Не ми се верува дека уште има луѓе што не сфаќаат како функционираат Оскариве за странски филмови (на фејсбук, не на форумов нормално
)
Исцелител е одбран да биде дел од поголемиот избор за филмови од неанглиско говорно подрачје.
Ова не е никаков успех нити нешто неверојатно.
Речиси секоја година праќаме филм.
Исцелител беше најпопуларен и најзборуван филм од сите (пар) филмови што излегоа кај нас лани.
Не знам зошто ова го сметаат за огромен успех.
Ова е исто како да пратиме песна во полуфинале на Евровизија... нормално, очекувано и најверојатно нема да донесе никаков успех и никој во светов нема да знае дека постоел филмов.