Филмски предизвик 3.0 (2019)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.325
ЈАНУАРИ 2: The Secret Garden

Значи обожувам вакви филмови! Не знам само како сум го испуштил овој. Се ми беше преубаво во филмов, од почеток до крај - убава приказна, убави ликови, убав сетинг, убава кинематографија (Дикинс пак), убава поента... Да, беше малку предвидливо, ама што има врска тоа, битно не го расипа крајниот впечаток. Инаку, поврзаноста на филмов со Библијата е очигледна, уште од самиот наслов: Тајната градина која е некој вид пандан на Еденската градина од Стариот завет, од Мојсеевото петокнижие. Но, освен сетингот и можеби некои споредби на таа дадилката (Меги Смит која btw ја обожувам), со Господ или ѓаволот, сеедно, не видов ништо друго кое би можело да се интерпретира како библиска тема. Реков, се на се - одличен филм! 8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.325
На темава што е дадена искрен да бидам не сум многу упатен, али добра симболика беше црквата бидејќи испадна круцијална во борбата за опстанок.
1.3 Z for Zachariah (2015)

Филмов е поставен во постапокалиптично опкружување, најверојатно по некоја нуклеарна војна или нешто слично, но во една прекрасна долина каде што воопшто нема траги од апокалипсата. Приказната не е ништо ново, видена е во разни филмови и серии, но никојпат не е излишно да се изгледа нова изведба. Добри филмови со два-тројца ликови се секогаш предизвик да се направат и со задоволство ги гледам. Овој беше добар, не беше досаден, постоеше некоја тензија како ќе се развива приказната. Малку изненадуваше Лумис со одредени постапки, не беше доследен на својот карактер. Прво као не му беше гајле за женската, после љубоморен, па после демек се во ред. Друго се беше ок, освен можеби исходот од сцената на водопадот, каде што и двете кажани сценарија не беа веројатни за да се случат. Гледливо, ама нема нешто по што се истакнува или да се памети.
Веројатно нема да има други кои ќе го гледаат токму овој, па ај, да појаснам: кога јас го гледав, токму тоа заради кое го предложив овде ми беше најјакото - библиските паралели, метафори и симболи. Не, не е само црквата која ја градеа, многу повеќе е. Прво, уште насловот е симптоматичен. Од каде Z for Zachariah кога таков лик нема во филмот? Насловот е всушност некоја парафраза на A for Adam, или на македонски - првата буква од азбуката, А е за првиот човек, Адам. Ако е така, уште од старт знаеме што ќе гледаме во филмот - крајот на светот, и истата, библиска приказна за Адам и Ева но не во стариот сетинг на настанувањето на светот, туку во нов - на крајот. Дури и има и една сцена во филмот кога еден од ликовите ги гледа книгите на девојката. Меѓу нив се забележува таква со наслов A for Adam, што е референца на насловот од филмот. Во таа насока Еџиофор би бил парафраза на Адам, Роби на Ева, а Пајн на змијата која внесува раздор во нивната претходно рајска врска. Друга паралела може да се повлече и со Откровението, со апокалипсата - човекот кој станал расипан до срж, па затоа Бог решил да го уништи човештвото. Но ова е некако препросто објаснување, зашто поентата на филмот е друга - преживувањето и анималистичките нагони во човекот што не води повторно директно до приказната за Адам и Ева.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.325
ЈАНУАРИ 3: East of Eden

Уште еден прекрасен филм во предизвиков со кој го заокружувам мојот дел. Филм кој од секогаш сакав да го гледам, и еве конечно му дојде редот. Вистински класик направен според вториот дел од истоимениот роман на Џон Стајнбек, кај нас преведен како Источно од рајот, а буквално - Источно од Еден (се мисли на еденската градина во која Бог ги сместил да живеат Адам и Ева), а терминот се однесува на Земјата Лот, која се наоѓа источно од Еденската градина, а во која Бог го прогнал синот на Адам и Ева, Каин, откако овој си го убил брата си - Абел. Симболиката и тука е експлицитна. Дури и целата приказна е изградена врз истиот мотив, и ликовите се истите библиски ликови пресликани во „модерен“ сетинг, во почетокот на 20 век, во САД. Адам и тука е Адам, Абел е Арон, а Каин е Кал - првите букви на имињата на браќата се истите од имињата во Библијата, но и без нив сличностите се недвосмислени. Исто како и во Библијата, што и да направи Кал/Каин, никако не може да биде посакан во срцето на неговиот татко Адам/Адам од постариот брат Арон/Абел. Така кај Кал се развива една лутина и љубомора, која иако во Библијата оди до ултимативно убиство на сопствениот брат, тука ја немаме таа линија.

Инаку, ова е мој прв филм и со Џејмс Дин, и на Елија Казан. И ми се допадна, многу. Преубав продукциски дизајн, прекрасна режија и кинематографија, убаво сценарио, убави реплики, убава глума... А музиката пак, немам зборови! Како и впрочем, скоро во секој филм постар од 1970. Се беше тука скоцкано токму на место за да креира филм кој според мене навистина е еден од најдобрите класици. Баш ремек дело! 9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.325

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford

Филмов не беше толку лош како што се спремав да биде, имаше интересни моменти, не беше досаден да се каже, ама беше многу спор и мноооогу долг. Мислам дека можело да се крати некаде зашто сепак филмов немаше толку дејство колку што имаше минутажа. Глумата одлична од сите, си го сакам јас Питче секаде ми се свиѓа, овој Афлек млаџи вообичаено ме нервира, ама во филмов добар беше, и тој фино си одглуми. Другите ликови цело време ги мешав, па со оглед на тоа што го гледав филмов со Гранде, цело време го прашував Овој сеа кој беше, тој женкарот? А овој, тој од трите билборди ретардираниот? При крај некаде ги научив кој е кој, ама веќе и сите испоумреа па не беше многу важно. Памтам кога умре Џереми Ренер реков Ех тапа, умре единствениов што го разликував од другиве. Во секој случај, не може да се рече дека филмов не завлекува, завлекува ептен, и да го глеав сама веројатно ќе се мрднев од што се влече. Има моменти кај што си викаш Аман уште колку има, до кај ќе се влече филмов, ама добро, се изгледа некако и не беше така лошо колку што се очекуваше.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.325
Сценографија!
Американчиштана викет дека продукцискиот дизајн бил многу повеќе од само сценографија. Затоа, ко ќе даваат награди викет:

Production designer - Рајко
Set decoration - Петко.

Ама, ок, да, сценографија. :)(y)
P.S. Едно време се викаше и art direction, btw.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Z for Zachariah

Ете филмов подолго време сакав да го гледам, ми беше на листа за гледање. Најмногу заради Роби, зашто ептен си ја сакам и сакам да си гледам филмови со неа и ете конечно му дојде ред вака или онака и баш ми е мило.
Иако, не знам што да кажам за филмов искрено, не можам да речам дека ми се допадна ниту дека не ми се допадна.Спор филм, во којшто ништо особено не се случува, ама не завлекува како претходниот, не чекаш да заврши ниту размислуваш за тоа, убав вајб имаше, некако спокоен. Всушност во врска со филмов немам некои сериозни замерки, ама па некои тривијални работи ептен ми се вртеа низ глава како тоа дека филмов да беше снимен 6 децении порано, сигурно црнецот ќе беше bad guy, и ќе им го нарушеше мирот на двајца побожни јужњаци во домот. Така повеќе ќе ми се свиѓаше мислам :/
Но добро, на страна мојата доза на расизам, филмов и не беше лош. Многу предвидлив до душа, се знаеше дека Пајн ќе мора да се елиминира. Ликот на Џон ме нервираше малку со љубомората, особено делот Зошто го прими у куќата, Зошто го стаи да спие во собата спроти нас, Зошто вака - онака... мех дуде, сите сте гости кај неа, show some respect. И мене како мунгусот малку ме нервираше таа неодлучност кај него де љубоморен, де нељубоморен, па пробува некоја reverse psychology па кринџ малку и така, иако стварно многу ми беше тажно кога сфати дека имало нешто меѓу Роби и Пајн и таков жалостен ги гледаше.
In any case, филмов не беше нешто впечатлив ептен, ама гледлив па со оглед на тоа што овералл има што би рекле некои на форумов бел бумбар:

6/10 со срце
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.534
Американчиштана викет дека продукцискиот дизајн бил многу повеќе од само сценографија. Затоа, ко ќе даваат награди викет:

Production designer - Рајко
Set decoration - Петко.

Ама, ок, да, сценографија. :)(y)
P.S. Едно време се викаше и art direction, btw.
Кај нас тој вториот се вика декоратер. Е сега кај американците сите професии се многу поспецијализирани отколку кај нас и описот на работата не секогаш се поклопува со нашите, а знаат и да фалат соодветни термини за голем број работи места. Ама овие главниве, така да ги речам, се тие.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Дечки јас синоќа требаше да го изгледам последниот филм од предизвиков и денес да пишам, ама се заиграв нелутисе и мноу касно ме фати па си легнав. Ќе го гледам вечер и ќе пишам утре.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Narnia

Генерално досаден фамилијарен епик/фантазија.
Децата ми немаа никаква харизма и глумата ми делуваше исфорсирана, а со самото тоа што беа центарот на филмот многу допринесоа за вкупниот впечатокот . Не знам за книгите ама тука приказната делуваше многу предвидлива, неемоционалнс и без магија, а кога не се осеќа магијата во вакви филмови тогаш ниту ти е гајле за поентата ниту за ништо, само механички го глеаш и чекаш да заврши.
Едино што помогна во тоа чекање беше тоа што е убаво снимен. Плус крајот на филмот со битката ми отвори апетит за некој таков филм со грандиозни битки.
И Тилда Свиндон не беше лоша.

5,5/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.534
Новава тема не се надоврзува на претходните две теми, самостојна е :)

Темата за февруари 2019-та е Лино Вентура.

Lino.jpg

Порано кога постоеше само МТВ, меѓу другите често даваа и француски филмови и името на овој глумец на шпицата на некој начин претставуваше гаранција дека ќе следи добар филм. Вентура (1919–1987) е француски актер од италијанско потекло. Можеби никојпат не ја достигнал популарноста и славата на неговите помлади колеги Белмондо, Делон, Азнавур или Третињан, но воопшто не го засенуваат во неговите улоги. Препознатливиот корпулентен изглед и остри црти на лицето му носат чести улоги на полициски инспектор или на тврд момак од спротивната страна на законот. Рољи по кои и останува запаметен, иако често игра и ликови со сложена психологија. Соработува со најпознатите француски режисери од периодот.

Десетте наслови (иако според летербокс доволно ќе се и 5) за овој месец се:
  1. Лифт за губилиште - Ascenseur pour l'échafaud (1958)
  2. Армија на сенките - L'armée des ombres (1969)
  3. Господа гангстери - Les tontons flingueurs (1963)
  4. Вториот здив - Le deuxième souffle (1966)
  5. Исклучителни лешеви - Cadaveri eccellenti (1976)
  6. Распит - Garde à vue (1981)
  7. Не ги фаќај парите - Touchez pas au grisbi (1954)
  8. Монпарнас 19 - Les amants de Montparnasse (1958)
  9. Сицилијански клан - Le clan des Siciliens (1969)
  10. Потера по дрога - Razzia sur la chnouf (1955)

Сликовито тоа изгледа вака:
Sheet_0001.jpg

Не правам поединечни листи затоа што сите започнуваат од почеток освен @grande-juve кој би требало од третиот да започне. Јас повеќето ги имам гледано, ама со оглед дека беше многу одамна ќе си ги повторам од почеток, па до каде стигнам.

Не стигнав да проверам за сите дали има од каде да се преземат и дали има соодветен превод со оглед дека @Zlatikevichius завчера ме извести дека сум на ред, но првиот ред се ок.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.325
Е ова е баш таква тема каква што имав на ум кога го смислив концептот за предизвиков, пред околу 3 години: нешта за кои ни на крај памет ни би ни текнало да гледаме филмови. Јас, искрено, за човеков прв пат слушам, па така, да не ја предложеше темава @moongoses , секако немаше да ми текне да гледам ни еден, а не па 3 негови филмови. Баш ме интересира што ќе испадне на крај. Одма симнувам!

Да не заборавам - свртивме уште еден круг, ние кои останавме тука, па затоа, мој предлог е, пред да почнеме одново, да ги вклучиме и оние кои од време на време не дружат, па така, еве, во март, официјално предложувач нека биде @Васил МКД зашто тој е последен од нив кој гледаше бар еден филм. Значи, @Васил МКД - имаш време од 1 месец да смислиш тема, да одбереш 8,9,10 филма (како сакаш) кои ги немаме гледано повеќето и да не оставиш подзинати. Март ќе биде твој! (y)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Денес официјално завршив со полагања така да се приклучувам турбо од понеделник. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom