69 Кански филмски фестивал
(11-22.5.2016)
лист на letterboxd
Во конкуренција за Златна палма (1.1)
American Honey
Филмот кој доби доста позитивни критики уште во првите денови од фестивалот беше четвртиот долгометражен филм на англиската режисерка Andrea Arnold (
Fish Tank, Wuthering Heights). Во оваа 162 минутна драма ја следиме новата ѕвезда Sasha Lane која ја игра 18-годишната Star, тексашка девојка која живее во лоши услови со нејзиниот насилен татко во Оклахома. Случајно девојката се соочува со чудна весела банда на чело со учтивиот Џејк (Shia LeBeouf) кој ја привлекува да се приклучи во лирична одисеја низ државата во која девојката конечно ќе ги најде луѓето кои ги барала сиот свој живот. Едногласно сите критики се на страната на филмот дека е навистина можен добитник на Златна палма. (
сцена од филмот)
Sieranevada
Скоро три часа трае романскиот филм во кој покрај хрватски и босански продукции како ко-продукција се јавува и продукцијата на сестрите Митевски, а од македонскиот филмски фонд има добиено 83,000 евра. Во режија на романскиот режисер Cristi Puiu (
The Death of Mr. Lazarescu, Aurora) дејството на оваа семејна драма говори за собирањето на фамилијата 40 дена по смртта на патријархот во семејството. Реална драма со доза на црн хумор е присутна овде и овде како и во останатите филмови на Пуиу. (
сцена од филмот;
2)
Personal Shopper
Ако веќе сте запознаени со филмскиот фестивал во Кан и неговите обичаи, скоро секоја година на фестивалот има филм кој е исвиркан од публиката, такви на пример биле Antichrist од Ларс Вон Триер, Inglorious Basterds на Тарантино, Only God Forgives на Николас Виндинг Рефн и многу други. Годинава првиот филм кој беше исвиркан е најновиот филм со приказна за духови на Oliver Assays (
Summer Hours, Clouds of Sils Maria), кој покрај негативните коментари доби и многу позитивни коментари, посебно за неверојатната глума на Kristen Stewart која добива пофалби и критиките велат дека оваа улога е дури и подобра од улогата во претходната соработка со Оливер, во филмот Clouds of Sils Maria во кој што играше заедно со Juliette Binoche. Кристен ја глуми 27-годишната Маурин која работи во Париз како професионален купувач за европска славна ѕвезда. Маурин е во мизерна состојба, но нејзината работа и дозволува да остане во градот каде што таа го чека нејзиниот близнак, Луис, да ја контактира. Пресвртот е што нејзиниот брат е скоро починат а и двајцата се смета дека се медиуми кои можат да контактираат со спиритуалниот свет, и поради нивните “чувствителни“ способности, Луис ѝ ветил дека ќе ја контактира за три месеци од неговата смрт ако тој умре пред неа. (
сцена од филмот)
I, Daniel Blake
Со веќе една освоена Златна палма во 2006 година за филмот The Wind That Shakes the Barley, Ken Loach (
Sweet Sixteen, The Angel's Share) годинава се враќа со социјалната драма која некои ја споредуваат и со делата на Дикенс и Орвел. Приказната говори за Даниел Блејк, средовечен вдовец кој не може да работи ниту да прима социјална помош после скорешниот срцев удар. Филмот е раскажан со остар и жесток тон, а Лоах во истиот говори и навредува против премолчените правила кои ги прифаќаме со доза на суптилност и иронија. Критичарите велат дека ова е еден од подобрите негови филмови. (
сцена од филмот;
2)
Loving
Младиот и надежен режисер Jeff Nichols (
Take Shelter, Midnight Special) се одлучи својот шести долгометражен филм да биде сосем различен од сите негови претходни филмови. Љубовната драма сместена во 60-те години е веќе сериозен кандидат за Оскар по проекциите во Кан, каде што покрај за филм како сериозни кандидати за Оскар се сметаа и главната двојка Joel Edgerton и Ruth Negga. Во сагата станува збор за нелегалноста на мешаните бракови во 28 држави во САД во 60-те години, а двете жртви на овој озогласен “криминал“ на мешање на црнечко-белите бракови се двојката од работничка гласа Ричард Ловинг и жена Милдред (пола Афро-Американка, пола Индијанка). Љубовна драма каква што не сме гледале со години е коментарот на критичарите. (
сцена од филмот)
Paterson
Три години по одличната вампирска сага Only Lovers Left Alone (која македонската публика можеше премиерно да ја гледа на Синедејс), Jim Jarmusch (
Dead Man, Broken Flowers) има нова драма и тоа според критичарите важи за еден од неговите подобри филмови, а се шушка дека и Златната палма може да заврши во рацете на овој режисер. Сместен во Патерсон, Њу Џерси овој филм ни говори за возач во автобус , Патерсон (Adam Driver) кој е всушност и поет кој досега нема објавено ниту едно дело, а сите свои дела ги пишува врз основа на секојдневните конверзации на неговите патници. Всушност Џармуш во овој филм нѝ говори за едно од најретките нешта во уметноста како и во животот - целосно среќен брак. (
сцена од филмот;
2;
3)
Julieta
Кричарите едногласни за 20-от долгометражен филм на Алмодовар (
All About My Mother, Volver, La Piel Que Habito) дека ова е неговиот најконвенционален филм. Враќајќи се во центарот на женските приказни кои ја одбележаа неговата кариера, овој филм нуди солидна глума од страна на Emma Suarez и Adriana Ugarte. Базиран на кратки приказни, филмот говори за Хулиета, постара жена, на работ на напуштање на својот живот во Мадрид за да се пресели со својот љубовник Лоренцо. Но кратката средба со Беа, пријателката од детството на нејзината ќерка Анита, ќе промени сè. (
трејлер)
продолжува....