Филолошки факултет - Скопје

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Не се разбравме ама нејсе ;) Нема ни потреба :D
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
84 poeni imam se upisav na elektronskite upisi sega cekam odgovor se nadevam vo drzavna kvota pa nekoj od tuka mozi ke mi bidi i kolega :D pozdrav
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
32
Поени од реакции
23
И јас да ти кажам се двоумев,повеќе сакам да бидам преведувач и избрав книжевност и воопшто не се каам бидејќи професорките се супер на оваа катедра, а и плус причина ми беше професорот Драги Михајловски кој предава по превод бидејќи секаде слушнав само пофални зборови за него, сега книжевноста е малку потешка ама ако учиш нема да ти биди голем проблем, само треба да се вложи повеќе време за да се научи, во втора ќе си одбериш дали професор сакаш или преведувач и што и да одбереш откако ќе завршиш мислам дека имаш можност уште некои испити од другиот смер да ги дополагаш па ќе можеш да бидеш и двете. :)
а нели на книжевност посто опција да бираш помеѓу наставна,преведување или толкуванје така прочитав во еден документ на уким од 2008. ај ако може малку повеке информации околу овој смер бидејќи и ја се двоумам меѓи ПИТ(толкување) и книжевност. фала однапред:)
 

asml

Mugiwara 4 life
Член од
20 април 2010
Мислења
132
Поени од реакции
68
Јас колку што знам на книжевност во 3та година се определуваш меѓу наставник или преведувач , не верувам дека ти постои и опција толкувач ако го одбереш тој смер. Така ми има кажано пријателка што заврши пред некоја година , сега дали е сменето незнам , некој што е на тој смер од искуство нека каже.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.787
Поени од реакции
6.989
Колку што знам, на книжевност во втора година се одбираат смеровите.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
а нели на книжевност посто опција да бираш помеѓу наставна,преведување или толкуванје така прочитав во еден документ на уким од 2008. ај ако може малку повеке информации околу овој смер бидејќи и ја се двоумам меѓи ПИТ(толкување) и книжевност. фала однапред:)
Бираш што ти лежи на душата повеќе но ако одбереш книжевност и не ти се допаѓа по завршувањето на прва година имаш избор дали да останеш или на се префрлиш на пит. Во моментов и јас се мислам дали да останам или да се префрлам на пит.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.229
Здраво...Еден другар сака да се запише на Филолошки сега, Англиски (книжевност)...Е сега во тој формуларот што е онлајн ставен прашува што да пополни во наставен јазик и бара помош околу изборот на вториот јазик.

Фала ви однапред :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Здраво...Еден другар сака да се запише на Филолошки сега, Англиски (книжевност)...Е сега во тој формуларот што е онлајн ставен прашува што да пополни во наставен јазик и бара помош околу изборот на вториот јазик.

Фала ви однапред :)
За тоа наставен јазик искрено појма неам шо да напише, а не ми ја твара страната за да го видам формуларот.
А втор јазик во книжевност нема, може да си земе некој јазик да го учи како изборен само, ама тоа кога ќе се бираат изборните во октомври.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Здраво...Еден другар сака да се запише на Филолошки сега, Англиски (книжевност)...Е сега во тој формуларот што е онлајн ставен прашува што да пополни во наставен јазик и бара помош околу изборот на вториот јазик.

Фала ви однапред :)
Наставен јазик англиски ќе му биде. Не е ова средно. Но објаснуваат што не е јасно на македонски нормално:)
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.229
^^ Фала ви многу на двајцата :)
 
Член од
14 декември 2008
Мислења
288
Поени од реакции
9
Ај некој од што го има полагано Морфологија 2 ако може да ми кажи што одприлика имаше на испитот? Дали беше како на Морфолигија 1 прво да мораш да го положиш првиот дел па за да можеш и вториот? Дали првиот дел имаше раскажување и кои теми беа? Ако некој има подетални информации нека пиши овде или нека ми прати пп.

Фала однапред
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.787
Поени од реакции
6.989
И јас да побарам помош за една информација. Сега ќе бидам втора на компаративна книжевност и ќе бирам модул ( англиски и италијански не може ). Јас, некако сакам да изберам чешки јазик и книжевност, и веројатно тоа ќе биде. Но, сепак да прашам доколку има некој искуство со останатите катедри, би можело да ми биде од помош. Мислам, барам информација за тоа како е организирана катедрата, квалитет на професори, дали се одржува често настава и слично. Имам некои информации за некои катедри, но би сакал да ги потврдам. Значи, за останатите катедри што остануваат. Фала однапред. :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
56
Поени од реакции
20
а нели на книжевност посто опција да бираш помеѓу наставна,преведување или толкуванје така прочитав во еден документ на уким од 2008. ај ако може малку повеке информации околу овој смер бидејќи и ја се двоумам меѓи ПИТ(толкување) и книжевност. фала однапред:)
На книжевност во втора година можиш да се определиш дали ќе одиш на наставна или превод и толкување(превод и толкување се заедно) и ако одбериш наставна на дипломата ќе ти пишува дипломиран професор, ако одбериш превод и толкување на дипломата ќе ти пишува дипломиран преведувач и толкувач од анг на мак и обратно. Се насочуваш на некоја насока кога во трет семестар(втора год) ќе избираш предмети и види отвори го линков пишува http://www.flf.ukim.edu.mk/LinkClick.aspx?fileticket=adnWDgEF5LU=&tabid=206&mid=888&language=en-US после 21 стр. да видиш кои предмети се задолжителни за наставна а кои за превод и толкување. Значи тие три предмети Современ англиски јазик, Граматика на анг јазик и Книжевност ќе ги имаш четири години, но во втора зависно од тоа на која насока ќе одиш ќе треба да одбериш од понудените предмети за тие насоки, оние со ѕвездичка се задолжителни. А во прва година ќе избираш три изборни кои ти ги сакаш не мора да бидат од катедрата на англиски и книжевност. Мора да имаш најмалку 6 предмети по семестар бидејќи сите се по 5 кредити, а потребни се 30 кредити по семестар и затоа во прва имаш три задолжителни и треба да имаш и три изборни, а во втора како што веќе ти кажав ги имаш трите задолжителни и мислам дека има по два задолжителни од насоките и уште неколку понудени од кои ти е потребен еден. Се надевам дека ме разбра и дека помогнав, ако те интересира уште нешто слободно прашај :)
--- надополнето: 7 август 2012 во 16:51 ---
Да ве прашам дали некој знае дали Стојче започна со работа на студентски? Знам дека на страната пишува дека одморот им заврши ама јас бев на почетокот на јули кога пишуваше дека не се одмор и кога отидов ск ми кажаа дека стојче бил на одмор. Епа сега морам да вадам документи, па ако некој бил овие дена или планира да оди утре или четврток ве молам кажете ми дали ќе биди таму бидејќи ќе доаѓам од бт само за тоа . . . :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Mariuccia
Јас денеска бев, Стојче не беше таму, ама има други ваљда и они можат да ти ја завршат работата.
 
Член од
17 октомври 2010
Мислења
52
Поени од реакции
3
Дали на уписите на 16ти/17ти мора да се поднесат документите лично ? И дали ќе има приемен за Англиски јазик и книжевност ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom