Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.113
Поени од реакции
9.062
неможеш да знаеш некој филм колку е квалитетен додека не го изгледаш, сеа моеш да читаш критики но кој ги врти нив, знаат и да ругаат добар филм а и знаат апла досаден/глуп филм да го величат како којзнае каква уметност дека е.
Да де, ама поентата ми е не гледам филмови само колку да ги додадам на листа на изгледани. Гледам онолку често колку што ми се гледа и колку што имам слободно време. Некогаш 2-3 ќе изгледам во денот, некогаш цела недела и повеќе без гледан филм.

А инаку и јас знам да пуштам лесни и срање филмови за тепање време, таман работа дека само квалитетни гледам.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
http://www.imdb.com/title/tt3797142/

моментот кога ќе направиш филм комедија и луѓето ти се смеат не затоа што има јаки шеги и слично туку поради претерано лошата и очајна глума на степен the room... ве предизвикувам да го гледате цел без да прескокнувате или да вртите околу столче, еден куп дебилни разговори и неартикулирани потези на типовите што мислат дека се актери, стварно не ми е јасно дали свесно го прават тоа, најлош филм за 2014 според мене, па јас да земам камера да викнам другари ќе направиме подобар филм 100 %

хах, да тоа дава малку мотив да продолжиш со гледање
 
Последно уредено од модератор:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.808
Поени од реакции
42.442
http://www.imdb.com/title/tt3797142/

моментот кога ќе направиш филм комедија и луѓето ти се смеат не затоа што има јаки шеги и слично туку поради претерано лошата и очајна глума на степен the room... ве предизвикувам да го гледате цел без да прескокнувате или да вртите околу столче, еден куп дебилни разговори и неартикулирани потези на типовите што мислат дека се актери, стварно не ми е јасно дали свесно го прават тоа, најлош филм за 2014 според мене, па јас да земам камера да викнам другари ќе направиме подобар филм 100 %
ima cicki?
 
H

HoT IcE

Гостин
Gone Girl, good, good and becoming better then in the end it's meh, he he Ben Affleck, He he :kuracc:
Ова за вас што не сте го гледале.
За вас што сте го гледале идеме у спојлер.
Стварно не знам од кај да почнам, крајов ми ги малце расипа првичните импресии но ајде вака да се изразам. Убаво филмче со интересна приказна, добра глума и перфектен саундтрак. Те вози, се мислиш, премислуваш, измислуваш топла вода и све је почело овако..
Приказната се до последните половина част, дваесетина минути беше перфектна, беше ебење и ме возеше максимално. Ама у крвта ми е да хејтам и неможам да се помирам со онаков пичкарски крај ебате, на што личеше тоа? Клише ќе беше да идеше у затвор можда, ама ова шо беше? Тотално ми ги расипа првичните импресии за филмов, од предобар ми стана добар, со малце мислење ми стана просечен ама на крај си реков дека ајде не е фер да се критикува толку строга врз база на еден ебан крај, ама за мене значи. Али филмов е дефинитивно освежување кога се работи за трилери и то.
Глумава беше на ниво, сите до еден, и Бен Афлек. Али Росамунд Пајк лепотицо свака ти част, заслужува номинација за ова што одглуми.
Исто и Бен Афлек одлгуми еден од најдобри филмови у негова кариера, неверувам дека имал подобар филм од овој на кој што повеќе му легнала улогата. Перфектна фаца имаше за филмов, и си ја задржа низ целиот тек :D :pistoldz:
За се друго имам пофални зборови, кадри, музика одредени сцени кои што многу ја направија атмосферата уште понапната и ја држеше мистеријата, се беше совршено.:ајнапиво:
P.S Заборавив оценка, 7/10
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.721
Поени од реакции
12.727
Предвидлив беше :icon_lol: Настрана заебанција, топ филмче. Не знам што да кажам што не е веќе кажано. 8/10
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.721
Поени од реакции
12.727
Ко Интерстелар шо ти беше? :D
Види заебана работа, по предвидлив ми беше Интерстелар него ли овој.
Тие 30тина минути што ти ги спомна, ни мене ни на крај на памет дека така ќе испадне :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Види заебана работа, по предвидлив ми беше Интерстелар него ли овој.
Тие 30тина минути што ти ги спомна, ни мене ни на крај на памет дека така ќе испадне :)
И тебе чоек неможе почеток и крај да ти фати :D
Ќе лажам ако кажам дека ми беше предвидлив крајот, баш напротив затоа сум разочаран пошто крајот ми изгледаше како на филм без идеја за крај :D
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.721
Поени од реакции
12.727
И тебе чоек неможе почеток и крај да ти фати :D
Ќе лажам ако кажам дека ми беше предвидлив крајот, баш напротив затоа сум разочаран пошто крајот ми изгледаше како на филм без идеја за крај :D
Лесно е, се почнува една вечер кога мама и тато.....нвм :D

Не знам дали ми го уништи филмот или баш ми го направи тој мех крај. Очекував да детективот некако ја осуди, алтернатива ми беше дека сестра му ќе ја убие, ама крајот сигурно не го очекував. Сепак ми го прави филмот. За разлика од класичните мајндфак филмови кај што цело време имаш нешто нормално за на крај да се случи нешто сосем неочекувано овдека беше обратн ситуација. Цел тек на филмот, ненормални работи, лаги од почеток дури и ти кажува дека се лаги и мајндфак работи, за на крај да заврши толку...вообичаено (y)

Also, get over the Interstellar thing :D
 
Така, така :D
Се согласувам, текот на филмот навистина не беше како на класичните mindfuck трилери, и баш затоа се повеќе разочарав ја, пошо цело време полицајкава ми беше напната и заинтересирана за вистината, знаеше дека Ник не е убиец и дека е наместен, и за на крај, sorry guys I just can't do anything. Неможам да се помирам ме боли срцево шо ми направија вака :D Плус овај Драгонов ме хајпна за филмов коа бевме на биљард :D
Се заебавам за Интерстелар I got over it long time ago :D
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Јас уште не знам човек шо му се свиѓаше крајот на филмов...
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.721
Поени од реакции
12.727
Осеќам црна овца ќе сум на темава ... :cautious:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Јас уште не знам човек шо му се свиѓаше крајот на филмов...
Тоа е заради чувството на
агонија. Го гледаш Афлек како се мачи во таа ситуација, и тоа чувство се пренесува врз тебе. Чекаш некаква разрешница, за да ти олесни, а режисерот бира недефиниран крај. Јас во принцип сакам недефинирани краеви (Unfaithful (2002) ) но ова беше многу многу лош момент за недефиниран крај.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.063
Мене живо ме интересира од посикусниве филмаџи по колку имат изгледано псајсајд или њот :icon_mrgr:
odkaj muabetive deka jas poiskusen... :D

eve me i mene, 200 godinava, kolku sto i vetiv vo moviespotting temata i okolu 1.200 sevkupno. :D

http://letterboxd.com/stolesikko/

@grande-juve odlicen posterot, epten mi se sviga idejata, jas planirav samo 7-8 pogolemi omileni da staam ama i tvoeto ne e loso. Za zal samo fajkla go imam. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom