Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Завчера го имаше The Revenant на ТВ1000, го поглеав малце чисто да се потсетам каква мехара од филм е ова драги мои.
Со тебе ли го дискутиравме порано овој? Ваљда, штом еве ти го плукаш филмот. Јас пак кога и да го зачекам по тв, скоро секогаш го догледувам, сфатив дека причината за тоа е што ми дава мотивација за животот. :D Кога го гледаш Лео претепан, умрен таков, одерен, снегови, мразулци, нема никој, у пм негде вукојебина, па индијанци те делкаат, не знам, али многу ми се допаѓа цела таа негова голгота и примална борба за живот.


Don't look up, беше забавен дури веќе не беше забавен. И јас мислам дека е предолг, некако ко подзафрлено ми беше се при крај, баш ради тоа што траеше над 2 саати. Имаше смешни моменти, she'll come back. :pos: Џона Хил ми беше најјак, скроз погодена му е улогата на такво лигаво, препичено, мало створење.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Со тебе ли го дискутиравме порано овој? Ваљда, штом еве ти го плукаш филмот. Јас пак кога и да го зачекам по тв, скоро секогаш го догледувам, сфатив дека причината за тоа е што ми дава мотивација за животот. :D Кога го гледаш Лео претепан, умрен таков, одерен, снегови, мразулци, нема никој, у пм негде вукојебина, па индијанци те делкаат, не знам, али многу ми се допаѓа цела таа негова голгота и примална борба за живот
Поише го хејтам Оскарот на Леонардо отколку самиот филм. Пошто да не беше Оскарот, филмов немаше ни да се дискутира многу, ќе си останеше на просекот наречен 7ца рејтинг.

Бреј 7 години поминале. :eek::eek::eek::eek:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Поише го хејтам Оскарот на Леонардо отколку самиот филм. Пошто да не беше Оскарот, филмов немаше ни да се дискутира многу, ќе си останеше на просекот наречен 7ца рејтинг.

Бреј 7 години поминале. :eek::eek::eek::eek:
Може сега пак ќе му дадат за улогата на АИЛФ и ќе почнеш со друг хејт. :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Може сега пак ќе му дадат за улогата на АИЛФ и ќе почнеш со друг хејт. :D
Нема шанси да земе. Не е геј, ниту пак е црнец, плус ја изневери сопругата.
Теорија нема ваква улога да земе Оскар. :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Нема шанси да земе. Не е геј, ниту пак е црнец, плус ја изневери сопругата.
Теорија нема ваква улога да земе Оскар. :D
Да, само во прилог му идат она апчињата што ги пиеше.
Ко што и кажа Мерил на Џен во филмот, со тебе ќе се поврзат ментално болните. :pos:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Го изгледав Сестри на Нетфликс, ништо посебно, филмот личи како семинарска задача за студент по режија на темата ...
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.771
Поени од реакции
10.523
Ме удри некој Крисмас хајп па викам ај покрај учењево за испити да земам да изгледам некои филмови на веке споменатата тема. Почнав со Love Actually, солидно оценет од моите френдови на летер.
Се на се 4/5.
Започна малку тромаво, додека се запознаеш со сите 28 парови хах.. Интересен развој на настаните и нееколку мех моменти. Омилен пар така да кажам ми беа премиерот и Натали.
Го препорачувам филмот. Ако сте сингл и сте во некоја тешка фаза, одминете го. Продолжувам утре, ако остане време, со, се разбира, Сам дома.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Ме удри некој Крисмас хајп па викам ај покрај учењево за испити да земам да изгледам некои филмови на веке споменатата тема. Почнав со Love Actually, солидно оценет од моите френдови на летер.
Се на се 4/5.
Започна малку тромаво, додека се запознаеш со сите 28 парови хах.. Интересен развој на настаните и нееколку мех моменти. Омилен пар така да кажам ми беа премиерот и Натали.
Го препорачувам филмот. Ако сте сингл и сте во некоја тешка фаза, одминете го. Продолжувам утре, ако остане време, со, се разбира, Сам дома.
Christmas in Connecticut да го гледаш
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
184
Поени од реакции
742
Минатава недела, ничим изазван освен можеби од за мене традиционалната предновогодишна досада, се одлучив да изберам 7 филмови од 2021 кои ми се чинеа интересни а до сеа ги немав гледано, и да ги вртам еден на ден. Така да на апсолутно ничие барање, еве ги моите кратки критики подолу.

Nobody - Срање у боја, John Wick за сиромаси. Реално не ги ни доглеав последните 20 минути од шо ми беше тупаџиски. 4/10

Judas and the Black Messiah - Интересно филмче, релативно пријатно ме изненади што не се обидуваше премногу да се шлепа на тој помодарскиот BLM фазон, иако се разбира малце е неизбежно тоа со ваков филм. Единствен проблем ми беше што глумецот кој го глуми споредниот лик на Фред Хамптон толку лесно го надминува главниот лик што дури е и смешно. Бог и шеширџија. 7/10

Pig - Ник Кејџ најозбилно е лудак. Како можеш да толкуваш улоги како оваа или онаа у Leaving Las Vegas, а истовремено да си дозволиш ваков кикс



или ваков?!


Стварно треба нешто да ти фали.
Како и да е, неочекувано длабок филм. Топло го препорачувам. 8/10

The Dig - Рака на срце, предосаден филм. Единствената причина зошто го избрав е пошто стварно го поштувам Рејф Фајнс и сметам дека е меѓу најпотценетите глумци од својата генерација, но земајќи го дури и тоа во предвид пак ме тераше на дремка. Самиот филм од техничка перспектива е сосема океј, исто и приказната, ама гледајте го само ако ви снема дијазепам. 7/10
(П.С. Лили Џејмс + наочари = :drk:)

The Last Duel - Класичен Ридли, нешо као подобар Kingdom of Heaven, или западњачки Рашомон. Единствено ми сметаше што многу од споредните ликови имаа ПРЕамерички акценти, особено свекрвата, а и сцената со црниот пастув ми беше многу смешна и детска, као од некој студентски филм. Двобојот на крај беше еден од најдобрите што сум ги гледал, чиста бруталност. 8/10

Last Night in Soho - Единствената причина зошто го глеав е пошо другар ми го препорача, иначе не би го ни Гуглнал. Не очекував да ми се допадне до толку, но реално 60тите го имаат тој посебен, неопиплив шмек. Мислам имаше некој спомнато баш на темава дека пресвртот на крај е преочигледен, и морам да се согласам. Сепак интересен филм. 7/10

The French Dispatch - Ако за мене Grand Budapest Hotel беше интелектуално самозадоволување, ова е магнум опус. Од глумата, до музиката, кинематографијата, дијалогот; се беше совршено. Чиста 10ка. Гледајте го што побрзо, ако не сте го гледале до сеа.

Тоа би било тоа од мене на темава а воедно и форумов за оваа моја бруцошка '21, Ви посакувам на вас и вашите најмили пуно среќа и бериќет во следната година, и ќе се читаме понатаму (y)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Го начекав на тв (сега инстантно ќе добијам хејт од Джонтра) You've got mail а сум го гледал одамна и ми останал во сеќавање, и иако The Shop Around the Corner со Џејмс Стјуарт ми е помил, морав да го ѕирнам филмов од 90 некоја. Јас сум sucker за ромком филмови со Мег Рајан и уште си мислам море каква убајна беше женава тогаш, баш автентична и природна, и никогаш не сум имал впечаток дека е „жена од списание“ како познатите актерки од 90тите. Филмот не е лош ама не е ни најсјаен, ужасно паѓа во последната третина откако таа ќе ја изгуби книжарницата иако имаше безброј прилики да ја спаси - сметководителката ѝ кажа дека има еден куп пари и може да ѝ помогне. Од друга страна, Том Хенкс ем ѝ го зеде лебот ем не се понуди да ја компензира или недајбоже во име на љубовта да ја спаси книжарницата. Ама на крај кога ќе размислам си одговараа двајцата - тој не се ни потруди да ја намести косата цел филм а таа избра субмисивна врска со човек што ја остави без егзистенција. Абе ојте отепајте се и двајцата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom