Филмови од кои сте очекувале многу, а ве разочарале

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Moже да се нарече комерцијала. Порано се снимаше првичната идеа макар била неприфатена општо од мнозината, макар имало отстапување од нормалното како наводно требало да изгледа филм во тоа време. Филмови за многу специфични вкусови, сценариа наменети за потесна публика без многу трошење на финансии околу маркетингот и форсирање на филмот. Сега се снима само за профит, се снима за пошироката маса, се снима да се допадне на сите. Hell, и римејк се снимаше после 50тина години, а не после 5 како примерот на Џимеј, Death at a Funeral. Британскиот хумор не е за сите, ретко кој го смета делово за uber-смешно. Но тоа е вистиснката вредност на филмот. Сега после 5 години му прават римејк американциве со цел да излезе блокбастер, напунпан со многу нигери, наменет за сите. Ни јас не планирам да го гледам.

За да не сме константно разочарани, пред да почнеме да гледаме нешто од 2005 наваму треба да почнеме со никакви очекувања whatsoever. Нула.
Толку е очајна креативноста на Холивуд што немало нова идеја доста солиден период... И да не е римејк, шаблонски се следи само различни глумци.
Во контекст на се она што го кажа wot само би додала уште еден податок.Самите студија пред да дистрибуираат филм прават затворена прокеција на рендом одбрана помала публика од околу најчесто 100 луѓе.Многу често правата две верзии на крајот на некој филм,едната пореално во која позитивецот умира и нема баш некој среќен крај и другата која гласи сите среќно си живееле.Конкретно кога на ваква проекција на филмот Австралија(со Никол Кидман и Клајв Овен беше ми се чини) им ја пуштиле првичната верзија во која главниот лик умира цела публика негодувала па после тоа во јавност иде верзијата со хепи енд.
И секако дека нема да се сними ниту едно ремек дело во последно време кога се цели само на лесно поентирање.Последен филм кој навистина ми се допадна а е изваден во поново време е The Curious Case of Benjamin Button ,едноставно ми се допадна остварувањето целосно настрана од споредбите со Форест Гамп.
ВО однос на филмови кои ме разочарале,дефинитивно повеќе нема шанси да загризам на јадицата на блокбастери во кои главниот јунак е некој супер херој од типот на Железниот човек(умрев од досада гледајќи го првиот дел,втор дел да гледам нема шанси) а исто така ништо посебно не ми беше ниту Трансформери(изгледа Меган Фокс им завршила голема работа на продуцентиве).И исто така не можам да ги смислам новите филмови на Џејмс Бонд,страшно ми се без врска,кога јас би се прашувала би престанала со снимање на овој серијал зашто 100 години едно исто вергла филмот,убава жена која умира,нова технологија,набилдан тип и бесна кола.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
разочаран сум од The Baker од причина што тој од тезгата викаше земи го овој многу е смешен. Кога го видов shit in colour. Глумците беа англичани, а како се лигават тие. Глума нула. Приказна нула. Никој да не го гледа овој филм.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
The girl with a pearl earring.
Среќа што прво ја читав книгата, оти филмот едвај го догледав до крај.
Е сега Колин Ферт ептен беше погоден за улогата на Вермер, ама Скарлет не ме посебно импресионира
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
разочаран сум од The Baker од причина што тој од тезгата викаше земи го овој многу е смешен. Кога го видов shit in colour. Глумците беа англичани, а како се лигават тие. Глума нула. Приказна нула. Никој да не го гледа овој филм.
Леле. Еден од најдобрите британски филмови. Каков хумор очекуваше? Американска пита хумор?
Приказната е неверојатна, глумата е исто така на ниво.
За таа последната реченица не ти коментирам...
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.584
Поени од реакции
81.168
Терминатор 3 (2004)- После 13 години Арни се враќа во улогата на Терминаторот, 2004 година као копиљ бев хајпнат за овој филм. На крај испадна тотално разочарување без длабочина во приказната... патем секојпат кога Арни со својот австриски акцент ќе ја спомнеше Катрин БрустА :facepalm:. ПОследниов дел очекував да биде срање, такада бев подготвен на најлошото

Индијана Џонс 4 (2008) -
После цели 19 години Харисон Форд, Спилберг и Лукас го враќаат на малите екрани легендарниот Инди... првите три дела беа (и сеуште се) :cuc:, се што човек може да побара од класична авантура го има во овие три филма. Што се деси со четвртиот дел? Шаја Лабеуф, очајно CGI, мајмуните, Инди во фрижидерот... ВОНЗЕМЈАНИ!?!?!? :несвест:
Се надевам дека петтиот дел ќе го направат за 100 нива подостоен.


Х-Мен 3 (2006) - Првите два дела беа ремек дела, и тоа доаѓа од моја уста, човек кој не е љубител на филмови со суперхерои. Имаа некаква длабочина во приказната, луѓето и мутантите, Вулверин, Сајклоп и Џин... Што се деси со третиот дел? Ништо, класичен кешгреб филм со многу ефекти, бледо издание од сите актери. Сторм со кратка коса?!?! МРШ:(

Такен 3 - Очај, дно... Лијам Нисон пропо.

Паранормал Активити - своевремено најстрашниот филм на сите времиња :Р . Цел свет се хајпна, сите зборуваа за него, кино салите беа преполни, другари ти викаат "Аууу, брат страшен е". Го симнувам на компјутер, гасам светлата, пуштам звучникот на најјако и....


 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Терминатор 3 (2004)- После 13 години Арни се враќа во улогата на Терминаторот, 2004 година као копиљ бев хајпнат за овој филм. На крај испадна тотално разочарување без длабочина во приказната... патем секојпат кога Арни со својот австриски акцент ќе ја спомнеше Катрин БрустА :facepalm:. ПОследниов дел очекував да биде срање, такада бев подготвен на најлошото
Глеј го Терминатор Генезис, ќе се префрлиш на гледање индиски серии. Страшно лош филм од кого неговите фанови очекуваа нешто.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.584
Поени од реакции
81.168
Глеј го Терминатор Генезис, ќе се префрлиш на гледање индиски серии. Страшно лош филм од кого неговите фанови очекуваа нешто.
Па еве пишав за него :)

ПОследниов дел очекував да биде срање, такада бев подготвен на најлошото
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Dunkirk (2017) - очекував ултра јак воен спектакл од Нолан, а добив просечна и до некаде досадна приказна што ќе ја заборавам за кратко време...

Justice League (2017) - изгледа преголем фан на DC сум, па и покрај сите филмски утки се надевав на добар филм. Ништо, испуштена шанса. Никаква возбуда, никаква хемија меѓу ликовите, никаква поврзаност како тим... Споредено со Avengers ова е како аматерски фан филм...

Anchorman 2 (2013) - знам дека комедиите ретко добиваат добри продолженија, ама како бе ја утнаа работата овде? Првиот дел ми е еден од најсмешните филмови ever, вториот тотално несмешен и исфорсиран.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.798
Anchorman 2 (2013) - знам дека комедиите ретко добиваат добри продолженија, ама како бе ја утнаа работата овде? Првиот дел ми е еден од најсмешните филмови ever, вториот тотално несмешен и исфорсиран.
Ептен лесно у задње време му е на Вил Ферел да промаши. Баш ми е криво, пошто Енкормен и Рики Боби и уште некои, му беа многу добри комедии.[DOUBLEPOST=1526470065][/DOUBLEPOST]The House веројатно стои на врвот од купот лоши комедии од Ферел, кои ги гледав во последниве неколку години, залудно очекувајќи некој нов Елф, Рики Боби, Енкормен...
 
Последно уредено:
Член од
29 август 2017
Мислења
134
Поени од реакции
67
The Week Of (2018). Total disappointment!
 
И

Име И Презиме

Гостин
Mad max: fury road 2015

Големи очекувања а испадна тешко срање.Така е кога на стара слава сакаат да помине.

 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
983
Поени од реакции
638
Star Wars VII: Last Jedi или под вистинското име Star Wars VII: Death of a Franchise
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
The Predator (2018)
Shane Black нa прaви срaње oд 90Милиoни дoлaри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom