Физички лица ќе стануваат ДДВ обврзници

Дали физичките лица со над 1 милион треба станат ДДВ обврзници ?


  • Вкупно гласачи
    31
T

Terroir

Гостин
Гледам низ многу теми се среќаваат мислења за физичките лица, кои според новиот план ќе треба да се регистрираат како ддв обврзници доколку приходот им е над 1 милион денари на годишно ниво решив да отворам тема каде ќе дискутираме дали треба да се реализира ова или не.

Промени на обврската за ДДВ обврзници догодина
Измени во обврската за регистрација на физичките лица како ДДВ обврзници се можни но од следната година. По две недели остри реакции во јавноста, УЈП најави измени во законот но нема конкретен одговор дали ќе се зголеми прагот на два милиони денари. Сигурно е рече Сања Лукаревска дека прагот нема да се намали под еден милион денари.

– Бидејки е започнат фискалниот циклус за оваа година, за следната година ќе го слушнеме она што е најпроблематично од граѓаните и од фирмите ,правиме анализите и со министерството за финансии ќе направиме да се направат бараните законски измени што го кренаа вниманието на јавноста, рече Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Дотогаш на сила останува постоечкото законско решение кое се однесува на физички лица кои во изминатата година оствариле промет поголем од 1 милион денари или 83 000 денари месечно.Тие што се регитсрирале до 15 јануари, го испочитувале законот а за сите останати годинава нема да има казнени одредби. – Анализите што се направени се дека не секој што требал се регистрирал, а требал за да има поволности како правно лице што е ДДВ обврзник. Оставаме простор за доброволно регистрирање и да ги избегнеме санкциите од законот, вели Лукаревска.

Лукаревска е децидна дека платите не се оданочуваат со ДДВ туку дека ДДВ обврзник е секој што врши самостојна стопанска дејност во континуитет. Независно од остварениот промет издавањето стан за домување не подлежи на ваквата обврска како и услуги како што се програмерските кои се вршат кон странски субјект. Поради нејаснотии во законот 13 НВО повикаа на јавна дебата бидејки актуелниот дсаночен систем според нив создава револт и правна несигурност кај граѓаните. Во 2015 како ДДВ обврзници с епријавиле 761 физичко лице, во 2016 1059 а во 2017 1187.До 15 јануари, обврската според бројките на УЈП ја исполниле околу 1200 лица.

Многу нејаснотии гледам низ интернет каде што пишуваат дека покрај ДДВ-то 18% се плаќа и 10% персонален данох на доход ?
Па ако знае некој нека пише нека објасни како одат овие работи подетално..

Друго според ова што го кажува директорката на УЈП испаѓа дека лице 1) како Шеќеринска на пример :D може да издава станови од кои ќе има приход и по 1.8 милион денари на годишно ниво а нема да биде обврзано да стане ДДВ обврзник додека лице 2) е земјоделец и има 1.1 милион денари приход од кои 40-50% може да бидат и трошоци а сепак ќе стане ДДВ обврзник ? Инаку ова граница во земјите од регионот е по 30-40.000 евра додека кај нас според ова ќе биде само 16.000 евра
 
Последно уредено од модератор:
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Па ако знае некој нека пише нека објасни како одат овие работи подетално.
Чисто за сеир ти е, зошто гледам мешаш и политика, или навистина имаш мака (заработуваш над 1 милион) па ти требаат повеќе информации?
 
T

Terroir

Гостин
Чисто за сеир ти е, зошто гледам мешаш и политика, или навистина имаш мака (заработуваш над 1 милион) па ти требаат повеќе информации?
На плата сум јас и под оваа граница сепак ова ме интересираше за моиве дома, во зависност од годината се околу милион +/- неколку стотина илјади па ме интересираше како одат работиве што точно ќе се смени ако станат ДДВ обврзници. Читам разни работи на интернет дека покрај персоналниот 10% сега ќе имаш и ддв 18% нешто што доаѓа како двојно оданочување што не ми е баш логично да е така, а и конкретно ме интересира кои работи влегуваат во поврат на ддв ако веќе станеш ддв обврзник ?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
На плата сум јас и под оваа граница сепак ова ме интересираше за моиве дома, во зависност од годината се околу милион +/- неколку стотина илјади па ме интересираше како одат работиве што точно ќе се смени ако станат ДДВ обврзници. Читам разни работи на интернет дека покрај персоналниот 10% сега ќе имаш и ддв 18% нешто што доаѓа како двојно оданочување што не ми е баш логично да е така, а и конкретно ме интересира кои работи влегуваат во поврат на ддв ако веќе станеш ддв обврзник ?
Немаш двојно оданочување, различни даноци се. Какви производи продаваат, какви услуги даваат и каде (Македонија или надвор)?
Инаку груб одговор би бил, ќе ги применуваат ДДВ регулативите како и сите други правни лица. Што значи ако продавам дрвени столчиња за 500 денари, тоа е основица за пресметка на ДДВ, но имам право на одбиток на данокот од влезните фактури кои се поврзани со предметот (даски, шајки, струја, боја). На крај, се сведува на плаќање на ДДВ на разликата, односно додадената вредност.
Патем, процентите и не мора да се тие, зависи од предметите или услугите може да има и даночни ослободувања (кај персоналниот) или пак повластена даночна стапка (кај ДДВ).
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Nisto neocekuvano, hajka po odredena demografija. Si pisaa mislam ova vo programa. Samo sakaat da im go zakopliciraat zivotot na del od lugjeto...bez logicna pricina. Ako imas odredeni prihodi nad 1milion treba ton dokumentacija da vodis i poveke davacki nakraj da platis. Vo prevod pola firma ke stanes. Nisto samo treba finti i esap t.e. danocen sovetnik ke stane barana profesija. Se ukompliciruva rabotata...ima mnogu dupki vo danocnite stavki i lugjeto nepazarno ke investiraat i odnesuvaat. Dabe trosenje vreme na narod i administracija i izmisluvanje pazar za neproduktivni profesi i iskrivuvanje na realnite potrebi na pazarot.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Дојде животот
Дојде животот за партиските СДС тролови и послушници без свое јас,се испозапослија по администрација и сега клацаат врата и земаат плата,го прават токму она против кое кобајаги се бореа...Каде се сега шарените револуционери,Фејсбук дежурни сератори и троловите од политичките портали?!? Сега одеднаш се е прекрасно и нема веќе проблеми во државава? Каде се да кажат една издржана критика,некој совет и слично?
Најобични искористувачи,полтрони и манипулаторчиња-ете тоа се сите тие,за жал народов им наседнува на штосовите[DOUBLEPOST=1522468909][/DOUBLEPOST]Оваа мерка новава влада ја прави затоа што не знае или нема друг начин од каде да го полни буџетот-просто и едноставно,ова е вистината,удрете по грбот на народот,тоа е најлесно,наместо да бараат нови пазари,да рестартираат извозно ориентирани претпријатија или да отвараат нови,наместо да следат светски трендови и она што се бара на пазарите овие ја одбираат најлесната среден век варијанта-како онаа во Пинк Пантер цртанот кога човечуљакот оди и прибира данок со неколку горили со боздогани во рацете,хехе
 
Последно уредено:

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Јас во животот немам видено некоја држава во светот да биде против сопстевниот народ. Бизнис отвараш одма ти се појавуваат инспекции и те казнуваат. А истовремено според стандардот се плаќа многу давачки на државата, де со придонеси де со ддв и разни разни глупости. Човек да неможе глава да крева. Без разлика кој е на власт. Сите го газат приватниот сектор. Еден обичен инспектор од пичкин дол може многу слободно да си игра со судбината на приватнаците, бидејќи законот го поддржува него а не тебе како бизнисмен и работодавач. А сите забораваат дека без приватен сектор нема силна држава. Со државни службеници не се гради иднина, туку со бизнис. А ти бизнисот преку разни разни инспекции го газиш. Јас и милионер да сум ниту еден цент не би вложел со ваков дефектен систем. Плус уште прогресивен данок сакат да ни закачет. Ма ајде бре проклети да се сите до еден од партиите. Понекогаш се мислам дека сите се странски платеници поради овој финансиски тероризам од страна на државата против сопствениот народ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom