- Член од
- 5 август 2009
- Мислења
- 1.295
- Поени од реакции
- 484
Апликација ми треба, поточно треба да ја правам. Треба да има дел за генерирање на кодови (зошто имам производство) и дел за препознавање на кодови (продажба). Ниту едното во пракса не сум го работел до сега, но се надевам дека нема да ми изедат повеќе од 1 недела ... се надевам дека не грешам во претпоставката пошто ќе изгорамИ дефинитивно потврдено: SY-50 освен шо можи да печати фискални сметки, то е то... нема можност (засега) да прај нешто појќе.
Чекај сега... ти треба да го опишиш то со зборој или треба да напрајш апликација?
Друго: секој производ кој што е платен, од некаде е дојден. Шо значи, со приемот на производот автоматски имаш бар код. Така да бар код генератор 158,9% нема да ти треба, освен ако не планираш производство.
Кога сме кај бар код читачите, имам јадено уба попара. Мој избор би бил ласерски бар код читач, по можност да кошта над 100 евра.

А баш некои такви модели од 100 евра сакаат да земат. Некако сум скептик пошто од старт знам дека тие се најефтините. Не ми е проблем ако се расипуваат, тоа веќе не е мој домен на работа, ќе си ги носат по сервиси, туку незнам каква поддршка имаат (библиотеки, документација и сл.) и дали прецизноста на препознавање е на солидно нивно.