Филозофија или Философија?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Некои велат дека е правилно „Филозофија“, како што е во сите книги до сега што ги имам погледнато, а другите пак велат дека вистинскиот збор е „Философија“.

Лично, мислам дека нашите направиле огромна грешка во преводот. Правилно треба да е „Философија“. Нели, љубов кон мудроста, од „фолос“ и „софија“.

Какво е вашето мислење, и ако е правилно така (философија), зошто сеуште се применува стариот збор?
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
Oва е одамна решена полемика од страна..
Гарфилд, објасна тоа што треба, уште ко се караше еден членн со Мистичен..
Треба да е филоСофија, ѕаради Софија/

Така да нема наше ваше мислење, правилно е со С, али како шо кажа Гарфилд, од Х причини не било тоа досеа средено.... Тој нека објасни подобро
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Оф
Филозофија би било правилно кога би било правилно филосоматиката, филозоматика да се вика. Ама ај, да не филозофирам за џабе. :)
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Ја си стојам на своето ФилоЗофија
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
ФилоСофија.

Она „З” се појавило со годините заради звучењето на буквата С меѓу двете „О”. Доаѓа од термините "phillos" и "sophos", кои споени даваат - љубов кон мудроста.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ete, ne mora da pisuvam, Spooky vi kaza.
I to.
 

Allita

Слика има тон нема
Член од
7 декември 2005
Мислења
2.184
Поени од реакции
12
Го знаете вицот може и со Ф, а може и со В....ај не ви го кажувам сега не ме бидува за вицеви, ова сега вака ке испадне дека џабе професорката по македонски ми давала подолни отценки...наместо со з јас пишував со с...е сега вие како сакате пишувајте...таа ме научи дека правилно е со з...професорка па мора да и се верува..сега ке испадне како можел некој диплома да и даде...пууу мајката неправда.:coffee:
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Тогаш некои водечки личности од областа на високото школство во државава треба да си ја признаат грешката и под итно да го преименуваат „Филозофскиот” факултет во ФИЛОСОФСКИ!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Треба, а и на едно друго место реков, админситративно логистичките заебанции и немукаетот не дозволуваат сеуште да биде коригирана грешката.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Исти курац - разно паковање. Кога гледам дека луѓето ја црпат нивната филос/зофија од веќе постоечките - ми се иди да повратам. Како филос/зофијата да била Copy-Paste процес ебаве... :pov:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Добро, а зошто тогаш велиме „фудбал” кога зборот потекнува од зборовите Foot (нога) и Ball (топка) (ко божем не знаете...)?

Зошто не се вели „Футбал”, туку фудбал?

Немора се да се преведе „буквално”, така да... се повеќе мислам дека треба да си остане „по старо”, затоа што ако продолжиме вака - ќе имаме едне куп зборови за исправување.
 

betogrozdanov45

мајстор за гибаници
Член од
26 октомври 2005
Мислења
1.549
Поени од реакции
6
СИте знаеме што значи зборот, голема работа дали се пишува со С или З па и вие...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Acid напиша:
Добро, а зошто тогаш велиме „фудбал” кога зборот потекнува од зборовите Foot (нога) и Ball (топка) (ко божем не знаете...)?

Зошто не се вели „Футбал”, туку фудбал?
Заради правилото за едначење на согласки во македонскиот јазик. Кое не може да се примени кај „философија“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom