Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Темата е повторно отворена, нареден пат можете да пријавите наместо да придонесувате за хаосот.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Temata bese vratena u kolosek, zoran baniran i nekolkute prijavi reseni.

Dosla bijons posle 3 denovi so 200 prijavi za mislenja koi bea trolanje - da, ama namerno ostaveni oti gi razgovorija normalnite clenovi i klucevi? :D

Bijons dobi opomena za zloupotreba na prijavuvanje mislenja. Ona, zoran, pozdrav topol i ostali regular pacienti koi si igraat kurot niz forumot, tuka nema da go ima.

Aj, da produzeme...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Ај да појадам гомна и ја за Ханиленд.

Филмот стварно не е нешто посебно, се сложивме со Злате и Корвус кога го гледавме филмот, а тоа беше многу пред да излезе номинацијата за оскаров.

Одлична кинематографија има и се тоа ама..

Ни најмалку не ме допре филмот.
Наводно Атиџе "is the last beekeeper in Europe" според описот на ИМДб. Изгледа тоа не е вистина пошто ете и тој комшијата имаше пчели чинам. Или па можда стварно е д лест бикипер ама филмов направи лоша задача за тоа да го долови?

Првата минутка or so од филмов е топ. Се качува по планина се пентари и си викаш "брееј, нек си ибе матер ова колку јако изгледа" ...и тоа е тоа, до крај преку сила уште една таква сцена ако имаше.

Секој филм треба да има нешто кон што ќе кулминира, и нешто што ќе треба да ти го задржи вниманието. Дури и документарците.
Што беше финалето на филмов? Смртта на мајка и на Атиџе? Тоа што комшијата нејзин продаваше мед?
Ок, тоа со мајка и беше емотивно и се...ама не беше за тоа филмот. Ок, жена од 90+ години или колку и да имаше почина. Секако не го гледав филмот за да видам со мајка и дека ќе се деси.

Нема ни некои огромни проблеми во филмов. Еј ја боцнале пчели. Еј малце мед дава. Еј оди еднаш месечно на пазар...

Истава приказна можеш да ја направиш ако снимаш човек на фарма што чува крави. "Eј ме клоцна..еј нема млеко..еј ми се разболи кравата"

Целиот плот со комшијата на Атиџе апсолутно нема никаква поента да се прикаже.

Наводно тоа не го ни планирале да биде во филмот, ама ете по пат на случајност пошто е нели документарец што снима се, решиле да го следат и тој човек.

А делот со тој човек фаќа 20-30 минути во цел филм можда...или барем такасе осеќаше.

Документарецот треба да те однесе во свет што е странски и чуден и да ти покаже нешто неверојатно. (ок, нели, може и да ти покаже нешто што е блиску до нас како проблем, не го мислам ова како дефиниција или факт, конкретно за овој зборам)
Треба да ти разбуди емоции.

За жал мене не ми разбуди премногу емоции.
А дефинитивно очекував нешто такво пошто се звучеше така интересно и возбудливо како идеја.


Ете видете го Free Solo од лани. Breathtaking, имаш напнатост, имаш емоции, имаш причини да продолжиш да го гледаш филмот.

Гледајте го Ханиленд со некого и паузирајте го филмот на половина и прашајте го "Ок, што најмногу те интересира до крајот на филмот? Зошто сакаш да продолжиш да го гледаш ова" ?

Нема да знае да ти даде одговор.
"Па....ме интересира дали овој со босанецот/србинот ќе се сложат за парите"

...ама ич не ме интересира.

"Пааа..ме интересира дали Атиџе ќе...."
Што? Дали пак ќе има мед? Ќе има, и самата вика дека така е, некогаш има повеќе некогаш не. Дали? Што? Дали ќе ја искасаат пчелите пак? Дали мајка и - што е жена од 90+ години ќе почине? Најверојатно да.

Е сега јбг, Атиџе изгледа како добра жена, па затоа можеби и вака делува. Среќна е со тоа што го има, го има прифатено својот живот и својата улога во светот, си ја врши работата и...тоа е тоа.

Јбг, можеби и очекувањата си имаа свој уддел, ама од документарци вообичаено е фер да се очекува многу.

Особено што очекував цел филм да е како првата сцена што реално е стварно маестрална.

Да не испадне дека сум само негативен. Не сум. Сметам дека документарецов е сосема солиден и има многу работи за пофалба во него. Атиџе е супер лик, можеби и премногу супер за филмов во кој што треба да има некоја драма/депресија/возбуда/напнатост/уатевер.

Режијата е топ. Кинематографијата е маестрална, дури до таму што некои сцени изгледаа како да гледаш филм, а не документарец.
До сега имам гледано неколку филмови од државава што имаат маестрална кинематографија, не знам дали еден човек работи на сите, ама ептен ме радува што поновиве филмови во државава даваат внимание и на тоа, сепак кинематографијата во РМоди нагоре, што е за пофалба (y)

А со оглед на тоа што критичари, смартесес и што ти уште знам се палат на режија и кинематографија... не е за изненадување зошто филмов ги освојува наградите.
Пошто ајде ви се молам, ретко кога критичари се ложат на приказни :D Видете ги најпознатите "ova e art choeche" филмови во светот - 0 приказна и 0 плот.

Е сега.....

Јас лично (за разлика од Џимеј мислам кој негде имаше пишано на некоја тема мислам...) сметам дека ако нешто е македонско..по дифолт треба да се поддржи или барем да не се хејта.

Се додека македонскиве филмови и музики и све по ред не стигнат на ниво каде што ќе има голема фан база и хејт нема да му смета на делото....ја сум само за поддршка.
Ако не ми се свиѓа нештото нема ни да се замарам за тоа нити пак ќе гледам. Нека си постои, нека не ми се свиѓа, нема што да зборам за тоа.

Особено пак, ако имаме дело на Оскари. Нешто што е огромна платформа и нешто што може да биде огромна отскочна даска за креаториве на филмот. А нивен успех пак, може да биде отворена врата и за други луѓе од други области од Македонија да се појават во Холивуд или нешто слично.

Затоа, секоја чест за сите зад Ханиленд. Дај боже да имаме уште многу вакви успеси. Па што се однесува до мене, утре Лозано нека собере 999 милион прегледи со Деспасито ремикс, јас ќе бидам задоволен, нека хејтаат колку сакаат. Или што ти уште знам...

Така да, да се надеваме дека ќе освоиме Оскар за документарец, иако и самите номинации се огромен успех.

Проблемот во хејтот е што многу луѓе го хејтаат хајпот за филмот, нешто што е реално и разбирливо.

А треба да си ограничен умствено за да не сфсатиш каков успех за државата е ова.

Башка...ние, македонци, збориме за тоа каков бил филмот од некоја баба на село што чува пчели.

Фала богу нас нема да ни е нешто mindblowing, пошто на пазар праиме муабет со такви продавачи на мед секој ден...
Во Америка и останати земји, сигурно филмов ќе ги однесе на место што не им е така блиску и ќе им остави поголем впечаток.
Мислам ајде, двајца луѓе како се ценкаат за пари?
Секојдневност во македонија, а во САД......(ок можда и таму е секојдневност што ги знам :D :D )

Ептен пишувам, а тоа што сакав да кажам го кажав.

Солиден филм, кој што треба да го гледате надвор од хајпот (нешто како Артист кога го освои оскарот пред 6-7 години), и треба да навивате да освои пошто може да има огромно влијание врз уметноста во државата.

Од мене лајк си доби филмот уште кога излезе и покрај тоа што реков дека не ја напуштив салата забезекнат како што очеквуав да бидам (y)
Ти го прочитав постот два пати, бидејќи првиот пат не можев да се соземам :pos: И таман решив да навлезам во дискусија (а знаеш колку мразам да навлегувам во дискусија со други членови и да го правам Њот љубоморен) кога ничим изазвана, Џејми Ли Куртис го пишала ова:


И сега, како да дискутирам понатаму? Знаете ли вие воопшто која е Џејми Ли Куртис? Како деца, до доцните вечерни часови сме седеле на тротоар и сме ги дискутирале градите на Џејми Ли Куртис. Такви перфектни, природни, навидум обични гради, какви што немаше ни една актерка од нејзината генерација, и со кои заслужи доживотна почит од нас кои растевме во нејзино време.

Соу, фак ју Драгонски. I'm going with Jamie Lee Curtis.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Ај да појадам гомна и ја за Ханиленд.

Филмот стварно не е нешто посебно, се сложивме со Злате и Корвус кога го гледавме филмот, а тоа беше многу пред да излезе номинацијата за оскаров.

Одлична кинематографија има и се тоа ама..

Ни најмалку не ме допре филмот.
Наводно Атиџе "is the last beekeeper in Europe" според описот на ИМДб. Изгледа тоа не е вистина пошто ете и тој комшијата имаше пчели чинам. Или па можда стварно е д лест бикипер ама филмов направи лоша задача за тоа да го долови?

Првата минутка or so од филмов е топ. Се качува по планина се пентари и си викаш "брееј, нек си ибе матер ова колку јако изгледа" ...и тоа е тоа, до крај преку сила уште една таква сцена ако имаше.

Секој филм треба да има нешто кон што ќе кулминира, и нешто што ќе треба да ти го задржи вниманието. Дури и документарците.
Што беше финалето на филмов? Смртта на мајка и на Атиџе? Тоа што комшијата нејзин продаваше мед?
Ок, тоа со мајка и беше емотивно и се...ама не беше за тоа филмот. Ок, жена од 90+ години или колку и да имаше почина. Секако не го гледав филмот за да видам со мајка и дека ќе се деси.

Нема ни некои огромни проблеми во филмов. Еј ја боцнале пчели. Еј малце мед дава. Еј оди еднаш месечно на пазар...

Истава приказна можеш да ја направиш ако снимаш човек на фарма што чува крави. "Eј ме клоцна..еј нема млеко..еј ми се разболи кравата"

Целиот плот со комшијата на Атиџе апсолутно нема никаква поента да се прикаже.

Наводно тоа не го ни планирале да биде во филмот, ама ете по пат на случајност пошто е нели документарец што снима се, решиле да го следат и тој човек.

А делот со тој човек фаќа 20-30 минути во цел филм можда...или барем такасе осеќаше.

Документарецот треба да те однесе во свет што е странски и чуден и да ти покаже нешто неверојатно. (ок, нели, може и да ти покаже нешто што е блиску до нас како проблем, не го мислам ова како дефиниција или факт, конкретно за овој зборам)
Треба да ти разбуди емоции.

За жал мене не ми разбуди премногу емоции.
А дефинитивно очекував нешто такво пошто се звучеше така интересно и возбудливо како идеја.


Ете видете го Free Solo од лани. Breathtaking, имаш напнатост, имаш емоции, имаш причини да продолжиш да го гледаш филмот.

Гледајте го Ханиленд со некого и паузирајте го филмот на половина и прашајте го "Ок, што најмногу те интересира до крајот на филмот? Зошто сакаш да продолжиш да го гледаш ова" ?

Нема да знае да ти даде одговор.
"Па....ме интересира дали овој со босанецот/србинот ќе се сложат за парите"

...ама ич не ме интересира.

"Пааа..ме интересира дали Атиџе ќе...."
Што? Дали пак ќе има мед? Ќе има, и самата вика дека така е, некогаш има повеќе некогаш не. Дали? Што? Дали ќе ја искасаат пчелите пак? Дали мајка и - што е жена од 90+ години ќе почине? Најверојатно да.

Е сега јбг, Атиџе изгледа како добра жена, па затоа можеби и вака делува. Среќна е со тоа што го има, го има прифатено својот живот и својата улога во светот, си ја врши работата и...тоа е тоа.

Јбг, можеби и очекувањата си имаа свој уддел, ама од документарци вообичаено е фер да се очекува многу.

Особено што очекував цел филм да е како првата сцена што реално е стварно маестрална.

Да не испадне дека сум само негативен. Не сум. Сметам дека документарецов е сосема солиден и има многу работи за пофалба во него. Атиџе е супер лик, можеби и премногу супер за филмов во кој што треба да има некоја драма/депресија/возбуда/напнатост/уатевер.

Режијата е топ. Кинематографијата е маестрална, дури до таму што некои сцени изгледаа како да гледаш филм, а не документарец.
До сега имам гледано неколку филмови од државава што имаат маестрална кинематографија, не знам дали еден човек работи на сите, ама ептен ме радува што поновиве филмови во државава даваат внимание и на тоа, сепак кинематографијата во РМоди нагоре, што е за пофалба (y)

А со оглед на тоа што критичари, смартесес и што ти уште знам се палат на режија и кинематографија... не е за изненадување зошто филмов ги освојува наградите.
Пошто ајде ви се молам, ретко кога критичари се ложат на приказни :D Видете ги најпознатите "ova e art choeche" филмови во светот - 0 приказна и 0 плот.

Е сега.....

Јас лично (за разлика од Џимеј мислам кој негде имаше пишано на некоја тема мислам...) сметам дека ако нешто е македонско..по дифолт треба да се поддржи или барем да не се хејта.

Се додека македонскиве филмови и музики и све по ред не стигнат на ниво каде што ќе има голема фан база и хејт нема да му смета на делото....ја сум само за поддршка.
Ако не ми се свиѓа нештото нема ни да се замарам за тоа нити пак ќе гледам. Нека си постои, нека не ми се свиѓа, нема што да зборам за тоа.

Особено пак, ако имаме дело на Оскари. Нешто што е огромна платформа и нешто што може да биде огромна отскочна даска за креаториве на филмот. А нивен успех пак, може да биде отворена врата и за други луѓе од други области од Македонија да се појават во Холивуд или нешто слично.

Затоа, секоја чест за сите зад Ханиленд. Дај боже да имаме уште многу вакви успеси. Па што се однесува до мене, утре Лозано нека собере 999 милион прегледи со Деспасито ремикс, јас ќе бидам задоволен, нека хејтаат колку сакаат. Или што ти уште знам...

Така да, да се надеваме дека ќе освоиме Оскар за документарец, иако и самите номинации се огромен успех.

Проблемот во хејтот е што многу луѓе го хејтаат хајпот за филмот, нешто што е реално и разбирливо.

А треба да си ограничен умствено за да не сфсатиш каков успех за државата е ова.

Башка...ние, македонци, збориме за тоа каков бил филмот од некоја баба на село што чува пчели.

Фала богу нас нема да ни е нешто mindblowing, пошто на пазар праиме муабет со такви продавачи на мед секој ден...
Во Америка и останати земји, сигурно филмов ќе ги однесе на место што не им е така блиску и ќе им остави поголем впечаток.
Мислам ајде, двајца луѓе како се ценкаат за пари?
Секојдневност во македонија, а во САД......(ок можда и таму е секојдневност што ги знам :D :D )

Ептен пишувам, а тоа што сакав да кажам го кажав.

Солиден филм, кој што треба да го гледате надвор од хајпот (нешто како Артист кога го освои оскарот пред 6-7 години), и треба да навивате да освои пошто може да има огромно влијание врз уметноста во државата.

Од мене лајк си доби филмот уште кога излезе и покрај тоа што реков дека не ја напуштив салата забезекнат како што очеквуав да бидам (y)
Незнам со кој луѓе се диксурирало овде досега на форумов, а вакви работи да се изначита човек.
пс. Неможам да коментирам за секој фрагмент од филмот немам време. Али од кај виде дека комшијата чувал пчели жити се? Почна да чува пчели откако го батали добитокот и му се виде лесно тоа што Атиџе го прави, само за профит, немаше однос со пчелите, не знаеше како со нив затоа и масакар ги правеа нив.

Убавината во филмот е од тоа што во тие 3-4 години снимање на филмот еден тон материјал, некој како Атанас го гледа тоа што го гледа, наоѓа начин да го склопи како што треба едноставно и да тече приказната. Познавајќи го него како функционира и работи и како монтажер и продуцент знам каде има интервенции правено, поради недоволно драма во филмот и што е "интервенирано" во филмот. Во една реченица кажано цел свет, заклучно со америка падна на тоа што филмот е многу едноставен и точен. Филмски писмено е раскажана таа приказна што сакале да ја раскажат, кажи ми ај кој од конкурентите номинирани е подобар од медена земја? Некој што си бил новиранр во живото и се нашол во "право место и време" мислам незгодно место во воена зона во болница каде секој ден стотици умирааат, крвишта на сите страни, кампањата на за сама е направена уште додека авторот на филмот бил новинар и постирала на јутуб видеа кои имаат милионски прегледи. Некој ја чукнал по глава и кажал абе од ова топ филм се прави имаш веќе кампања спремна и ете ти го филмот го склопила со нарација и гледање во камера. Начинот на кој е изработен медена земја и времето поминато во такви услови е сосема друга приказна и такви документарни филмови се бараат во Европа и низ фестивалите. На Американците му се виде убаво и невообичајено да гледаат нешто и да незнаат дали гледаат игран филм или документарен.
Да не коментирам и за другите класични обиди за да направат нешто, политички пропаганди. Америчката фабрика стара тематика за културни разлики меѓу американиците и другите нации... Ништо ново.. Бразилскиот локална политичка приказна. Единствено тој The Cave не ми е гледан. Али погледнете ги и кој колку награди има собрано во изминатите години, кој колава фама доживеа од сите нив и кај американците. Штом го нема Аполо11, оскарот за документарец е кај нас.

Поздрав до филмаџиите од Македонија и нека се научат да снимаат креативни документарни филмови, а не како во изминатите 15 години да нема ниту еден филм од македонија излезено сработен (исклучок што беа малку поразлични и прошетаа по некој фестивал и беа видени Avec lamor и Cash and Marry), се само пари перење по 50 илјади по 100 илјади евра за што за ниту една проекција во кино, само една за да оправдаат средства во Агенција. Патописи и репортажи, историски срања и глупости се испофрлаја пари сите испокрадија.
Прашајте ја екипата на Медена Земја колку пати беа одбиени од агенција за филм и кога ги добија парите. Ги добија кога филмот беше снимен, по 3-4 пати одбивање за средства.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Еве јас само што го изгледав и The Edge of Democracy и решив да искоментирам и за него: дефинитивно најдосадниот документарец што го имам гледано во животот. Документарец за турбуленциите на бразилската политичка сцена во последните 20-тина години. Ако ова е номинирано за Оскар за документарец, да земеме ние да направиме една монтажа на архивски материјали од се она што се случуваше на политичката сцена во Македонија во последниве 20-тина години, тоа што ќе испадне ќе биде номинирано за најдобар филм, се кладам. Плус, има далеку повеќе материјали од само 2 саати и 1 минута. И плус, ќе биде 100 пати поинтересно отколку ова. Убаво рече @Perdika I погоре - локална политичка приказна за која емоциите можат да проработат само кај Бразилците. Honeyland пренесува универзални пораки, зборува за нешта кои сите нѐ засегаат, затоа и толку го ценат. И со право. Плус, The Edge of Democracy нема освоено ни една единствена предоскаровска награда. Дури и беше победен од Honeyland на Санденс, каде исто како него ја имаше премиерата. Го немам гледано Apollo 11, ама по толку освоени награди од истите луѓе кои не го номинирале за Оскар, се чудам како му дале на бразилскиов номинација.

Ми останаа уште двата сиријски, The Cave и For Sama, ама со оглед на тоа што такви многу имаше и номинирани и добитници на Оскар во изминативе неколку години, мислам дека веќе им се здосадени на Американците.

За American Factory - реков, добар е, ама некако многу ладен, мртов, нема топлина, не пренесува никаква емоција...

Заклучок: сѐ повеќе и повеќе мислам дека Honeyland ЌЕ ГИ ЗГАЗИ!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.180
Поени од реакции
8.818
Дали ако филмот беше со марсовци луѓето ќе мислеа дека навистина не посетиле?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
За фановите на True Crime документарци, ѕирнете го The Mind of Aaron Hernandez. Не е нешто вау, би рекол просечен, пред се затоа што нема мистерија околу убиецот, од почеток е јасно дека го извршил убиството. Она што е интересно: НФЛ ѕвезда со 40 милионски договор, си го фрла животот низ тоалет, и зошто...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Дали имате гледано филмови со коментар, мислам на она кога режисер или некој друг поврзан со филмот одвреме-навреме коментира нешто? Дали имате гледано филм што првпат го гледате и се одлучувате да го гледате со коментар?
Претпоставувам подобро е ако го глеаш втор пат/трет пат да биде со коментар...
Дали ви оставил впечаток некој филм со audio commentary?
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Слично ама можеби подобро, иако мислам дека сме малку оф топик https://www.imdb.com/title/tt9614090/
За фановите на True Crime документарци, ѕирнете го The Mind of Aaron Hernandez. Не е нешто вау, би рекол просечен, пред се затоа што нема мистерија околу убиецот, од почеток е јасно дека го извршил убиството. Она што е интересно: НФЛ ѕвезда со 40 милионски договор, си го фрла животот низ тоалет, и зошто...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Дали имате гледано филмови со коментар, мислам на она кога режисер или некој друг поврзан со филмот одвреме-навреме коментира нешто? Дали имате гледано филм што првпат го гледате и се одлучувате да го гледате со коментар?
Претпоставувам подобро е ако го глеаш втор пат/трет пат да биде со коментар...
Дали ви оставил впечаток некој филм со audio commentary?
a? :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom