Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
10 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
8.862

Најдобрите 10 филмови 'инспирирани' од легендата Кјубрик.
Второ место на There will be blood, омилениот на Џони. :D
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.341
Поени од реакции
4.663
Пак ќе замарам малку за bflix: кој е оригиналниот? Еден куп ги има, bflix.gg, bflix.pro, bflix.watch...

Иначе господ здравје да ви даде што ме просветливте, на другиве канали ем плаќам ем нема филм што ми треба да можам да го најдам, а буквално сите работи што не сакам да ги гледам ги има. Овде се брате мили, што ти душа сака. Не ми е мене за бесплатно, дупло би платил ама да не ме замараат со западњачки фори како еве ти го Ио Back to the Future двојката на Нетфликс, кецот ти е на ХБО а тројката на Амазон...

И сега како што е редот си ископав едно од оние лесни филмчиња од 80-те, Some Kind Of Wonderful (1987), играше на МТВ во 90-те кај нас. Едноставна тинејџерска приказна која ги доловува тие времиња. Милина. :kafence:
Оригинален мислам дека нема. Нешто слична фора имаат направено како Пиратите каде што можат да се направат безброј копии, па секој обид да се уништи една страница, се појавуваат 3 нови.

Битно е што нуди скоро цела видеотека на светски филмови со одличен квалитет. Добро, мене ми се случило 2-3 пати да не можам да најдам некој филм таму, посебно од неанглиско говорно подрачје. Но, тоа е реткост.

За сега е најдобар избор за гледање филмови. Нетфликс станува комплетно небитен при овакви можности.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
10.570
Поени од реакции
23.766
Бреј каков бродолом му се дешава на Џејк Гиленхал. Едно време имав огромен респект за дечково, имаше добри улоги ама последниве неколку филмови му се смешни, ама не во добра смисла.
Го гледав Ambulance, и почна добро ама филмот освен експлозии, куршуми и возење 2 саата ништо друго не понуди. Пробуваат да ограбат банка, ама не користат маски. Професионален crew, ама еден џандар не погодија. Escape car човекот место да ги собере после грабеж возеше околу банката и газеше луѓе од негов тим. Професионалците изгинаа од LAPD дечко што тазе излезе од академија. Мајкл Беј нашол некој дрон оператор и тоа е у принцип хајлајтот на филмов. Ако немате попаметна работа, филмов е ок да си вози на телевизор дур фокусот ви е на нешто друго. А, да... трае 2 часа.

Џејк ако не извади нешто квалитетно, го прогласувам за умрено.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
3.443
Поени од реакции
13.639
Дали ќе има СФФ годинава?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
8.862
Дали ќе има СФФ годинава?
Скопје филм фестивал? Од коронава го сменија во септември, па ако има, ќе биде тој период.

Сега гледам добиле средства од агенција за филм, па би требало да има.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
359
Поени од реакции
409
Стомачнине ко пластифицирани да му се.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
3.443
Поени од реакции
13.639
Дали има интерес за филмска собиранка на некој од филмовите на Буњуел во Кинотека што се при крајот на месецов?

Одамна не сме се собрале, а мислам тргнати се рестрикциите. Јас и гранде веројатно ќе одиме на некои од проекциите па ако има интерес за заедничко гледање и/или дружење пред/потоа, пишете да се организираме.

Ако не го сакате Буњуел, има и недела на италијански филм, ама сеуште немаат објавено кои филмови ќе ги даваат.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
8.862
Дали има интерес за филмска собиранка на некој од филмовите на Буњуел во Кинотека што се при крајот на месецов?

Одамна не сме се собрале, а мислам тргнати се рестрикциите. Јас и гранде веројатно ќе одиме на некои од проекциите па ако има интерес за заедничко гледање и/или дружење пред/потоа, пишете да се организираме.

Ако не го сакате Буњуел, има и недела на италијански филм, ама сеуште немаат објавено кои филмови ќе ги даваат.
И ја ваљда ќе идам на некој. Тој со буржоазијата ваљда не, гледан ми е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom