- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.375
- Поени од реакции
- 5.835
Пред некој ден имав муабет со пријател кој е во шест и пол годишна врска, има 39 години а партнерката 38 и сеуште не се во брак. На прашањето зошто, одговори дека имало време, сеуште не се гледал себеси како семеен човек (!?). Имајќи предвид дека се работи за сексуално и емотивно ексклузивна врска, се поставува прашање што е навистина причината за вакви врски?
Една роднина живееше со хајскул свитхарт 16 години значи од нејзини и негови 16 до 32 но за среќа се решија за свадба и брак. Друг случај, 11 годишна врска, раскид, пар години земање здив и менување навики за да подоцна стапи во брак со особа која ја знаел половина година ако и толку и сега е во тек бракоразводна парница, се во опсег од 4 години.
Настрана од тие екстреми, има полно случаи на врски од 4-8 години кои навистина не можам да ги сфатам, особено за лица над 30 или скраја било 35 години. Значи живеат заедно, делат добро и лошо ама не се решаваат за официјализирање на она што е де факто правен брак (не сум сигурен колку треба да се живее заедно за да легално врската се важи како брак). Некои дури имаат и вонбрачни деца.
Што е тоа ги плаши луѓето од свадба?
Често сум слушал како жените се разочарани што после икс години заедно, машкото не ги побарало за жена па така врската одумира.
Друг феномен е rebound влегувањето во нова врска со цел да се намали страданието поради раскид на децениска врска и нормално после 3-4 месеци стапуваат во брак. Дел од овие веројатно варале и се онаделе со идниот сопруг/а уште пред да раскинат па затоа делува дека се знаеле само 3-4 месеци а тоа може да се сексале пар години пред тоа.
Како гледате на овие екстремно долги врски без брак?
Јас на другарот му советував да ја побара девојката (зрела жена али ај) за сопруга пошто коа ќе влезе во 40-ти сериозно ќе се намалат можностите за избор. Особено за квалитетен избор. Кога веќе е емоционално и физички инвестиран во некоја, зошто да не засноваат семејство, од каде тој страв?
Јас од противник на бракот (она као што ќе ти е парче хартија тоа ништо не менува) станав негов голем застапник благодарејќи на сопругата која беше во право, не е исто збор даден пред Бога, пред семоќниот, пред Креаторот над се`, пред самиот себе, пред неа, пред сите присутни, во добро и зло, чин кој ниеден човек не смее да го растури, се додека смртта не не` раздели.
Дали сте советувале некој во овој поглед?