Финале Хрватска-Шпанија

За кого навивате во финале?

  • За Хрватска.

    Гласови: 11 27,5%
  • За Шпанија.

    Гласови: 3 7,5%
  • За Хрватска затоа што сум Хрват, за дом спреман, у бој за народ свој!

    Гласови: 3 7,5%
  • За Хрватска, затоа што се наши бе, нема за ци***ите да навивам! Јас сум во Југославија растен.

    Гласови: 3 7,5%
  • За Хрватска, ради Лино Червар да влезе во историја, уште овој трофеј му фали.

    Гласови: 1 2,5%
  • За Хрватска. Го мразам Лино, му карав се до 15то колено, ама Циндриќ и КараЏиќ сакам да земат титула

    Гласови: 5 12,5%
  • За Шпанија. Во фудбал сум за Реал или Барса.

    Гласови: 4 10,0%
  • За Шпанија. Јер анти Хрватска, уби уби уби ****шаааа, Лино уши кур да ****.

    Гласови: 3 7,5%
  • За Хрватска, затоа што сум 20 постотен. Forca џема, duam fitore.

    Гласови: 0 0,0%
  • Не пратам ракомет, дојден сум ради кладилница.

    Гласови: 5 12,5%
  • Сакам да освои Кара, сакам да освои Циндриќ, ама Лино го мразам. Форца нерешено.

    Гласови: 2 5,0%

  • Вкупно гласачи
    40
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Дојдовме и до завршната фаза од првенството. Како што повеќето типувавме по завршувањето на првата фаза, Норвешка, Шпанија, Хрватска и Словенија се четирите екипи кои се најдоа во најдобрите 4. Норвежаните се единствената перфектна репрезентација досега, иако Шпанија и Хрватска исто така влегуваат непоразени во полуфинале, со единствен нерешен дуел во меѓусебната пресметка.

Од првата група, Шпанците фуриозно дојдоа до 6 победи во првите 6 дуели, но се можеше да падне во вода по катастрофалните последни 15 минути од денешниот дуел со Хрватска во кои едвај го спасија првото место. Шпанија имаше водство од 5-6 разлика и водеше 21-16 на 12-3 минути до крај. Но, Хрватите предводени од Карачиќ направија серија од 6-0 и го преземаа водството. Шпанија од пенал дојде до 22-22, резултат кој по промашувањето на Дувњак се покажа како конечен. Шпанија покажа дека е ранлива, иако некако се опуштија денеска и на 5-6 разлика ја сменија цела постава, по што откако тргна возот надолу, ниту првотимците не одиграа ништо откако беа вратени во игра. Хрватите можеа да останат и без полуфинале, ако немаа феноменално второ полувреме против Германците. Покажаа дека за нив нема загубен дуел и може да се вратат во игра по секаква разлика на противникот. Лино уште ја форсира тактиката ала Металург, силна одбрана, напад во кој предничат поединци од бековска позиција. Играат одлична одбрана и ако имаа малку поголема помош од голманите, ќе беа уште посилни. Играат натпревари со малку голови, класичен ракомет. Ги мачат повредите откако денес не играше Циндриќ, а Карачиќ кој имаше симултанка се повреди во последните минути. Не се знае дали ќе настапуваат во полуфинале, но веројатно ќе стегнат заби. Нивно отсутство од теренот би значело дека Норвешка би била огромен фаворит. Сепак, Хрватите имаат веројатно и најдобра бековска линија на првенството, би успеале да се снајдат и без нив.
На другата страна имаме фуриозна Норвешка репрезентација со 7 победи од 7 дуели, победувајќи ги силните Французи, Португалци, Исланѓани, Швеѓани, Унгарци и Словенци на патот кон финалето. Во некои од дуелите практично ги демолираа противниците, а разликата беше ниска откако се опуштаа во завршните моменти. Денес одиграа скоро ревијален дуел со Словенците, доволно колку да дојдат до првото место и да ја избегнат Шпанија.
Норвешка се чини дека е голем фаворит за првото место, но во полуфиналето никогаш не се знае што може да се случи.
Како најголемо изненадување во полуфиналето, веројатно е Словенија. Смената на Вујо се покажа одлична, бидејќи Врањеш извади максимум од овој тим. Онаа победа над Шведска во групна фаза се покажа како решавачка, а поразот од младата Унгарија ќе им ги искомплицираше работите, да не им се наредеа коцките за време на групната фаза од втората рунда (имаа среќа што Унгарија не успеа да добие барем еден од Исланд и Португалија). Не знам по кој пат се среќаваат со Шпанија на шампионативе, ама имам чувство дека цело време играат со нив последниве години :D И на овој дуел не се знае ништо, секој може да победи.

Полуфинале (24.1.2020)
18:00 Шпанија - Словенија
20:30 Хрватска - Норвешка

Дополнително, Германија и Португалија ќе играат за петтата позиција. Каков само успех на Португалците...
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.554
Шпанија гарант иде у финале, а другата ќе биде интересна
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Се надевам а и сакам Хрватска-Словенија.
Ќе полудат Норвежните ако Начевци им судат полуфинале?
Автоматски споено мислење:

Се надевам а и сакам Хрватска-Словенија.
Ќе полудат Норвежните ако Начевци им судат полуфинале?
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
a be toa e, ex-yu, mala zemja, epten problemi, toa e haha

Браво за Словенија (y) Хрваативе се очекуваше дека ќе имаат шанса ама браво и за нив, Лино пак се враќа при врвот (y)

За Норвешка и Франција очекувано 1/2 финале уште пред првенството се очекуваше ова ја мислам (ако веќе кикснаа други екипи, барем овие си исполнија)

Можно е Хрватска или Словенија да изненади, ама евентуално Шпанија-Норвешка финале како што очекуваме би било прејако

Мислам дека Норвешка осваја
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
За Норвешка и Франција очекувано 1/2 финале уште пред првенството се очекуваше ова ја мислам (ако веќе кикснаа други екипи, барем овие си исполнија)
Само што ракометариве на Франција сега се дома и си пратат на тв што се дешава, тажат и во себе се празни ко Бургер Кингот на плоштад во Скопје. :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Само што ракометариве на Франција сега се дома и си пратат на тв што се дешава, тажат и во себе се празни ко Бургер Кингот на плоштад во Скопје. :D
Ауу што сум пишал :ROFLMAO:

Сакав да кажам Шпанија....
Па мислев во заградата да пишам за Данска и Франција....ама ете сум ги смешал брзините :D

...што му фали на Бургер Кингот на плоштад бе? Не е до толку празен ко што сум видел :D
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Штета, сакав финале Норвешка - Хрватска. Шпансково село не го можам во ниту еден спорт...

А за Врањеш, па не знам баш дали го извади максимумот. На прошлото ЕП пех за Словенија беше поразот од Македонија, инаку ќе беа во полуфинале. Имаа среќа што Унгарија загуби два натпревари по ред на крај од веќе испаднати екипи. Сега не се груби како кога Вујо ги водеше.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Aко е Кара подготвен за игра ондак и Хрватска може и да има некои шанси за пролаз против Норвешка, иако јас мислам дека и покрај тоа им се минимални. За мене најважно за хрватите е да го имаат Кара у состав, многу повеќе од Циндра. Хрватска како репрезентација најмногу доби токму во оној момент кога ајде така да се изразам -клупскиот Кара стана репрезентативен:). Неколку години им требаше и него и на Циндра да излезат од сенката на Дувњак и да станат лидери во офанзивата на Хрватска. Гледајќи ги како хараат и бриљираат во Вардар, хрватската ракометна јавност очекуваше исто ефект и ниво и во хрватска ама изминативе неколку првенства не го доби тоа. Се беше некако срамежливо, па се идеше со коментари дека играта во репката воопшто не им одговара како во Вардар, дека едноставно ја немаат таа слобода итн. И во тоа имаше вистина. Конечно клупските Циндра и Кара, станаа и репрезентативни, а тоа итекако се гледа и во репрезентацијата. Ако игра Кара, плус напаленоста на ракометарите и публиката која им е неверојатна поддршка ( на ова ЕП посебно), добра одбрана, и да не и дозволат на Норвешка рано да ги разбие. Тоа ќе бидат елементите кои ќе мора да ги исполнат ако сакаат да се пласираат во финале. Важно е да ја умртват играта, да не и дозволат ( колку е тоа возможно) на Норвешка да влезе у фаза на мелење на противнокот,пошо тогаш им нема спас. Против Норвежаните тешко ќе биде онакво враќање као со Германија и Шпанија. Ќе биде многу тешко за Хрватска, ама па ова е полуфинале и многу е важно како ќе почне натпреварот, нормално тука се и неизбежните судии во ракометот и ред други работи. За другото полуфинале типувам на Шпанија, иако и Словенија се покажа како цврст противник. Сепак мислам дека Шпанија е посилна репка и ќе помине у финале. Не очекуваат одлични 2 полуфиналиња. Јас лично навивам за Хрватска, као што кажав претходно заради Кара и Циндра, пред се за Кара. Многу би сакал да го крене пехарот, и по фантастичните 2 клупски европски да ја додаде и репрезентативната круна, што секако би било врв во неговата кариера. Дечкото го заслужува тоа.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Шпанците ја судат Норвешка-Хрватска а Чесите Словенија-Шпанија.
Финалето ќе го судат некои од овие три двојки Начевци-Германците или најодвратната ракометна двојка --Данска?
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
Се освен убедлива победа на Норвешка ќе биде огромно изненадување според мене.
Убедливо најдобра репрезентација на ова првенство, ги доби сите натпревари без никакви потешкотии.


Останува да видиме :cenzura:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
D-Day моментално во Хрватска.
Ватерполистите и ракометарите играат полуфинале во исто време на ЕП.
:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom