Физичка делба

Член од
17 ноември 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
treba da pravam fiz.delba so dr.lice so koe delam na 1/2 .kuka vo koja predniot del mu pripagja nego,a zadniot del mene,problemot e sto kukata e pozicionirana taka sto moeto dvorno mesto e pogolemo i toj ima supa pozadi i ja koristi patekata po koja jas vleguvam doma.Sakam da znam dali sudot bi ne podelil taka da dvajcata imame svoj vlez(da ne vleguva kaj mene) so toa sto jas ke si go otkupam visokot od delbata t.e.supata i sto ke se sluci ako ne se slozi toj
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.327
Поени од реакции
6.180

Ако можете да се усогласите во врска со тоа како сакате да се поделите ондак нема потреба од идење на суд. Се оди во геодетска фирма и таму се изработува елаборат на база на тоа како сакате да се поделите и после елаборатот се носи во катастар. Во случај на несогласување имате опција да му дозволите на овластеното лице од геодетската фирма да ви предложи решение по кое, доколку го одбиете спорот се решава на суд.
 
A koga bi mu dal del od kukata za da mi go oslobodi toj prostor sto e vo moj del,dali kvadraturata na kykata treba da bide ista so kvadraturata na negovata raspadnata supa t.e.legalna kuka od tvrda gradba,za raspadnata montazna supa?
 
Не е битно. Не мора да се делите на идеални делови ниту пак мора да имаат деловите еднаква вредност, тоа останува на вас.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
564
Поени од реакции
409
Ако можете да се усогласите во врска со тоа како сакате да се поделите ондак нема потреба од идење на суд. Се оди во геодетска фирма и таму се изработува елаборат на база на тоа како сакате да се поделите и после елаборатот се носи во катастар. Во случај на несогласување имате опција да му дозволите на овластеното лице од геодетската фирма да ви предложи решение по кое, доколку го одбиете спорот се решава на суд.
Кај геодет се оди само во случај кога е потребно да се утврди дали е можна физичка делба на имотот и доколку истата е можна да даде предлог за начинот на делбата кога делничарите не можат самите да го договорат начинот на физичката делба. Геодетот не е овластен да прави физичка делба, туку судот или евентуално нотар.

Член 213 од ЗВП:
Во постапката за делба на заеднички предмети или имот, судот одлучува за начинот и условите на делбата на заедничкиот предмет, односно имот.
Ако нема спор за начинот и условите за делба, делбата се врши кај нотар во форма на нотарски акт.
 
Геодетот не ја врши делбата туку изработува проект(елаборат). А катастарот ја спроведува промената.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.327
Поени од реакции
6.180
А која промена ќе ја спроведе?

Делбата? Океј, јасно ми е на што алудираш. Судот/Нотарот ја спроведува самата делба, промените се ажурираат во АКН.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
564
Поени од реакции
409
А која делба, нели геодетот не ја врши делбата, туку само изготвува елаборат? Треба да има одлука на суд (односно нотарски акт - нотар) врз основа на која катастарот ќе може да изврши промена :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.327
Поени од реакции
6.180
А која делба, нели геодетот не ја врши делбата, туку само изготвува елаборат? Треба да има одлука на суд (односно нотарски акт - нотар) врз основа на која катастарот ќе може да изврши промена :)

Дочитај де. Се слагам.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.733
Поени од реакции
28.833
А која делба, нели геодетот не ја врши делбата, туку само изготвува елаборат? Треба да има одлука на суд (односно нотарски акт - нотар) врз основа на која катастарот ќе може да изврши промена :)
Aj eдно мое видување можи грешам како студент и мило ќе ми биде да ме поправите.

Се поведува постапка пред суд, вонпарнична по предлог. Судот се обидува со спогодба да го реши случајот (или нотарот), доколку не може со спогодба, тогаш го решава со решение.

Па тек потем иди работата на катастарот? Точен сум :D
 
Член од
24 февруари 2013
Мислења
409
Поени од реакции
219
1. Ако постои спогодба за делбата (нема спор околу делбата), се оди кај нотар, се составува нотарски акт и потоа врз основа на тој акт се врши промена во катастарот на недвижности.
2. Ако не постои спогодба за делбата (има спор околу делбата), тогаш се поднесува Предлог за делба на заеднички имот до Основен суд ...., и потоа врз основа на донесеното судско Решение по поднесениот предлог, се врши промена во катастарот на недвижности.
Да не сум и јас грешка? :D
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.254
А да не му делите совети на форум вака ако не го знаете случајот?
ова е баш од моја струка сум правел физичка делба на работа, али несакам да се примешувам и да објаснувам. До членот кој го поставува прашањето, што и да те интересира за подетално ќе најдеш во Закон за сопственост и други стварни права, мислам дека беа после 55член ако добро памтамили нешто што ќе мора да го сторише е да отидеш во геодетска фирма ќе се обратиш и од таму ќе ти објаснат се што треба и како треба, цената му е диктирана од државата и е скоро иста насекаде, таму ќе ти изработат елаборат и ќе ти објаснат како би течела постапката.
 
Значи, како (по струка) геодет пред СУД можеш да настапуваш само како ВЕШТАК, само изготвено ВЕШТАЧЕЊЕ (стручен наод и мислење) од твоја страна или од друг геодет има ВАЖНОСТ на доказ во судска постапка! И при одлучувањето судот ќе се води од вештачењето, а не од елаборатот! Тоа доколку нема договор за делбата меѓу странките!
Ако пак има договор меѓу нив, по нивно барање ти секако можеш да изготвиш елаборат со твој предлог како да се подели имотот, потоа врз основа на тие нумерички податоци од елаборатот одат кај нотар, тој изготвува нотарски акт и правец во катастар!
Во овој случај, странките можеби нема да постигнат договор, па ќе мора да одат на суд, нели? :D
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.254
Значи, како (по струка) геодет пред СУД можеш да настапуваш само како ВЕШТАК, само изготвено ВЕШТАЧЕЊЕ (стручен наод и мислење) од твоја страна или од друг геодет има ВАЖНОСТ на доказ во судска постапка! И при одлучувањето судот ќе се води од вештачењето, а не од елаборатот! Тоа доколку нема договор за делбата меѓу странките!
Ако пак има договор меѓу нив, по нивно барање ти секако можеш да изготвиш елаборат со твој предлог како да се подели имотот, потоа врз основа на тие нумерички податоци од елаборатот одат кај нотар, тој изготвува нотарски акт и правец во катастар!
Во овој случај, странките можеби нема да постигнат договор, па ќе мора да одат на суд, нели? :D
Случајов е малку комплициран, претспоставувам дека и страните не се баш во добри односи и ќе треба да се оди на суд. За вештак е друга приказна, не сум ВЕШТАК сеуште ми е рано, претежно работам со инжињерска геодезија бидејќи е поплатено и со помалку нервози баш поради ваквите случаеви. Не знаеме ниту на колку улици излегува парцелата, ниту како е поставена, има еден влез што претпоставувам дека е на предна страна, а барателот го има задниот дел на куќата.....и тн и тн и затоа ви велам да не му делите совети тука, овие се осетливи теми секако ќе мора да плати па кога веќе треба да го стори тоа нека си отиде во геодетска фирма, ќе му дадат предлог што како, ќе го разглеадаат случајот и чао пријатно.
 
На врв Bottom