Филмски факти и занимливости

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Темава ја отворам зашто често наидувам на интересни факти за тоа како актерите ги добиле главните филмски улоги, кој ја одбил улогата, а кој прифатил, потоа занимливости од типот на тоа што се прават актерите за да се соживеат со улогите и како режисерите се одлучиле да ги режираат своите филмови.
Мислам дека нема соодветна тема каде што можат да се вметнат ваквите факти и податоци, а се разликуваат од филмските вести и таму на пример ми е несоодветно да ги постирам.
Еве ќе споделам неколку податоци со вас како за почеток на темава:

- Бред Пит самиот му се понудил на Гај Ричи да глуми во неговиот нареден филм откако го изгледал Две зачадени двоцевки. Излегло дека наредниот филм на Ричи е Снеч, но бидејќи Бред не можел да го совлада англискиот акцент, Ричи му ја дал улогата на ирскиот боксер.

- За улогата на Арон во Primal Fear филмското студио долго време барало млада актерска ѕвезда. Потрагата по млад талентиран актер излегла потешка од очекуваното. Имено, улогата за прв пат му била понудена на Ди Каприо ама тој ја одбил. Долго време проектот тапкал во место, а Ричард Гир веќе сакал да отстапи од проектот кога се појавил Едвард Нортон и ја добил улогата помеѓу 2000 пријавени кандидати. За оваа улога која го вивна во ѕвездите Нортон добил хонорар од 50 000 долари.

-Диетата на Кристијан Бејл за филмот Машинист била толку ригорозна што актерот за да ослаби конзумирал само салати и јаболка, џвакал мастики и пушел цигари. Улогата била толку тешка за зиведување што Бејл изјавил дека немал воопшто сила и дека не можел да направи еден склек.

-За да го сними Into The Wild, Шон Пен чекал 10 години за да ја добие соодветната дозвола од семејството на Крис. Од почит кон него, филмот не бил сниман во автобусот каде што всушност Крис кампувал, туку на друго место каде што била направена реплика на авотбусот.
Во филмот човекот кој му ги дава гумените чизми на Крис е Џим Галиен и се глуми самиот себеси. Тој навистина му ги подарил гумените чизми на вистинскиот Крис.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Том Круз за малце ке ја му ја пресечеле главата со катана додека го снимал Тhe Last Samurai ! :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.310
Поени од реакции
57.752
Две интересни работи кои ги прочитав за филмови кои се мачеле со буџетот:

- На снимањето на Black Swan, Натали Портман го повредила рамото. И кажале дека немаат доволно пари за лекување, на што таа им кажала дека ако немаат доволно, подобро да и ја земат приколката за да останат средства за лекување. Утредента, приколката ја немало.

- Првиот дел на Терминатор е нискобуџетно остварување за кое Камерон постојано се расправал со продуцентите кои сакале да скратат многу сцени од филмот, третирајќи го како обична акција која ќе пројде за 2-3 недели. Една од сцените со Терминаторот е снимена исклучиво во присуство на Камерон и Шварценегер, а режисерот сам ја финансирал сцената и ја уфрлил во филмот. Немале дозвола за снимање од полицијата и цело време стравувале дека ќе бидат уапсени.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Oдлична тема, ќе коментаирам подоцна :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
:tapp: 2 саата го барав клипов.Ваму може да видите како се прават ефекти со пукање на пиштол-вајда со програмата Sony Vegas Pro
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Првично Бред Пит требало да биде главна улога во Мементо но неможел да постигне бидејќи во тоа време снимал и други филмови, најверојатно тоа биле Фајт Клаб и Снеч.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.400
Поени од реакции
6.021
Ајде малце да разбиеме монотоност од имдб дид ју ноу категоријата-

Роберт Патисон(aктер чии ниту еден филм неам изгледано) незнае кога последен пат ја замил косата.

Гај Ричи,не направи ниту еден добар филм во периодот кога беше во брак со Мадона.

Клинт Иствуд покрај 4рите оскари,нема ниту еден за најдобра машка главна/споредна улога.

Адриен Броди(пијанист) со 29 години и 343 дена е најмладиот добитник на оскар за машка главна улога.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
-Ерик Бана и Бред Пит за време на снимањето на Троја имале договор според кој во борбата со мечување, оној кој ќе го повреди другиот со меч треба да исплати 100 долари. Така Ерик Бана во еден ден бил прободен дури пет пати од Бред со мечот и си ќарил петстотче.

-Кијану Ривс се откажал од повеќе од еден милион долари од хонорарот за Адвокатот на Ѓаволот, затоа што студиото се жалело дека е прескапо да се ангажира Ал Пачино. Исто така дел од својот хонорар од Матрикс го има поделено со каскадерите. Кијану имено важи за еден од најнесебичните и најнегоистични актери во Холивуд.

- И уште една информација за Primal Fear. Во сценариото не било предвидено ликот на Арон да пелтечи. Едвард Нортон самиот ја додал таа карактеристика за да ги одвои карактерите.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
И уште една информација за Primal Fear. Во сценариото не било предвидено ликот на Арон да пелтечи. Едвард Нортон самиот ја додал таа карактеристика за да ги одвои карактерите.
:cuc:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кум за малце немало да се сними, затоа што мал бил буџетот, а и филските студија немале доверба дека филмот може да биде хит. Марлон Брандо често заборавал да се појави на снимањето.Покрај тоа, продуцентите на филмот, воопшто не го сакале Ал Пачино, дури и му давале имиња како “малечкиот“, сметале дека не е соодветен за улогата на Мајкл и сакале да го отпуштат, но Копола имал доверба и се залагал до самиот крај за него. И гледате што излезе на крајот. :)
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
-Актерите кои што ги имаат трите главни улоги во The Good, the Bad and the Ugly, односно Clint Eastwood, Eli Wallach и Lee Van Cleef, се единствените кои всушност зборуваат англиски во филмот. Сите други актери го зборуваат нивниот мајчин јазик, главно италијански и шпански кои подоцна биле синхронизирани во англиски.
-Една од причините поради која Hitchcock го снимал Psycho во црно бело била таа што тој сметал дека филмот би изгледал многу крваво во боја. Но главната причина е тоа што Hitchcock сакал филмот да биде што е можно поефтин за правење, односно буџет помал од 1 милион долари.
-Буџетот на Reservoir Dogs бил толку мал, поради што поголемиот дел од актерите морале да носат своја облека, највпечатлив е се разбира Chris Penn со неговата тренерка.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.310
Поени од реакции
57.752
Едвард Нортон ја прифатил улогата во The Score (2001) само за да се најде на ист постер со Роберт Де Ниро и Марлон Брандо.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Едвард Нортон ја прифатил улогата во The Score (2001) само за да се најде на ист постер со Роберт Де Ниро и Марлон Брандо.
Да се надоврзам со една занимливост за филмов. Нортон е антипушач. Неговиот лик во The Score било предвидено да пуши, но откако Нортон одбил да го направи тоа зашто не може да поднесе цигари, сценариото било изменето.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
-Џесика Алба има договор за сцени без голотија, и во сцените на филмот Мачете, таа всушност носела долен веш, додека компјутерски е направено да изгледа како да е гола.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom