Фестивал на новиот германски филм

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Драги пријатели на филмот,
Фестивалот на новиот германски филм од својата премиера во есента 2005 година се разви во омилена манифестација, чијашто популарност, на наша радост, постојано расте. Освен во Скопје, годинава Фестивалот ќе се одржи и во осум други градови во Македонија, во Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Струмица, Велес, и ме радува што оваа година Куманово е деветтиот град што ќе им се придружи. Со Филмскиот фестивал сакаме да дадеме свој придонес во развивањето на кино-културата во некои градови и повторното заживување на затворените кина. Со исчекување го очекувам јубилејот Десетгодишнина од Германскиот филмски фестивал, со кој ќе се одбележи германско-македонското кинематографско пријателство. Овој културен дијалог помеѓу двете наши земји не би можел да се оствари без Вашиот интерес за германскиот филм и Вашата поддршка. Од тие причини би сакала да Ви се заблагодарам пред сè, Вам, на пријателите на германскиот филм. Исто така благодарност сакам да им изразам и на нашите партнери, ПроКредит Банка и МКЦ Скопје, Кино Милениум, Кино Фросина, Центрите на културата во Прилеп, Битола, Кавадарци, Тетово, Струмица, Велес и Куманово, како и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Овој фестивал не би можел да се одржи без заедничкиот ангажман. Се радувам што и оваа година можеме да Ви прикажеме разновиден пресек на најновите продукции на германските кинематографи и на сите нас ни посакувам добра забава и пријатни мигови за време на Фестивалот на новиот германски филм 2013.
Гудрун Штајнакер
Амбасадор на Сојузна Република Германија
1273522_607757915935617_1258989951_o.jpg


Немам никаква врска со организацијата, само сакам да ви кажам дека не е лошо да напраите пауза од американскине серии што ги штанцаат на производна лента како конзерви и малку да си го помачите паметот. Германскиот јазик знае да биде препрека и е малку проблем, ама темите и приказните најчесто се далеку од секојдневните клишеа. Јас сигурно ќе најдам време за некоја проекција.
https://www.facebook.com/pages/Фестивал-на-новиот-германски-филм/143701725674574
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Веќе неколку години уназад не ми се случило да ја испуштам неделата на германски филм.
И секогаш ми е било убаво. Отидете, видете нешто поразлично, нема да зажалите. (y)(y)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ве молам дајте податоци, кога, каде, јас не можам да разберам на линкот пишува “ кино Карпош “
http://mk.fngf.mk/programa/skopje.html

Отворање на 10.10.2013 во Кино Милениум. Сите други проекции ќе бидат во Кино Фросина - Младински Културен Центар.
 
Член од
16 јули 2017
Мислења
6
Поени од реакции
2
Почна и 14. Фестивал на новиот германски филм. Денес бев да го гледам "Исход на вистината" во МКЦ Козјак-Куманово. Не беше лошо (y). Првпат одам на вакво нешто и плус во Куманово не даваат често филмови во кино, еднаш-двапати годишно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom