенда која според него се надоградуваше секој ден со знаења, преведуваше англиски блогови за да изгледа стручен на неговиот блог, а кога ќе беше запрашан за некоја глупост што ја стресол во минатото, тогаш одговараше дека бил зелен и не бил толку стручен порано.

И убаво ќе беше да остануваа само на совети, но собираат групи луѓе или клиенти, еден по еден и ги носат на кеј, ги слабеат, ги трујат со што и да најдат интересно и занимливо во Зегин.

Она што ме мачи е дали ги контролира ли некој овие луѓе во државава кои тераат клиенти да возат точак на кеј на +40 С облечени за на скијање?
Дали имаат воопшто некое познавање од медицината и каква хаварија можат да му направат на некого? Аналогно на тоа, дали има некој закон кој наведува дека задолжително треба да имаат лиценца за да бидат фитнес тренери?
Плаќаат ли данок на парите што ги земаат од Ојле - Дојле?

Дали мислите дека ситуацијава во која гледаме дека и шуто и рогато се расфрла со секакви термини кои вклучуваат човечко здравје е загрижувачка и дека треба да се преземе нешто?
 
Член од
13 јуни 2014
Мислења
114
Поени од реакции
55
Дефинитивно нема никаква контрола врз нив!
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.058
Поени од реакции
19.753
За да делиш совети за вежбање, исхрана or whatever, нема потреба да имаш лиценца. Совети делиме и на форум, а не сме лиценцирани професионалци. Совети за зацврстување на стомакот и слабеење, делиме и дома, во теретана, на другари, на пријатели, на роднини, а сепак не сме нутриционисти со диплома од Харвард.

Пр. на форум може да прочиташ информација дека не треба да вежбаш трапез, бидејќи ќе се направиш како шифуњер. Не треба да вежбаш стомачни, бидејќи кога се бањаш сапунот ќе ти се рендал. И сега што треба на овие да им направиме? Да им бараме лиценца!? Да ги пријавиме во УЈП да плаќаат данок!? Да ги самоубиеме во кофа со вода!?

Што е разликата помеѓу нас и фитнес тренерите во наводници? Разликата е во тоа што тие решиле своите "маалски" совети и скромно знаење, да го наплатат, да се снајдат и да заработат во оваа вукојебина. И тоа е сосема ОК, според мене. Секоја овца која е мрзлива за сама да се едуцира и доволно глупа за да не може да препознае дека ѝ продаваш "ветар во магла", заслужува квалитетно стрижење, плус гратис бричење.

Така да...

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
@Con Artist според мене треба да има лиценци ако веќе се декларираш дека си некој и нешто. Не зборам за делење совети, секој може да даде совет. Ова се лица кои се прокламираат дека се експерти од областа и бараат пари за услугите. Не можеш да споредуваш со форумски совети. На форум никој не ти бара пари за советот или минатото искуство и секако подобро е да контактираш стручно лице.

Правам муабет и за лица кои си земаат за право да тренираат (а воедно немаат никаков документ дека имаат познавање од областа) и слабеат луѓе со ишијас, артритис, срцеви маани, дискус хернија, дијабетес. Тоа е измама.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.617
Поени од реакции
10.869
Треба да има контрола ама нема. Има глуп народ, кој е очаен и верува на се и сешто и нормално дека поединци ќе користат. И тата би сине ;)
 
-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
837
Убаво има кажано Mike Rashid, денеска секој што научил да внесува бројки во myfitnesspal ти е персонален тренер и незнам што, а кај нас се кладам 90% од самодекларираните тренеришта немаат чуено што е тоа.

Само криво ми е што наоѓаат начин да ги лажат луѓето и им собираат енормни суми месечно. А и не е дека нема наивни и глупи што би фрлиле пари на се и сешто, ипак..
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.862
Мислам дека за да отвориш: клуб за боречки вештини, спортови, фитнес центар уствари било каков клуб во кои ке обучуваш некого за нешто треба да приложиш дипломи и признанија во врска со тоа. Иначе и инспекција мине по клубовите незнам дали пазарна инс. али некоја некаква која ги контролира овие работи. А добар тренер се познава уште кога ке го видиш и здраво ке направите тој што знае да чита ке прочита дали е фалш преварант или е достоен човек за тоа што го работи.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
За да делиш совети за вежбање, исхрана or whatever, нема потреба да имаш лиценца. Совети делиме и на форум, а не сме лиценцирани професионалци. Совети за зацврстување на стомакот и слабеење, делиме и дома, во теретана, на другари, на пријатели, на роднини, а сепак не сме нутриционисти со диплома од Харвард.

Пр. на форум може да прочиташ информација дека не треба да вежбаш трапез, бидејќи ќе се направиш како шифуњер. Не треба да вежбаш стомачни, бидејќи кога се бањаш сапунот ќе ти се рендал. И сега што треба на овие да им направиме? Да им бараме лиценца!? Да ги пријавиме во УЈП да плаќаат данок!? Да ги самоубиеме во кофа со вода!?

Што е разликата помеѓу нас и фитнес тренерите во наводници? Разликата е во тоа што тие решиле своите "маалски" совети и скромно знаење, да го наплатат, да се снајдат и да заработат во оваа вукојебина. И тоа е сосема ОК, според мене. Секоја овца која е мрзлива за сама да се едуцира и доволно глупа за да не може да препознае дека ѝ продаваш "ветар во магла", заслужува квалитетно стрижење, плус гратис бричење.
Има огромна разлика помеѓу давање совети на форуми, праење муабети неврзани итн. и давање на услуга за пари.
По логикава што ја употребуваш може некој да рече:
„Адвокатот те заебал и поради негова грешка ќе одиш во затвор/ќе плаќаш огромни пари? Па кој ти е крив што не си научил право сам па да си се браниш.“
„Водоинсталатерот ти дошол и наместо да ти ја поправи шољата ти направил поплава? Па кој ти крив што не си научил сам да поправаш казанче.“

Ти би му дал на студент од прва година право да те брани на суд? Тоа не е легално во МКД ама да беше би му дал? Епа исто ти е и со овие тренери. И ко што спомнаа пред мене, кога на Стеф ќе го прашале зашто порано имал вакво погрешно мислење тој ќе речел дека бил зелен. Па секако дека бил зелен, пошто е самоук. И јас прва година имав еден куп погрешни мислења за правото и како функционира правниот систем.

Ако сакаш да земаш пари за твојата услуга треба да си профи треба да имаш профи знањења и фала богу лиценца од овластена организација што ќе ја контролира таа струка.
Зашто ако адвокатот те заебе и поради негова грешка го изгубиш случајот можеш да го тужиш. Ако ептен заебал може да изгуби лиценца за работа. Истото е и за докторот на пример.

А ако Стеф те заебе што ќе правиш? Ќе поплачеш на форум ете што.

Значи за секоја струка треба диплома и лиценца. Тука нема ама во странство на пример САД ти треба лиценца и за водоинсталатер да бидеш. Сакаш да бидеш финансиски советник? Лиценца, тестови полагање и све тоа...
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Фитнес тренерите во Македонија се на далечно пониско ниво во однос на оние во странство. Дали само 10% фитнес тренери кај нас правилно си ја вршат работата. Битно им е да те привлечат, да им дадеш пари за месечна членарина, ќе ти покажат полугрешни вежби и се губат.

Начинот на однесување на фитнес тренерите е скоро на ниво на сељак. Тој е малку поднапумпан, лошо истетовиран, исфрустриран од своето тело и од телото на другите, тип.

Во денешно време секој втори може да биде фитнес тренер. Еве ќе почнам да зборувам за фитнес тренерите на местата на кои до сега сум вежбал.

Имало фитнес тренери кои неколку собрале пари и направиле од две соби фитнес центар од 40м2. Едниот е останат со средно, другиот работи како чистач, но ,,има'' познавање од фитнес вежби, другиот е тежок сељак кој нема појма од како се прават вежби. Тие самите не се нарекуваат фитнес тренери, немаат закачено никакви лиценца, признанија и слични работи кои укажуваат на тоа дека они имаат познавање од фитнес вежби.

Друго е тоа како една популарна фитнес ѕвезда отвара ултра луксузен фитнес центар, има познавање, лиценца и признанија, но не сака да се замара со вежби, па како фитнес тренери ги вработува најстарите и најуспешните (во градење на своето тело) муштерии, кои си немаат допирна точка со фитнес тренери, но битно знаат да ти кажат која справа за што. Уствари не ги вработува, тие и вежбаат и се прикажуваат како тренери. И не е да речеш еден ваков фитнес центар, туку тоа е скоро насекаде така.

А дали некој ги контролира? Никој. Кога ќе помине инспекција се изгледа така уредно и добро, секој си ја знае својата работа, но кога ќе се тргне иснпекцијата, пак е стариот начин на функционирање. А и да не се прикриваат, инспекцијата не им се замара, зошто кај нас нема некој стандарди за фитнес тренер, кај нас повеќето мислат дека фитнесот е играње играчки по справите и пумпање на муслкулатурата.

За да ги контролира некој треба да се има бар некаков курс за фитнес тренери каде ќе се даваат лиценца, ќе се учат сите работи околу фитнесот, но ќе се учи и по нешто за функционалноста на организмот од медицинска страна, зошто фитнес тренерите секого го примаат за да вежба.......... и срцеболесник, и некој со проблеми од типот на пат е за анорексија.........., а тоа што нудат стероиди, што се крајно штетни, е друга приказна.

Но кај нас за многу побитни работи не се врши контрола и не се придава значење, не па за работата на фитнес тренерите.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.302
Поени од реакции
22.588
@Ilumious во МКД битни работни не се лиценцирани и контролирани не пак ова. Да треба, и не ми е јасно зошто некој не води сметка, може да се среди ова со 6 месечен курс каде ќе се изучуваат основните работи ама ете не е регулирано. Страшно е што ко што кажа дека ова е навидум небитна професија а сепак може и те како да има последници поготово ако муштеријата има здраствени проблеми. На запад за нешто такво (работа без лиценца) може да бидеш тужен па дури и затвор да одлежиш во МКД фактот што не си лиценциран најверојатно е и плус пошто ќе си работиш на диво и нема да плаќаш даноци. Трагично е што Стеф уствари и се трудеше и сакаше да научи, да имаше курс веројатно и ќе запишеше а колку има што ни 10% од она што он го правеше не го прават а пак глумат тренери...
 
G

garthok

Гостин

Стеф сигурно отворил фирма, не верувам дека работи на диво со оглед на локацијата и маркетингот што го фура. А дека не е стручен, не е.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.302
Поени од реакции
22.588
Стеф сигурно отворил фирма, не верувам дека работи на диво со оглед на локацијата и маркетингот што го фура. А дека не е стручен, не е.
Многу јасно и не го правдам ама што е он крив што неможе да се школува и лиценцира кога нема такво нешто во државата. Има многу постручни од него али и они се во иста каша, едноставно дел од дива професија без лиценца и без структурирана едукација.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Не ги контролира никој а мора да ги контролира.
Имам видено куп луѓе кои обожаваат себеси да се нарекуваат фитнес тренери, па и оние кој не наплаќаат а се осеќаат дословни да делат совети, кој немаат појма од основна кинезиологија.
Е сеа, кинезиологија е клучниот елемент во биднување на фитнес тренер.
Исхраната е нутриционистичка работа, со вложени 30-60тина часа читање на интернет секој може да ги научи основите на нутриционизмот и примената.
Кинезиологијата неможе. За тоа ти треба анатомија. А анатомијата и кинезиологијата се преобемни теми кои не се занимаваат со непрецизности како „прави рамен бенч за средни гради“.
Неможе некој да ти каже како се прави мртво од гледање клип на јутуб со правилна форма, треба некој да ти објасни зашто и како е тоа така, каде ти паѓа тежиштето. Некој треба да ти објасни дека траекторијата на шипката при мртво кревање треба да исцртува права линија. А кој ќе ти објасни ? Некое бате што крева 200 кила, а тежиштето му паѓа на T7 и е само прашање на време кога ќе му се заздеси лизгање на пршлен ?
Тоа што луѓе не разбираат е дека фактот што некој успеал да се набилда , не го прави тренер. Немора да значи ни дека тој самиот правилно ги изведува вежбите.
Куп пати сум забележал батиња, 2 пати поголеми од мене, како прават некој почетнички грешки при изведување на вежби.
На крај краева, да не заборавиме дека покрај горенаброените ствари треба да имаш бар основни познавања од биохемија, физиологија и типови на тренинг.
Срамота е да плаќаш на некој да ти каже да вежбаш Гради-Бицепс/Грб-Трицепс/Рамо-Нозе .
Срамота е да плаќаш тренeр кој не ја разбира разликата помеѓу powerlifting, olympic weightlifting и bodybuilding.
Ама тоа е.
 
Член од
3 август 2015
Мислења
9
Поени од реакции
44
@Con Artist според мене треба да има лиценци ако веќе се декларираш дека си некој и нешто. Не зборам за делење совети, секој може да даде совет. Ова се лица кои се прокламираат дека се експерти од областа и бараат пари за услугите. Не можеш да споредуваш со форумски совети. На форум никој не ти бара пари за советот или минатото искуство и секако подобро е да контактираш стручно лице.

Правам муабет и за лица кои си земаат за право да тренираат (а воедно немаат никаков документ дека имаат познавање од областа) и слабеат луѓе со ишијас, артритис, срцеви маани, дискус хернија, дијабетес. Тоа е измама.
Пожелно е да имаш и лиценца, не велам не. Ако ништо друго, барем си поубедителен кај потенцијалните клиенти. :D

Ако на некој не успееш да му продадеш совети и услуги, ќе прочита по форуми и веб сајтови, или ќе појде во теретана и таму ќе научи како треба да вежба, од тие што вежбаат. На крај, и тој без "стручен" совет, и ти без пари.

Искрено, не гледам некој голем проблем во тоа одреден релативно искусен "фитнес тренер", со 3-4 годишно искуство и солидно оформено тело како своевиден доказ за неговата стручност, да продава услуги и фитнес совети. Чим оформил добро тело, ваљда не е дотолку дудук, знае што прави. :toe:

Не треба да си експерт, со диплома од Харвард, за на некој да му продадеш план за кето диета, или да му составиш солидна програма за вежбање во теретана. Зошто би ми била потребна лиценца, за на некоја богата габаритна теткица, да ѝ продадам програма за слабеење која вклучува одредена диета и возење точак!?

Тоа со ишијас, артритис и срцеви мани, тоа е одговорност на клиентот. Клиентот треба да е свесен дека ако е сакат, не е препорачливо физички да се оптеретува. И да не ти плати за услугите, тој пак ќе почне да тренира во теретана, без да направи проверки и тестови, како 99.99% од вежбачите.

По логикава што ја употребуваш може некој да рече:
„Адвокатот те заебал и поради негова грешка ќе одиш во затвор/ќе плаќаш огромни пари? Па кој ти е крив што не си научил право сам па да си се браниш.“
„Водоинсталатерот ти дошол и наместо да ти ја поправи шољата ти направил поплава? Па кој ти крив што не си научил сам да поправаш казанче.“
Не така, вака:

- Адвокатот те заебал и поради негова грешка ќе одиш во затвор/ќе плаќаш огромни пари? Па кој ти е крив што си одбрал тапа адвокат!?
- Водоинсталатерот ти дошол и наместо да ти ја поправи шољата ти направил поплава? Па кој ти е крив што си одбрал тапа водоинсталатер!?

Ти би му дал на студент од прва година право да те брани на суд? Тоа не е легално во МКД ама да беше би му дал?
Не сум глуп да му дадам на студент од прва година да ме брани на суд, кога имам можност да платам за 10 пати поквалитетен адвокат, со 30 години искуство. :D

А ако Стеф те заебе што ќе правиш?
Ќе го самоубијам во кофа со сурутка!

Уствари, јас самиот ќе се самоубијам, чим сум бил доволно глуп да му платам на Стеф да ме учи како да правам стомачни и како да скокам во место и тегнам ластици.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom