Физичка делба со Република Македонија

Член од
22 март 2014
Мислења
11
Поени од реакции
0
Потребно ни е да направиме формална физичка делба на плац каде по имотен лист сме ко-сопственици со Република Македонија (каде сосед има корисничко право, но очигледно не го приватизирал земјиштето). Нашиот дел го владееме многу години, и постои физичка делба од 1980тите кои Катастар одбива да ја признае и упорно не впишува во еден имотен лист.

Имате ли некој совет како понатаму да постапиме? Дали има одредени специфики имајќи во обзир дека делиме со Република Македонија?

Благодарам
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.306
Зошто да се делите со Република Македонија кога сеуште постои љубов помеѓу вас според тоа какво корисничко име користите? :confused:
 
Член од
22 март 2014
Мислења
11
Поени од реакции
0
Е да, ама како... ми треба војски и политичари:)
Значи, КАКО е прашањето
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Е да, ама како... ми треба војски и политичари:)
Значи, КАКО е прашањето
Има 2 причини зошто се јавувате како сосопственици со РМ
1. према новите мерења од 90 сетите (од авион) се променила состојбата на плацот
2. РМ по детален урбанистички план планира низ дел од плацот да ви врви некој пат или слично.

ако е под 1, одиш во приватна геодетска фирма кои за 8-10 иљадарки ќе ти направи елаборат за физичка делба (ќе го престави на цртеж твојот и делот на РМ), со тој елаборат одиш на суд и бараш физичка делба, ако е се без проблем доволни се 3 рочишта и едно излегување на терен и после тоа со судска одлука во катастар ќе се забележи промената

ако е под 2 - тешко тебе
 
Член од
22 март 2014
Мислења
11
Поени од реакции
0
мислам не е под 2. Исто мислев да нема некои посебни правиле за делба со РМ, посебно кога друг има корисничко право.[DOUBLEPOST=1395753670][/DOUBLEPOST]А тоа мерењето во 90тите очигледно е било катастрофа, според се што сме виделе до сега
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
20.968
Јас па мислев уште една тема од некој бугар па сака да ја дели Македонија.
 
Член од
22 март 2014
Мислења
11
Поени од реакции
0
A кои се познати добри адвокати по имотно правни прашања во МК?
 
Член од
3 април 2014
Мислења
13
Поени од реакции
5
Потребно ни е да направиме формална физичка делба на плац каде по имотен лист сме ко-сопственици со Република Македонија (каде сосед има корисничко право, но очигледно не го приватизирал земјиштето). Нашиот дел го владееме многу години, и постои физичка делба од 1980тите кои Катастар одбива да ја признае и упорно не впишува во еден имотен лист.

Имате ли некој совет како понатаму да постапиме? Дали има одредени специфики имајќи во обзир дека делиме со Република Македонија?

Благодарам
Podnesete baranje za dobivanje uverenie za dvizenje za parcelata, kako bi uvidele kako e steknato korisnickoto pravo za delot na koj korisnicko pravo ima sosedot.
Mozebi stanuva zbor za pravo po poranesna sosptvenost za koe ne e podneseno baranje za privatizacija i po avtomatizam, so promenite vo katastarskiot operat sega se vodi kako sopstvenost na RM so pravo na koristenje na fizickoto lice.

Ako toa e taka, togas sosedot neka go iskoristi pravoto za privatizacija po 1 eur za m2, koe pravo neposredno pred raspisuvanje na isborite bese prodolzeno.

E sega ima i drugo prasanje, odnosno dali i posle privatizaciajta na zemjisteto ke mozete da napravite fizicka delba.
Ova zavisi od toa dali zemjisteto e izgradeno, dali ima objekti i dali na tie objekti imate zaednicka sopstvenost so sosedot. Ova e najcesto problem kaj barakite vo Taftalidze koi se lepenki i dve baraki se vodat na edna KP.


Pisi poveke detali ke mozam pokonkretno da ti odgovoram
 
Член од
22 март 2014
Мислења
11
Поени од реакции
0
Blagodaram Canelane. На тоа место (на таа КП) нема објекти. Не знам дали соседот поднел за приватизација или не, но веројатно поднел но процесот не е завршен... со нив немаме соработка.
Воедно во истата градежна парцела е вклучена и друга парцела, на трет сопственик, со уредена сопственост. Општо на целата ГП сеуште нема никаков објект
 
Член од
3 април 2014
Мислења
13
Поени од реакции
5
@LoveMakedonija

Stom nema objekti nema da imate problem so delbata.

Podnesete baranje za uverenie za dvizenje za da se vidi osnovot na steknuvanje za sosedot.
Toa sto so sosedot nemate sorabotka ne e ni bitno, dokolku ne se sosglasi so dogovorna delba preku notar, pobrza i poevtina, togas ke mora da se odi preku sud, i na kraj ke gi snosi i trosocite i negovi i vasi.
 
На врв Bottom