ФЕВРУАРИ 2 -
L'Armée des ombres или
Army of Shadows
Ова беше далеку погледливо од тој со лифтот. Го гледав на крајот од минатиот месец, но еве никако да се натокмам да пишам збор-два. Навистина изгледаше реалистично и тензично иако не вклучуваше ниту една сцена на некаков фронт, со пукање и сл. Една сосема поинаква слика од она што сме навикнати да гледаме во ваквите „воени“ филмови. И сосема поинаква претстава за отпор за време на германската окупација. Да, и мене сцената во берберницата, кога успеа да избега првиот пат, чинам, ми беше најтензична, но потоа како што се редеа бегствата, искрено, по малку ми делуваше изнасилено и непотребно холивудски. И секој пат кога ќе го фатеа, знаев дека ќе избега. (не памтам колку пати беа, искрено, може и само 2 пати да беа, па може и малце глупо звучи ова „секој пат кога ќе го фатеа“). Освен сцената кога замина во берберницата, се сеќавам само уште на таа кога пукаа во нив и им кажаа да трчаат. И потоа крајот со тоа - следниот пат одлучи да не трча ми беше некако многу моќно. Она што мене ми смета искрено, во француските филмови, и е мој генерален впечаток, е нивната рамнодушност во изразот на лицата. Не знам дали се Французите такви по природа, но во филмовите, а не беше исклучок ни овој, јас гледам како покажуваат само една емоција, што и да се случува покрај нив. И тоа е се што би имал да кажам за овој. Убав филм, ама не ме остави запрепастен, сепак. 7/10
МАРТ 1 -
Trolljegeren или
Troll Hunter
Е ова беше навистина забавно! Јас, искрено, веќе чувствувам презаситеност и ја гледам како излитена фора ова со found footage филмовиве. Беше WOW првиот пат, беше интересно вториот, третиот, четвртиот... Ама сега веќе станува мех. Но добро, сепак, овој филм имаше многу забава да понуди и без тој начин на кој е снимен. Плус, ете, крајот со Столтенберг и неговата изјава дека во Норвешка има тролови
внесе дополнително ниво на реалистичност на приказната, па и да не беше така снимен филмов, сепак, мислам дека ништо немаше да се изгуби од реалистичноста. Е сега, дешавките во филмот ми беа преинтерестни. Целата таа митологија креирана за филмот од норвешкиот фолклор ми беше право бонбонче. Обожувам вакви авантури. Малку непотребно ми делуваше тоа со христијанството, зашто немаше логика муабетот (не дека троловите се логични, но сепак). Земено генерално, јас уживав во филмов. 7/10
МАРТ 2 -
Rare Exports: A Christmas Tale
Ова беше навистина оригинално, и исто така, многу забавно. Еден сосема поинаков Божиќен филм. Неколкуати имав во план да го гледам, и еве конечно успеав. И уживав во секој миг. Исто, имаше facepalm моменти како тоа со децата во вреќи и хеликоптерот, ама тука е сосема друга приказна, ова не се стремеше да не убеди дека навистина е така како што е, како со троловите, туку го гледав како едноставен, забавен, божиќен хорор. Like! 7/10
МАРТ 3 -
Oslo, August 31st
Уште еден филм кој одамна ми е во watchlist. Овојпат, сосема поинаков од другите 2 бајки од предизвиков. Еден реалистичен приказ за внатрешните борби на еден наркоман кој се бори со зависностите - и тоа не само оние кои се лоши за него, туку и онаа една зависност заради која одлучи да го направи тоа на крајот! Актеров, Anders Danielsen Lie го поммнам како терористот од 22 July и исто и таму беше одличен, како и тука. Тивок филм, навистина, но камерата и глумата го водат цело време и прикажуваат како изгледа еден ден кој впрочем може да е еднаков и на цел живот, на еден зависник од наркотици, излезен од центар за рехабилитација. 7/10