Финансиска писменост како предмет во основно образование

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.459
Конечно нешто барем и делумно за поздравување од феминацистичкиве штикли:
Предлог од геникологињата при ВМРО- предметот “Финансиска Писменост“ да се предава во основните школи

Настрана тоа што рестото он нејзиното излагање на темата е потполно промашување:
Така, според најновите податоци од Финдекс базата на Светска банка за 2021 година и покрај тоа што поголемиот дел од населението над 15 години има сметки во банки (85,3%), само 14,9% од населението штеди во банки (50% од оние кои имаат сметки во банка) и само 22% позајмува пари од официјални финансиски институции (од младите само 6,5%, од посиромашните само 17,6%). Наспроти ова, депозитите на домаќинствата од крајот на 2010 година до февруари 2023 година се имаат зголемено за високи 2,9 милијарди евра, а кредитирањето на банките на физичките лица за овој период расте за 2,3 милијарди евра.
Што очекува дотичнава кнегиња, банките да фатат да издаваат самоволно кредити секому?! Кој да штеди кога мнозинството население се гледаат себеси во добитна комбинација ако ги покријат месечните трошоци...
Финансиска писменост како предмет во основно школо е одлична идеја. Дефинитивно да се воведе на место на лекции по родова рамноправност и слични флоскули.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.262
Поени од реакции
3.613
Кога веќе на мајките и татковците им е поважно да се покажат (одмор, кола, реновирње дома, телефони итн) на (брз) кредит наместо да мислат за здрава своја и иднина на своите деца тогаш дефинитивно некој треба да ги научи децата дека тоа што го прават нивните родители е погрешно.
Имаше еден текст по интернет каде се вика нешто како дека финансиски образован е оној кој знае да разполага со парите на начин да троши само она што е една четвртина од она што го има во непрофитабилни и неинвестирачки за во иднина работи не сметајќи ги храната и режиските трошоци. Значи ако земаш плата 400 евра не пукаш на телефон 1000 евра кога само што ќе излезеш од продавница со него цената му е половина од истиот а при тоа телефонот ти е само за да седи на маса преветен со 10те камери на него нагоре додека келнерот ти носи кафе.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
733
Поени од реакции
389
Уште еден обид на неписмените економисти да заработат пари, обучувајќи други луѓе како да заработат пари.


Во денешно време никој ништо не работи, сите се советници,менаџери,консултанти, обучувачи, едукатори,професори,наставници и слично, и така заработуваат пари на маката од некој што се труди да научи нешто како се заработува.
А не знае дека најлесно се заработува со мамење.
Ако е така и тие обучувачи ги знаат тие финтици каде им е бизнисот со милионите.
Но полесно е одржи 2-3 обуки земи ги парите и избегај.

Сите сакаат да го учат некого како се :
Живее,менаџира со пари,отвора бизнис,вежба,трча,храни и слично но никој од нив нема никакво искуство со тоа.
И со тоа да си направат пари
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2023
Мислења
431
Поени од реакции
1.737
Според мене не може да се воведе финансиска писменост во образованието, бидејќи целта на образованието е да те научи да бидеш послушник уште од мали нозе а не да знаеш да се снајдеш во светот на возрасните на пример: ќе седнеш таму каде што учителката ќе каже, зошто ако седнеш таму каде што ти сакаш тоа е кривично дело и не смееш да имаш свој став за било што туку треба да се вклопиш во стадото овци и многу побитно е да знаеш колку овци има во австралија и да знаеш колку жители има во секоја земја посебно, исто така побитно е да знаеш мал милион други податоци, датуми, дефиниции, формули итн. а не тоа што вистински ќе ти треба во животот како на пример кој ги формирал американските федерални резерви врз кои почива малтене цела светска економија. Јас се сеќавам кога бев во средно дека поголем дел од нас не знаеја да пополнат една уплатница кога требаше да се уплаќа за екскурзија низ европа, ама затоа знаевме да решаваме 50 задачи на тест и знаевме колку овци има во австралија.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.242
Поени од реакции
10.857
Многу е важно да ги знаете основите на финансиската писменост дури и ако имате премалку пари.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
733
Поени од реакции
389
The system is always one step ahead, and the citizens always remain stupid or uneducated.
Even if they are educated, they are educated with the wrong knowledge or information but the are unaware of that :D .

In the past it was business subject
Now it is financial education.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom