Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.501
Поени од реакции
80.599
Дефинитивно имаш траума од овие римејк што ги прави дизни или кој било друг дистрибутер, еве децата мој 2002 и 2005 се година на раѓање ако ти кажам дека до сега го имаат изгледано минимум 3 пати ке ми веруваш или не???
А да иначе и јас го гледав Aladdin, и да можам да кажам ми се допадна и мене :D
Далеку од траума, всушност кога почна тој тренд не ги критикував и им дадов шанса да видам што ќе направат, ги изгледав live action римејците на Могли и Убавицата и Ѕверот, и заклучив дека не понудуваат ништо ново... ист дијалог, исти сцени што ги има во оргиналите, исти песни, сето тоа преџвакано и нашминкано во live action CGI ефекти, кои за 20-25 години од сега ќе застареат и пак ќе прават live action римејци на римејците :icon_mrgr:

Тоа што твоите деца го гледале 2-3 пати воопшто не ми смета, деца како деца... :) И ние како мали сме гледале секакви срања :P. И знам дека овие римејциве треба да бидат наменети за помладата публика, али сепак сметам дека е класичен cash grab од филмските студија... нашле рецепт како покрај помладата публика, да ја привлече и онаа повозрасната наслонувајќи се на носталгијата, сепак голем дел од оргиналиве не се постари од 30 години, сеуште се свежи сеќавањата на постарата публика и ете ти џек пот за грабање пари.

Мислам дека дадов убав пример погоре за Психо од 1998, буквално ист дијалог, исти сцени итн, и сега треба сите да паѓаме у несвест ради тоа... Е Дизни го прават истото, само на полош начин, пробуваат од оргинален анимиран филм да го преработат со вистински актери, а стварно барем според мене тоа изгледа некако невкусно и кичерајско :)
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
заклучив дека не понудуваат ништо ново... ист дијалог, исти сцени што ги има во оргиналите, исти песни, сето тоа преџвакано и нашминкано во live action CGI ефекти, кои за 20-25 години од сега ќе застареат и пак ќе прават live action римејци на римејците :icon_mrgr:
Мене баш заради тоа ми се свиѓаат. Цртаните ги немам гледано којзнае од кога и сега на филмот кога одам се потсетувам на секоја песна, секоја сцена што ми била омилена како дете, само во нова технологија. А доколку пробуваа нешто ново да смислат и ептен да ги изменуваат, тоа ќе беше безвезе според мене, бар за нас кои сме израснале со нив.
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
312
Поени од реакции
136
Милион кавери се подобри од оригиналните песни. Зошто не и филмови? Кому што му се свиѓа...
Уште повеќе - мислам дека според теорија драма постојат 7 (седум) приказни. Сѐ друго е само различно толкување на тие 7 основни приказни. It's not the destination, it's the journey...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.625
:place: Браво Синеплекс

СПАВАШ ЛИ МИРНО АНОН?Прегледај го приврзокот 217793
Јас секако дека спијам мирно.
Прашањето е дали ти спиеш мирно?
Сега ќе видиме дали ќе дојдеш со мене во Синеплекс.
Којзнае колку се каеш што мораше тука јавно да ветиш дека ќе одиме во Синеплекс а не почека неколку дена...
[edit] Ахх, фејк енд геј, видов постерот е малку погоре од тој до него...


И не користи Adblock Plus нубу еден, не сме 2016. Ublock origin треба да се користи.
 
  • Хаха
Reactions: wot
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Да те викнам тебе за кино треба да сум даунче секогаш те користам у саркастична форма,и се разбира дека постерот е погоре не се ни обидувам да доведувам нешто у совршенство или под точен агол коа еден таб те двоји од вистината од ти нубу еден.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.070
Поени од реакции
78.291
Ако уште постојат луѓе што го сметаат РТ за битен сајт (освен филмски студиа што сакаат да флексаат со CERTIFIED FRESH како маркетинг), еве ја листата на најдобрите 10 филмови НА СИТЕ ВРЕМИЊА според РТ:

Прегледај го приврзокот 217649
:lolzz: :pos::lolzz::pos:
Автоматски споено мислење:

Излезен е по торентиве Between Two Ferns: The Movie :)
На Нетфликс го има.
Вчера стаив пошто Дисенчентмент излезе.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Излезен е по торентиве Between Two Ferns: The Movie :)
Не се радувај. Мене ми беше глупо, двапати дали се насмеав, едвај чекав да заврши тортурата. Најинтересни беа блуперсите од самите интервјуа во последните 5 минути од филмот.
Зак ми е баш забавен, вака по негови интервјуа се газам од смеење. А ова не му требало.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.373
Поени од реакции
38.354
Не се радувај. Мене ми беше глупо, двапати дали се насмеав, едвај чекав да заврши тортурата. Најинтересни беа блуперсите од самите интервјуа во последните 5 минути од филмот.
Зак ми е баш забавен, вака по негови интервјуа се газам од смеење. А ова не му требало.
Тоа е Мајче, слабо, Галафиланаксис класика
 

Kajgana Shop

На врв Bottom