Филателија

The_Dzo

FIELD MARSHAL
Член од
3 февруари 2007
Мислења
256
Поени од реакции
2
Znaci vaka sega, so temava sakam da stapam vo kontekt, t.e site forumdzii,kajgandzii da stapat vo kontakt so nivni "istohobici" filatelisti, da se prosirat znaenja iskustva.....i taka nataka
 
Член од
7 декември 2007
Мислења
3
Поени од реакции
1
Јас активно собирам поштенски марки веке неколку години. Македонските марки ги купувам нови од бирото за филателија.
 

The_Dzo

FIELD MARSHAL
Член од
3 февруари 2007
Мислења
256
Поени од реакции
2
a kaj se naoga novata prodavnica za filatelija?,i jas sobiram marki ali neam makedonska marka kupeno nova od 2006 od skopje od koga ja trgnaa prodavnicata od GTC
 
Член од
21 февруари 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
Имам поголема количина на стари поштенски марки. Дали некој знае институција што врши проценка на поштенски марки.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
И јас собирам но само рекреативно...имам доста а и мислам полека и да ги продавам...освен Огласник М некој предлог за ова...
 

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
ЕЈ да дај кажете кај се продаваат!
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Филателија беше порано доле во зградата на ЕСМ на плоштад, пред две години ја преместија на еден од шалтерите во централната пошта што е кај мостот гоце делчев, или полесно таа една округла градба позади главната зграда на телеком.
Јас си имам сите марки од македонија од осамостојувањето до сега.

За продавање марки, многу е важно колкава била на времето серијата и колку е стара, односно колку често може да се најде марката.
Јас до сега не сум побарал подетално по специјализирани берзи за марки, ама сигурно ги има. Инаку можете и на eBay да ѕирнете како идат некои марки.
Инаку имам јас и стари југословенски марки, ама тие уште немаат направено некоја цена, бидејќи ги има доста.
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Имам поголема количина на стари поштенски марки. Дали некој знае институција што врши проценка на поштенски марки.
клуб на филателисти , гарант овие можат да ти проценат колекцијата и да ни помогнат со какви било прашања поврзани со марките. нивниот клуб се наоѓа во првата зграда десно од гимназијата Јосип Броз Тито во центарот на Ск.Само ке треба да си прашаш кога имаат состаноци , помини во клубот и добиј информации.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
продавам марки од македонија до 2007 плус класер, прв ден пликови и прв ден печат
ако е некој заинтересиран нека прати пп па ке се договориме за цената
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
И ги најдов на баба ми поштенските марки што ги собирала. Повеќето се од ’70 па навака:) Планирам да ја продолжам колекцијата:)
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Освен eBay некоја друга страна каде што има проценето марки?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Јас пак мислев сум единствен филателист во Македонија :). Збирам или поточно кажано збирав (затоа што во последно време нешто стагнирам) секакви марки ама највеќе ме интересираат оние на кои се прикажани македонски градови или херои. Такви се секако македонските, екс ју, бугарските, грчките идр. Инаку тешко за проценка во Македонија. Најдобро набавете си литература. Јас ги имам европските каталози Michel од 96 и понови од 2007 па ако се работи за некоја серија марки можам да помогнам со тоа што ќе ви ја кажам каталошката вредност. Ама реалната вредност треба да знаете дека ја прави пазарот а не каталогот. Дури и да ја имате најскапата марка на свет, а да нема кој да ви ја купи таа нема да ви вреди ништо. Исто друго што сум забележан во Македонија лугето мислат дека ќе соберат 100 марки и ќе станат веднаш милионери. Пред половина година наидов на оглас во кој се продаваа некаде 700 југословенски марки за цена од неколку илјади евра. Абсурд. Освен ако немало некои ептен ретки марки, реалната вредност на истите не би била повеќе од 100 евро. Инаку во колекција имам над 20 000 марки. Ако се продаваа толку скапо до сега ќе ги продадев и ќе си купев аеродром :)

Цитат:
Напишано од na oko
Sobirav marki pred 35 god.dali nekoj moze da gi proceni i po moznost otkupi?

Машала....Ако имаш од тогаш марки,убави парички се тоа!

Не мора да значи колку што се постари марките толку се и поскапи. Имам марки постари од 100 години кои ги купив речиси бадијала. Имам марки не постари од 15 години кои ме коштаа повеќе од 1000 денари. Филателијата не е едноставна работа. Треба да се чита, а проблем е што Македонија е мал пазар па речиси нема филателистички книги, а ако барате каталози од странство ќе треба неколку стотици евра да потрошите за нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom