Филтри

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Филтрите за објективи се' уште имаат широка примена во дигиталната фотографија и најчесто се составен дел од опремата која може да се најде во торбата на фотографите. Филтрите може да содржат поларизирачки филтер кој го намалува отсјајот и ја подобрува сатурацијата, или едноставно - UV филтри кои претставуваат дополнителна заштита за предното стакло на вашиот објектив.

Еве неколку типа на филтри:

Тип на филтер / Примарна примена / Најчеста употреба

Линеарен и циркуларен поларизатор (Linear & Circular
Polarizers) - Се користи за намалување на сјајот и подобрување на затурацијата / Скијање, вода, пејсажи...

Неутрална густина (Neutral Density - ND) - Се користи за продолжување на времето на експозиција / Водопари, реки, вода - на дневна светлина (пример на фотографија со користење на ND филтер)

Градирана неутрална густина (Graduated Neutral Density - GND) - Се користи за контрола на силни светли градиенти и за намалување на вињетата / За постигнување на драматични пејсажи

UV / Haze - Се подобрува бистрината и заштитува објективот / Било што

Затоплувачки / ладечки - Се користи за промена на White Balance / Пејсажи, подводни фотографии, специјални светлечки ефекти...

Какви филтри имате, кои најчесто ги користите и за што? :)
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Сигма UV филтер од 52мм дијаметар - го користам константно на дневна светлина пошто корегира сини и виолетови нијанси на јако сонце и го појачува (благо додуша) контрастот и јасноста на белата и црната.

Следен на список е поларизатор, па ќе пишам искуства од него.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Јас сакам да земам еден ND филтер, а можеби понатаму и некој UV. Од каде ги набавувате?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Само УВ ѓо за заштита на објективот, Сигмата ми е со 82 mm филтер што е доста скап спорт аи пошто сликам исклучиво RAW можам да направам што сакам со сликата и да употребам во процесирањето каков било филтер
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
21
Поени од реакции
7

Можеш да намалиш рефлексии (кои би ги намалил или отстранил со CPL) во пп? A и ефектите од GND знаат да бидат тешки за репродукција.. т.е. ај за GND веројатно можеш со бракeтинг па после мерџање итн. што може да се искомплицира ако имаш предмети во движење... уба работа се филтрите.. али да... на 82мм јака ти душа. :D Сигма 10-20/3.5 да не имаш?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Можеш да намалиш рефлексии (кои би ги намалил или отстранил со CPL) во пп? A и ефектите од GND знаат да бидат тешки за репродукција.. т.е. ај за GND веројатно можеш со бракeтинг па после мерџање итн. што може да се искомплицира ако имаш предмети во движење... уба работа се филтрите.. али да... на 82мм јака ти душа. :D Сигма 10-20/3.5 да не имаш?
Сликам во RAW.
Ни бракетинг не ми треба. Инаку имам Сигма 24-70 2,8 EX DG Macro
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
21
Поени од реакции
7
Хм. Ок.. и ја сликам RAW, ама поентата ми беше дека не можеш се да постигнеш таму. Имено, со CPL ќе можеш, пример, да ги минимизираш рефлексиите на водена површина и да ја направиш водата проѕирна, без филтер ќе имаш јаки рефлексии од небо и сл.... тука незнам како може да помогне тоа што е RAW. :confused:
 
P

Princ

Гостин
Јас сакам да земам еден ND филтер, а можеби понатаму и некој UV. Од каде ги набавувате?
Да живее ибеј. Јас порачав сет од неколку поважни (CPL, ND2 ND4 и ND8) за $14.99 комплет со испорака со се. Во пиксплус не знам и не сакам да знам колку многу ќе ме фатеа. Доволно ми е да знам дека капаче за објектив од 58мм во пиксплус чини 500 денари а го купив за $2.80 (околу 130 денари) или remote control/даљинско во пиксплус 800 денари, на ибеј го земав за $1.45 (~70 денари).
Од земјава купувајте само работи што морате, се друго ситници од нет/странство порачувајте.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
598
Поени од реакции
145
Ти стигнаа,или ги чекаш уште,ме интересира колку се чека ,сакам нешто сега да нарачам,ама за побрзо ми е:)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Да живее ибеј. Јас порачав сет од неколку поважни (CPL, ND2 ND4 и ND8) за $14.99 комплет со испорака со се. Во пиксплус не знам и не сакам да знам колку многу ќе ме фатеа. Доволно ми е да знам дека капаче за објектив од 58мм во пиксплус чини 500 денари а го купив за $2.80 (околу 130 денари) или remote control/даљинско во пиксплус 800 денари, на ибеј го земав за $1.45 (~70 денари).
Од земјава купувајте само работи што морате, се друго ситници од нет/странство порачувајте.
Може следен пат кога ќе порачуваш да ме известиш, за да ме вклучиш и мене во нарачката? :)
 
P

Princ

Гостин
Сметај околу месец дена чекање. Филтрите ги имам порачано на 06 Октомври и уште не ми се стигнати, ама даљинското и капачето ми имаат стигнато одамна. Силно препорачувам купување онлајн на производи што не ви се итни (филтрите, даљинско, капачиња.... не се итни) дека нашиве сакаат 10 пати повеќе да заработат. Само затоашто чекав месец дена за достава заштедив преку 50 евра.
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 01:12 ---
Може следен пат кога ќе порачуваш да ме известиш, за да ме вклучиш и мене во нарачката? :)
Порачувам постојано по нешто, така да слободно кажувај кога ќе ти треба нешто :)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
598
Поени од реакции
145
да нормално дека се исплати,не само што е поскапо тука,туку и нема се што ќе ти затреба!
 
P

Princ

Гостин
Јас за филтри, филтрите кај мене :)
Денес ми стигна ND сетот, 3 комада, во убава футрола. Го чекам CPL да ми стигне деновиве се надевам.
Инаку и ND сетот и CPL беа порачани во ист ден (06 Октомри), ама од различен продавач.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Си порачав јас еден 58mm CPL Circular Polarizing Filter и 58mm Neutral Density ND 4 filter :)
А и едно White Balance капаче од ebay :)

Се на се, околу 13 долари ме фати...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom