Физички болки од сонови

Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Пред околу месец ипол почнаа соновите да се одразуваат физички на мене , денес на пример сонував како ме забоделе со игла во ногата ,кога се разбудив болката ја осеќав на ногата на истото место . Дали на некого му се случило ова ? Скоро во секој сон ми се случува ова.
Незнаев кај да ја отворам темата ако не е за овде администраторите нека ја преместат .
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Постојат 2 објаснувања на ова:
1) Скоро секогаш дел од околината, или она што го чувствуваме, се пренесува во сонот. Ако те боли глава "во реалноста", додека спиеш може да сонуваш дека те боли заб, некој те удрил и слично. Тоа е сликовита претстава на болката преку сонот. Или легнуваш во топла просторија, а сонуваш зима. Кога ќе се разбудиш, ќе почуствуваш дека просторијата не е веќе топла како претходно.
2) Станува збор за психосоматска болка. Сонуваш болка и кога ќе се разбудиш ја чувствуваш истата болка на истото место како во сонот. Тоа е болка создадена од самиот мозок. Истата не постои реално, но мозокот мисли обратно. Слично на ова се јавува при хипно терапии, кога хипнотерапевтот со сугестија го "убедува" мозокот дека некои нешта се некакви, а всушност не се.

Може да се префрли во медицина или психологија
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Ова звучи помалце ко alien abduction ..
Пошто го сонуваш тоа што можеби и ти се случува со реално време .. Можда воопште не е ни сон ..

А знам и декамозокот е способен да го сонува тоа , а да го манифестира самиот без надворешно влијание т.е. ти сонуваш , а твојот мозок го остварува тоа врз твоето тело.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Ако е зачестена оваа појава, само техники за опуштање помагаат или психотерапија. Болките не се лекуваат со аналгетици, затоа што реално не постојат. Само ќе расипеш желудник.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Постојат 2 објаснувања на ова:
1) Скоро секогаш дел од околината, или она што го чувствуваме, се пренесува во сонот. Ако те боли глава "во реалноста", додека спиеш може да сонуваш дека те боли заб, некој те удрил и слично. Тоа е сликовита претстава на болката преку сонот. Или легнуваш во топла просторија, а сонуваш зима. Кога ќе се разбудиш, ќе почуствуваш дека просторијата не е веќе топла како претходно.
2) Станува збор за психосоматска болка. Сонуваш болка и кога ќе се разбудиш ја чувствуваш истата болка на истото место како во сонот. Тоа е болка создадена од самиот мозок. Истата не постои реално, но мозокот мисли обратно. Слично на ова се јавува при хипно терапии, кога хипнотерапевтот со сугестија го "убедува" мозокот дека некои нешта се некакви, а всушност не се.

Може да се префрли во медицина или психологија
Има и друга работа , кога ќе легнам во топла просторија ,сабајлето кога станувам ми тече крв од носот , гледам да спијам во нормална температура .Некогаш болките се прејаки и ме будат дури од сон .Не пијам никакви апчиња и не ме боли ништо во реалниот живот за кога ќе сонувам да ме боли нешто како што објасни ти .
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691

Се е до психата што значи 99% сум сигурен дека проблемот е на психичка база. Можеби имаш некои проблеми во реалниот живот кои ти предизвикуваат мачнини и стрес и преку соновите тие се проектираат врз тебе и ги чувствуваш.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Во сон еднаш бев гризнат за раката при што се разбудив и сеуште ме болеше раката на местото кај што бев гризнат.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Се е до психата што значи 99% сум сигурен дека проблемот е на психичка база. Можеби имаш некои проблеми во реалниот живот кои ти предизвикуваат мачнини и стрес и преку соновите тие се проектираат врз тебе и ги чувствуваш.
Решение ?
@Плавооко какви се тие техники за опуштање :D
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Решение ?
@Плавооко какви се тие техники за опуштање :D
Види сега...и тесла по глава решава проблем :D Шала на страна, не знам каков живот имаш, ама пробај да успориш малку. Медитации, јоги и слично за мене лично се глупост, така што не ти ги препорачувам (сега пола форум ќе скокне против мене :P) Не се нервирај за се и сешто, прави нешто што те прави среќен и смирен...Музика помага, а и длабоко дишење. Да не заборавам, тркни до психолог, тој повеќе знае што како. Психијатар не ти треба, барем не сега
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420
Пред околу месец ипол почнаа соновите да се одразуваат физички на мене , денес на пример сонував како ме забоделе со игла во ногата ,кога се разбудив болката ја осеќав на ногата на истото место . Дали на некого му се случило ова ? Скоро во секој сон ми се случува ова.
Незнаев кај да ја отворам темата ако не е за овде администраторите нека ја преместат .
А што ако е обратно?
Сонови од физички болки - те болела ногата и си сонувал дека си бил забоден со игла во неа?
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
А што ако е обратно?
Сонови од физички болки - те болела ногата и си сонувал дека си бил забоден со игла во неа?
Здрав и жив сум не ми фали ништо и не ме боли ништо напишав и погоре :D
Види сега...и тесла по глава решава проблем :D Шала на страна, не знам каков живот имаш, ама пробај да успориш малку. Медитации, јоги и слично за мене лично се глупост, така што не ти ги препорачувам (сега пола форум ќе скокне против мене :P) Не се нервирај за се и сешто, прави нешто што те прави среќен и смирен...Музика помага, а и длабоко дишење. Да не заборавам, тркни до психолог, тој повеќе знае што како. Психијатар не ти треба, барем не сега
Не се нервирам воопшто ,напротив секогаш сум насмеан и смирен :D
 
Член од
16 октомври 2013
Мислења
80
Поени од реакции
58
За носот течење, брат ми имаше сличен проблем. Од никаде ќе почне да му тече крв од нос. Јак крв, слаби капилари што ли знам му рекоа на доктор ништо опасно. Нешто појче витамини да зајакнат или слично.
За тоа со иглата, гледав едно како интервју, велат дека сонот е дел од секунда кој се случуве веднаш во моментот пред да се разбудиме. Значи после сон се будиме пошто пред да се разбудиме мозокот по малце работи и создава свои имагинации. Можеби додека си спиел си ја удрил ногата но не доволно да почуствуваш во спиењето. Пред да се разбудиш, кога те боли нешто на тоа се фокусираш (како мене сеа вратив на страна главава ми сети ми се чини ќе ми падне), мозокот се фокусирал на болката и создал некоја своја слика.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Да, за ова и јас имам осетено. Во текот на сонот ништо не чувствував се додека на крајот од сонот не ме удриле по глава.... кога во сонот ме удрија јас веднаш се разбудив и истата болка ја чувствував и во реалноста на истото место на кое бев удрен во сонот.
 
Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Сонував пред еден месец дека сум бил врзан за кревет и ме тепал некој и болката ја осеќав во сонот, кога се разбудив имав модрици по рацете и на нозете
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Сонував пред еден месец дека сум бил врзан за кревет и ме тепал некој и болката ја осеќав во сонот, кога се разбудив имав модрици по рацете и на нозете
Креветот добар е? :D Којзнае колку си удирал со нозе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom