- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Споменичното обележје Воин со придружни елементи од Валентина Стефановска денеска ќе почне да се поставува на плоштадот „Карпошово востание“, пред Министерството за транспорт и врски.
Како што соопшти општина Центар, споменичното обележје е дел од програмата на општина Центар за одбележување на значајни личности и настани преку подигнување на споменични обележја, усвоена во 2007/2008 година.
Споменичното обележје е изработено во леарницата Гуастини, Италија. Изработката траела две години.
Поради внежите од дожд, поставувањето кое што беше најавено за во 11.00 часот, ќе се изврши откако ќе бидат подобрени временските услови.
Инаку тринаесетметарската скулптура ќе биде поставена на 15 метри висок постамент со придружни скулптури и релјефи, а околу ќе биде направена фонтана.
Пред споменикот ќе бидат направени две помали фонтани, а според планот, зградата на Министерството за транспорт треба да се надгради за два ката и да добие нова фасада.