Феноменот на екстремно долги врски

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Пред некој ден имав муабет со пријател кој е во шест и пол годишна врска, има 39 години а партнерката 38 и сеуште не се во брак. На прашањето зошто, одговори дека имало време, сеуште не се гледал себеси како семеен човек (!?). Имајќи предвид дека се работи за сексуално и емотивно ексклузивна врска, се поставува прашање што е навистина причината за вакви врски?
Една роднина живееше со хајскул свитхарт 16 години значи од нејзини и негови 16 до 32 но за среќа се решија за свадба и брак. Друг случај, 11 годишна врска, раскид, пар години земање здив и менување навики за да подоцна стапи во брак со особа која ја знаел половина година ако и толку и сега е во тек бракоразводна парница, се во опсег од 4 години.

Настрана од тие екстреми, има полно случаи на врски од 4-8 години кои навистина не можам да ги сфатам, особено за лица над 30 или скраја било 35 години. Значи живеат заедно, делат добро и лошо ама не се решаваат за официјализирање на она што е де факто правен брак (не сум сигурен колку треба да се живее заедно за да легално врската се важи како брак). Некои дури имаат и вонбрачни деца.

Што е тоа ги плаши луѓето од свадба?
Често сум слушал како жените се разочарани што после икс години заедно, машкото не ги побарало за жена па така врската одумира.
Друг феномен е rebound влегувањето во нова врска со цел да се намали страданието поради раскид на децениска врска и нормално после 3-4 месеци стапуваат во брак. Дел од овие веројатно варале и се онаделе со идниот сопруг/а уште пред да раскинат па затоа делува дека се знаеле само 3-4 месеци а тоа може да се сексале пар години пред тоа.

Како гледате на овие екстремно долги врски без брак?
Јас на другарот му советував да ја побара девојката (зрела жена али ај) за сопруга пошто коа ќе влезе во 40-ти сериозно ќе се намалат можностите за избор. Особено за квалитетен избор. Кога веќе е емоционално и физички инвестиран во некоја, зошто да не засноваат семејство, од каде тој страв?
Јас од противник на бракот (она као што ќе ти е парче хартија тоа ништо не менува) станав негов голем застапник благодарејќи на сопругата која беше во право, не е исто збор даден пред Бога, пред семоќниот, пред Креаторот над се`, пред самиот себе, пред неа, пред сите присутни, во добро и зло, чин кој ниеден човек не смее да го растури, се додека смртта не не` раздели.

Дали сте советувале некој во овој поглед?
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
203
Поени од реакции
612
Познавам неколку бракови што во рок од 2 години се распаднале, и тие дале збор пред Бог, пред себе си пред сите присутни и ете се развеле. И што значи тој збор? Јајца од петел.
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.389
не е исто збор даден пред Бога, пред семоќниот, пред Креаторот над се`, пред самиот себе, пред неа, пред сите присутни, во добро и зло, чин кој ниеден човек не смее да го растури, се додека смртта не не` раздели.
И што значи ова? :pos:

Пред Бога. :D

Па истото можеш и у матично да го кажеш, на крај краевa истото треба на партнерот да му го кажеш у очи.

Пред Бога бе, не бе, пред попот што ти зима 100 евра за да ви ги чукне тоа круните од глава и да се врткате околу тоа масата и да пивнете вино од иста чаша како и останатите 10 души.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
Јас од противник на бракот (она као што ќе ти е парче хартија тоа ништо не менува) станав негов голем застапник благодарејќи на сопругата која беше во право, не е исто збор даден пред Бога, пред семоќниот, пред Креаторот над се`, пред самиот себе, пред неа, пред сите присутни, во добро и зло, чин кој ниеден човек не смее да го растури, се додека смртта не не` раздели.
Иам школски шо по трет пат ќе го даде зборот пред Бога, па ете трета среќа шо викаат. Можда.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
И што значи ова? :pos:

Пред Бога. :D

Па истото можеш и у матично да го кажеш, на крај краевa истото треба на партнерот да му го кажеш у очи.

Пред Бога бе, не бе, пред попот што ти зима 100 евра за да ви ги чукне тоа круните од глава и да се врткате околу тоа масата и да пивнете вино од иста чаша како и останатите 10 души.
Како тоа што значи? Попот е таму да го изведе ритуалот и тоа е све. Тоа е завет кој се дава пред Бога, тоа е христијанскиот начин на стапување во брак, во христијанската теологија и доктрина светоста на брачниот завет е јасна и недвосмислена, не знам што е тука смешно и чудно.
Претпоставувам дека си атеист па тоа не ти значи многу, но да не одиме веднаш оф-топик, темата не е за тоа туку за екстремно долгите врски кои траат понекогаш и подолго од деценија, колку што сум видел и слушнал скоро никогаш не стануваат трајни заедници.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.337

што ако се венчаш во црква и се разведеш? Дали пред бога ќе бидеш уште во брак со првата жена или со втората?
 
Добра беше темата доека не ја упропасти со ова Бога и слични да не речам глупости.
Не сум атеист ама и не сум некој религиозен фанатик за да верувам у вакви, ајде пак да не ги наречам глупости.

Така, што тебе лично ти значи ако у црква кажеш Да, доека смртта не не раздели? Демек нема никогаш лошо да постапиш и многу поголема тежина има тоа од обично кажување у очи на партнерот?
Демек ако дома у дневна соба ја фатиш за две раце ја погледнеш у очи и и кажеш дека ја сакаш, дека ја почитуваш, дека никогаш нема да ја повредиш, дека врската/бракот мора да функционира, дека мора да има компромис, караници и слични глупости мора да се решат веднаш и слично, тоа нема да има иста тежина како истото да го кажеш у црква, пред Бога?

Бракот е најбитен у матично, да имаш документ дека си у брак за после коа ќе имаш деца да не бидат родени вонбрачно па да треба таткото да се замара за старателство и слични глупости што следат. На документ ти важи бракот.
Тоа у црква е живи глупости, нели Бог е секаде околу нас, што значи ако у ходник и кажеш дека ја сакаш и дека секогаш ќе бидеш тука за неа, е исто, ќе те чуе севишниот и креаторот на се. :D
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408

Ронче, постои црковен развод. Одговор на твоето прашање ке биде: Пред Бога ке биде венчан со првата жена а во брак може да биде со втората жена ама нема да може венчавка во црква да си направи.
Замисли..црковен развод исто се плака, пак дерат поповите.
 
целосна збрка би се десило после во рајот доколку не се направи ова, затоа е добро да се знае. Замисли се преженуваш и после кога умираш пред бога си со истата прва жена. Ќе ти ги вади очите и во рајот.
 
Па така му доага...пред Бога со една, а во матично можеш и со две, три...хаххахаххахаха..право у пекол идеш
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
Имам еден комшија помал од мене али веќе 10 години е во врска. Сите другари му се женети, се осеќа голема нетрпеливост кај девојка му која веќе отворено му пушта сугестии.

Почнавме и да се кладеме до кога ќе издржи, јас мислам дека до крај лето ако не ја запроси ќе го остави. А батето си нема абер, од 8 до 4 на работа, пивце, фудбал и да си хрчи на тросед.:pos:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
што ако се венчаш во црква и се разведеш? Дали пред бога ќе бидеш уште во брак со првата жена или со втората?
Јас нема никогаш да се разведам, единствено смртта ќе биде тај-брејкер, со тоа сум начисто.
А нормално дека има многу луѓе кои се разведуваат и покрај заветот но тоа е сепак друга тема, како и колку сериозно луѓето се сфаќаат самите себеси е друг феномен ама ме мрзи да отворам таква тема, може деновиве, интересно е и тоа.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Имам еден комшија помал од мене али веќе 10 години е во врска. Сите другари му се женети, се осеќа голема нетрпеливост кај девојка му која веќе отворено му пушта сугестии.

Почнавме и да се кладеме до кога ќе издржи, јас мислам дека до крај лето ако не ја запроси ќе го остави. А батето си нема абер, од 8 до 4 на работа, пивце, фудбал и да си хрчи на тросед.:pos:
МАЖИ :tapp:
Автоматски споено мислење:

Јас нема никогаш да се разведам, единствено смртта ќе биде тај-брејкер, со тоа сум начисто.
А нормално дека има многу луѓе кои се разведуваат и покрај заветот но тоа е сепак друга тема, како и колку сериозно луѓето се сфаќаат самите себеси е друг феномен ама ме мрзи да отворам таква тема, може деновиве, интересно е и тоа.
Еден совет душо, немој да го употребуваш зборот НИКОГАШ, животот е непредвидлив, не знаеме што се ни спрема.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Добра беше темата доека не ја упропасти со ова Бога и слични да не речам глупости.
Не сум атеист ама и не сум некој религиозен фанатик за да верувам у вакви, ајде пак да не ги наречам глупости.

Така, што тебе лично ти значи ако у црква кажеш Да, доека смртта не не раздели? Демек нема никогаш лошо да постапиш и многу поголема тежина има тоа од обично кажување у очи на партнерот?
Демек ако дома у дневна соба ја фатиш за две раце ја погледнеш у очи и и кажеш дека ја сакаш, дека ја почитуваш, дека никогаш нема да ја повредиш, дека врската/бракот мора да функционира, дека мора да има компромис, караници и слични глупости мора да се решат веднаш и слично, тоа нема да има иста тежина како истото да го кажеш у црква, пред Бога?

Бракот е најбитен у матично, да имаш документ дека си у брак за после коа ќе имаш деца да не бидат родени вонбрачно па да треба таткото да се замара за старателство и слични глупости што следат. На документ ти важи бракот.
Тоа у црква е живи глупости, нели Бог е секаде околу нас, што значи ако у ходник и кажеш дека ја сакаш и дека секогаш ќе бидеш тука за неа, е исто, ќе те чуе севишниот и креаторот на се. :D
Кои глупости бе човече? Викенд верник си, очигледно.
Имаш поим од христијанската теологија и доктрина? Дали знаеш дека тоа што го напишав е неодвоив дел од нив, целата поента на црковниот ритуал е давање на завет пред Бога, прашај на другиот подфорум за Религија ако не ми веруваш, јес да сум теолошки полуписмен ама ова твоето е претерано.
Никој никого не тера да дава завет со ритуал, може и во ходник и на паркинг да дадеш завет не е проблем се додека е пред Бога и е искрено, некому пак значи ритуалот многу, тоа е само мое убедување кое е стекнато, порано и јас мислев како тебе, па чак и во матично не ми значеше нешто посебно.
Како и да е, пак ќе споменам да не одиме оф-топик, тоа не е целта на темава.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.055
Поени од реакции
4.551
МАЖИ :tapp:
Автоматски споено мислење:

Еден совет душо, немој да го употребуваш зборот НИКОГАШ, животот е непредвидлив, не знаеме што се ни спрема.
blabla.gif
 
Kajgana Shop

На врв Bottom