Филмови/документарци со економска тематика

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Види, не е дека не ја почитувам темава :) , јас сакам вакви филмови ама не можам да се впуштам во посериозни дискусии зошто го немам потребното знаење од лаги и манипулација ... овај, економија де, економија мислев... Така да повеќе сакам од вас економистите ( :oops: ) да прочитам некое поиздржано мислење, ама на форумов од кога памтам многу мал интерес има за анализа на вакви филмови.

Во секој случај мене филмот ми се допадна, макар што предходно ги имав гледано Sicko и 9/11 од кои овој е послаб. Би рекол дека е на рамниште на Bowling for Columbine. Но во секој случај темата ми се допадна и храброста/дрскоста на Мајкл Мур, како и неговиот стил на изразување кој го почитувам, мислам дека е оригинален. Знам дека беше присутен на Occupy Wallstreet а како што се случија и доста немили сцени, се надевам дека собрал доволно материјали и основа за нов документарец. Мислам дека нема да издржи да ја премолчи таа тема.

Како и да е, јас ги препорачувам неговите филмови на секој. Лаиците како мене ќе бидат задоволни од филмот, а економистите (еве го пак :oops: ) ќе си имаат нешто за размислување, претпоставувам.

Кога сум тука, се сетив на нешто: има некој Србин од Канада кој го викаат „српскиот Мајкл Мур“, од причина што е копија на стилот на Мајкл Мур. Не го мислам ова лошо, сметам дека треба да се биде оригинален ама не е страшно. Кај бев... е, човеков снимил еден филм кој се вика The Weight of Chains. Филмот има повеќе врска со историја и политика отколку со економија, но при крајот на филмот се бави со економски прашања. Јас исто како и секогаш сакам да знам дали наведените работи се точни и дали имаат основа, но пак нема кој да прочепка низ ова. Пишав на некоја друга тема но не добив одговор. Ако некој се реши да го гледа и да дискутира, имајте во предвид дека се освен делот за економијата (кој не е голем и се однесува на поранешната држава и државите кои произлегоа од истата) на оваа тема е оф-топик.
Ако го погледнеш второто клипче, поточно на крајот од второто клипче, го прашуваат дали ќе сними нов документарец иако рекол дека ќе земе одмор неколку години, рече дека поради тоа што ветил дека ако добие подршка ќе сними, но сепак немало да биде за Окупирај го Вол Стрит.
Претпоставувам ќе биде за Асанж за кој што како што прочитав низ нетов, дал 200.000 долари за кауцијата на Асанж.

За филмот што го наведе, дефинитивно ќе го изгледам, али коа ќе иам време и желба, иам доста за гледање а многу малце слободно време...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Ако го погледнеш второто клипче, поточно на крајот од второто клипче, го прашуваат дали ќе сними нов документарец иако рекол дека ќе земе одмор неколку години, рече дека поради тоа што ветил дека ако добие подршка ќе сними, но сепак немало да биде за Окупирај го Вол Стрит.
Претпоставувам ќе биде за Асанж за кој што како што прочитав низ нетов, дал 200.000 долари за кауцијата на Асанж.

За филмот што го наведе, дефинитивно ќе го изгледам, али коа ќе иам време и желба, иам доста за гледање а многу малце слободно време...​
Да да, јас гледав уште тогаш одма се појави во некоја ТВ куќа и веднаш излезе интервјуто. Ова е скратено:

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Boiler Room (2000) - Ова е едно филмче што ретко кој го збори, незнам ни дали сум го начекал на форумов, но по мене е доста квалитетно.
Со брокерска тематика е, дечко (Џовани Рибиси) се вработува во брокерска фирма и се оди идеално (пари, забава, жени) на почетокот, додека не сфати колку "чесно" неговата фирма прави пари. Глумат и Вин Дизел и Бен Афлек во филмов, го препорачувам не само на љубителите на вакви филмови туку воопшто на сите, добар е филмот ;)
Филмиште :)

Случајно го загледав на имдб пред да го пишеш, го симнав и дури денеска го изгледав. Многу добро филмче, дефинитивно влегува во групата со Вол Стрит, а Сет(Џовани Рибиси) одлично се снајде во главната улога.
У принцип филмовиве се знае како ќе завршат, али имаше доста голема тензија и приказна.

п.с. Илегалните бизниси се полегални од легалните... браво...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Debtocracy

Документарец за кризата во Грција, но далеку е од документарец за кризата во Грција. Како е можно? Епа така, повеќе е пропаганден материјал и барање алтернативен начин за решение (неуспешно)споредувајќи се со други земји а воопшто не кажува ништо за кризата во Грција, ниту причини ниту виновници, туку еден алтернативен начин кој е прашање колку ќе им успее, дури ни академските професори не можат со сигурност да кажат.
Ги читнав и 3те ревјуа на имдб.цом и гледам дека со двајца од нив имам исто мислење. Ми се допадна музиката што идеше во позадина, другото беше поинтлесс, освен можеби делот за ревизијата на долгот.

Може да се гледа и на јутуб со англиски сабтајтл:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Уште неколку клипчиња/документарци за светската криза, со Лиман Брадерс во центарот на вниманието:

We've been Fuld: Congress grills Lehman CEO on compensation

http://www.youtube.com/watch?v=0GGV3GGHD2Q&feature=related

Сослушувањето на Фулд, 7 минутно клипче, интересно е да се слушнат двете страни.

The Last Days Of Lehman Brothers [ENG sub] FULL MOVIE
http://www.youtube.com/watch?v=RLWIPyQXcRE&feature=BFa&list=PL80ADBA93424CE3FB&lf=results_main

The Fall of Lehman Brothers
http://topdocumentaryfilms.com/fall-lehman-brothers/

Нема ништо да напишам, одамна ми се гледани, но вредат да се погледнат.

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Ја воскресна темата од мртвите директно на прва страна, а? :)

Еве и јас да додадам еден документарец поврзан со темата, мислам дека му го имам спомнато на beneamata . Различното кај документарецов е што го истражува таканаречениот „капитализам на катастрофата“, односно, тврди дека капитализамот се зајакнува со помош на природните катастрофи, војната и тероризмот. Документарецот е базиран на истоимената книга.

The Shock Doctrine

Можете да си го симнете, или да го гледате на YouTube.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Ted.com, тука можат да се најдат доста клипови од различни тематики, вклучувајќи и бизнис и еконимија. Вистина не се филмови, но може да се научи нешто посебно. Мислам дека некаде прочитав дека и професори од Harvard и MIT ќе направат нешто слично и дел од нивните предавања ќе се најдат на нет, ама не сум сигурен дали добро запаметив. Т.е. еве линк, edX. :D Според официјалната веб страна првите курсеви (предмети) може да ги очекуваме на почетокот на летото, најдоцна почетокот на есента. Едвај чекам да започне.
 
Си направив сабмишн, сега е курс за електроника, понатака ќе видиме што ќе бараат за курсевито, но најверојатно нема да може секој да се пријави, ќе има филтер а можно е и да се плаќа некој фее.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Ја воскресна темата од мртвите директно на прва страна, а? :)

Еве и јас да додадам еден документарец поврзан со темата, мислам дека му го имам спомнато на beneamata . Различното кај документарецов е што го истражува таканаречениот „капитализам на катастрофата“, односно, тврди дека капитализамот се зајакнува со помош на природните катастрофи, војната и тероризмот. Документарецот е базиран на истоимената книга.

The Shock Doctrine

Можете да си го симнете, или да го гледате на YouTube.
Конечно го изгледав :) Ме изморуваат документарциве, дефинитивно...

Интересно, особено делот за Русија ми се допадна, не сум го знаел тоа. Дава нов поглед на сите економски кризи и економски трансформации. Опасна критика кон Фридман, колку е реална и основана, не би сакал да навлегувам, нека го погледнат и другите документарецов зашто стварно е претставен капитализмот од еден поинаков аспект.

Не знам колку би идел во прилог и случајот Аргентина, не знам зашто и тоа не било вметнатно бидејќи наидов на некои сличности, еве кој сака да го погледне:
http://topdocumentaryfilms.com/argentinas-economic-collapse/
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Booooooooooooooring!

Се зезам, добри филмови сте гледале, нема муабет, треба да се направи еден маратон деновиве :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Pluh бегај бе од темава, нема тука мокјументарис :D

Ја подзаборавив темава, ќе пишам нешто деновиве.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Pluh бегај бе од темава, нема тука мокјументарис :D

Ја подзаборавив темава, ќе пишам нешто деновиве.
ветено-сторено :D

Ги изгледав инсајд џоб, капитализам а лав стори и ту биг ту фејл. Предлози следни кои да ги гледам ??
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
ветено-сторено :D

Ги изгледав инсајд џоб, капитализам а лав стори и ту биг ту фејл. Предлози следни кои да ги гледам ??
Обврски :D

Епа комплетирај го триото од првиот пост со Margin Call.

Вол Стрит ако не ти е гледан, и тоа изгледај го, нема кој го нема гледано. После и Енрон, али тешко ќе ти иде да разбереш што-како се случувало точно, али сепак вреди да се погледне. Ако ти се допадне Енрон, да ти дадам уште еден документарец, кој сум го заборавил во темава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom