Физички замор vs Психички замор

Член од
3 март 2010
Мислења
633
Поени од реакции
359
Како се чуствувате кога сте физички уморени, а како кога сте психички. Кои се симптомите и чуствата. Дали мислите подобро е човек да применува т.е. да се бави со физичка или интелектуално умствена работа, ако се зема во обзир благосостојбата и здравјето
 

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Психичкиот умор потежок е и од физичкиот. Психата омалаксува, тежи, ко да си црнчел надвор цел ден на плус 50с., плус главата чувствуваш ко олово да носиш во неа. Мислиш секој момент дека ќе се скршиш или во најмала рака паднеш во несвест.

Подобро е човек да се бави со физичка работа, него ли општо умствена.
Познавам деца што копаат и работат со градежништво, се утепуваат музика слушајќи, пивце, среќни, радосни, расположени... До немај каде... Кога ќе седнат со тебе да муабетат, мислиш од среќа ќе полетаат ко авион, додека овие другиве, се нешо им фали, напнато им е, нерасположени, викаат, пиштат, урлаат, а ако се во брак па, и бракот им е крив, а и децата криви, тоа е... Мислам, живи примери, додека овие другиве посреќни се, кога ќе се стават да легнат, заспиваат без проблем, цврсто, проектил да мавне нема да осетат. А, овие, се врткаат лево десно, дури ни да заспијат неможат. :icon_lol:
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Психичката благосостојба делува и на физичката взаемно се надополнуваат и ниту едното и ниту другото не се помалку или повеке битни. Конкретно за уморот се надоврзуваат, се преплетуваат. Психички умор делува и на физичко ниво и обратно Физички умор делува и на психичко ниво.
 
Член од
20 декември 2014
Мислења
99
Поени од реакции
106
Психичкиот умор потежок е и од физичкиот. Психата омалаксува, тежи, ко да си црнчел надвор цел ден на плус 50с., плус главата чувствуваш ко олово да носиш во неа. Мислиш секој момент дека ќе се скршиш или во најмала рака паднеш во несвест.

Подобро е човек да се бави со физичка работа, него ли општо умствена.
Познавам деца што копаат и работат со градежништво, се утепуваат музика слушајќи, пивце, среќни, радосни, расположени... До немај каде... Кога ќе седнат со тебе да муабетат, мислиш од среќа ќе полетаат ко авион, додека овие другиве, се нешо им фали, напнато им е, нерасположени, викаат, пиштат, урлаат, а ако се во брак па, и бракот им е крив, а и децата криви, тоа е... Мислам, живи примери, додека овие другиве посреќни се, кога ќе се стават да легнат, заспиваат без проблем, цврсто, проектил да мавне нема да осетат. А, овие, се врткаат лево десно, дури ни да заспијат неможат. :icon_lol:
Ова што го опишуваш повеќе делува на друго а не на умор, како на пример исфрустрираност депресии итн. Можда е малце поврзано и со умор али далеку од темата :) .

Но тоа не значи дека не си во право, али сепак да не ги изоставиме тие што се среќни и со "психичка" работа и можат да си спијат убаво :) .
 

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Ова што го опишуваш повеќе делува на друго а не на умор, како на пример исфрустрираност депресии итн. Можда е малце поврзано и со умор али далеку од темата :) .

Но тоа не значи дека не си во право, али сепак да не ги изоставиме тие што се среќни и со "психичка" работа и можат да си спијат убаво :) .
Воопшто не е далеку од темата, бидејќи насловот, и, е Физички умор вс Психички. Така што, мислам дека психичкиот умор си е психички без разлика која работа го терети. :) Дали било депресија, дали било купишта од извештаи, документи од раб.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Физички умор ми се има само неколку пати случено, кога не ми работат мускулите, дишам како компресор и срцето ми чука 3 пати во секунда, со 10-15мин. одмор и шеќер (бобони, чоколадо и сл.) се упоравувам полека, но психичкиот замор е гадна работа и за жал го имам секој ден, нема лек за него освен спиење без игла да падни околу мене, за мене посебно тешко бидејќи имам проблеми со заспивањето. Работам како чувар, секоја втора ноќ сум на терен по 13-14 часа на тивко и темно, утрото кога ќе си дојдам, пак како чувар одам 4 часа во основно училиште и таму главата тапан, галама како на концерт секој одмор, а пак тивко за време на часовите. Понекогаш ми се погодува за одам 2 дена така по ред, од терен, во училиштето, па пак на терен, па пак во училиштето и пак на терен, од 3 дена, тоа се 50 работни часови во 4 дена. Физички не сум уморен, скоро ништо не работам, освен од време на време да шетнам до некаде, но разликата ден-ноќ и тишина-бучава е многу голема и нагло ми се менува, затоа се чувствувам дека ќе се успијам стоејќи.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Нормално дека психичкиот умор е потежок. Стресови, планирања, организирање, неопходност се да се заврши во краен рок... Некогаш ми се случувало после работа да бидам толку уморен што не сум способен за било што, и немам волја за ништо. Исто и кај спиењето. Кога си физички уморен заспиваш многу брзо и лесно, додека психичкиот умор некогаш предизвикува несоница или немирен сон.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Не е проблем заморот, колку што е недоволната информираност што да се направи кога се осеќаш така.

Магнезиум + калиум + vitamin C - за 1h како нов.
 

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Не е проблем заморот, колку што е недоволната информираност што да се направи кога се осеќаш така.

Магнезиум + калиум + vitamin C - за 1h како нов.
За еден час луѓе умираат. :cautious::confused::rolleyes::unsure:
 

New Age

Lean Back
Член од
22 ноември 2010
Мислења
264
Поени од реакции
235
Психички замор најчесто симптоми се ниско ниво на енергија и воља за ментални активности (ја гледам цртани на пример) а изразита желба за физичка активност барем кај мене после 8 саати ментална работа кога идам дома трчам како ментален, мислам дека е поради напнатоста сто ја осеќам во текот на денот а не ја манифестирам екстерно и се собира па на крај на денот сака да искочи. Исто така ниско ниво на толеранција и разбирање сум забележал после психичка исцрпеност и чуство на изолираност и несигурност бидејќи е работа што само ти ја вршиш интерно а не како физички кога сите околу тебе го прават истото и прогресот можеш многу лесно да го забележиш во менталните активности не секогаш знаеш кога почнува а кога завршува. Исто така намалена способност на контролирање и филтрирање на мислите, доаѓаат и си одат секакви мисли без способност за свесна контрола.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Физички замор vs. психички замор vs. двете одеднаш.... :)
работам една физички тешка работа, една на компјутер и навечер сум во коматозна состојба, не можам да разликувам кој дел од телото од кој замор ме боли :)

Незнам зошто за разлика од месеците кога работам само фриленс од дома во овие моменти кога работам и физичка работа ми е подобро. Почесто се смеам помалку се нервирам и без разлика што баш се ме боли навечер преку ден ми е добро и кога спијам - топ не ме буди, многу слатко спијам... :)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.933
Физички умор > психички умор.

Освен ако не си клинец кој слушнал / прочитал дека е обратно, а не си мрднал од пред компљутер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom