Филателија беше порано доле во зградата на ЕСМ на плоштад, пред две години ја преместија на еден од шалтерите во централната пошта што е кај мостот гоце делчев, или полесно таа една округла градба позади главната зграда на телеком.
Јас си имам сите марки од македонија од осамостојувањето до сега.
За продавање марки, многу е важно колкава била на времето серијата и колку е стара, односно колку често може да се најде марката.
Јас до сега не сум побарал подетално по специјализирани берзи за марки, ама сигурно ги има. Инаку можете и на eBay да ѕирнете како идат некои марки.
Инаку имам јас и стари југословенски марки, ама тие уште немаат направено некоја цена, бидејќи ги има доста.